Бројам од крај на август,8 кг симнав ѕа 2 месеци и од тогаш стагнирам ви се случило ова? висока сум 170 тешка-варира 60-60,8 ,сакам до 55 да стигнам,ама не иде и не иде,се исто правам
Јас почнав со броење калории пред околу две недели, така што рано е да зборувам за резултати, меѓутоа можам да кажам дека е многу корисно за да сфатиме што и колку јадеме! Одкога почнав да следам калории си купив кујнска вага за да можам да одредам точно колку јадам од јадења како ориз, тестенини, салати итн. Брзо сфатив дека всушност јадам многу поголема грамажа него што изгледа од око, на пример тешко е да се одреди колку грама ориз има во една чаша и колку калории нели... Друг плус на овој пристап е дека со правилно забележување исто ќе знаете и колку макронутриенти внесувате, како и витамини, минерали итн. Сепак, броење калории според мене треба да се користи истовремено со некаква диета доколку сакате да симнете килограми. Сега за сега диетата не ми оди посебно добро, дневниот внес ми е голем, иако не толку голем како што бепе пред да почнам да следам. Мој совет за сите заинтересирани е да се зачлените во MyFitnessPal, да си набавите кујнска вага и да бидете искрени кога ке забележувате калории,ако не сте искрени во оние денови кога знаете дека сте внеле премногу, тогаш само ќе имате нереални очекувања за резултатите и нема да ја имате целосната корист од овој метод.. Со среќа, и пишете ако имате некакви прашања
Знае некој да ми каже колку калории има една чаша јогурт 3.2 масленост со мусли оние тропикал и едно јапонско јаболко?
На 100 гр. јогурт со 3,2 % масленост има околу 62 калории , тропикал муслите имаат околу 478 калории, а јапонско јаболко 70 калории ( па во зависност од грамажата , пресметај )
Фала за одговорот Денеска се прејадов за доручек еден сирењак го рачунам околу 360кал гранола 142кал кога се вратив од работа еден омлет со околку 300 кал и една банана и малце путер од кикирики ете све заедно ќе рачунам 250 кал значи 1052 пфф.... се прејавод и пак не стигнав до 1200кал нешто не пресметувам како што треба? ја ако продолжам вака ке се здебелам наместо да ослабам
Треба да си трпелива за да видиш резултати,не можеш да очекуваш да ослабнеш 10 кг затоа што за тоа ти е потребен голем калориски дефицит. Нормално ако се ставиш на диета прво нешто што согорува се мускулите кој за 450 грама има 600 калории,а ако се ставиш на 500 калории дефицит и тоа е 90% масти топење тој дефицит е доволен за неделно да губиш 0.5 кг масти. Во споредба луѓето што се на диета губат повеќе но 50% од тоа се мускули и 50% се масти. Тоа не е проблем за луѓе предебели,но за луѓе што сакаат да изгледаат убаво и здраво,треба време. Прочитај ја статијава. http://muscleevo.net/how-to-lose-fat-wi ... rC3v9JDvjY
http://nutritiondata.self.com/ Оваа ви е најпроверена, најточна база за податоци за нутритивни вредности на храната!
Прашање до искусни бројачи - зошто кога ќе побарам информации општо за некоја храна ми излагаат пониски калориски вредности отколку кога ќе го писам специфичниот производ? Знам дека звучи глупаво прашањево, затоа еве пример: ако побарам колку калории има во бел ориз, long-grained пишува околу 220 калории за 150 грама, додека ако побарам за истата грамажа од било кој производител (ако специфицирам) онда испаѓа скоро дупло? Истото се случува и кога пребарувам за тестенини - пониска бројка ако пишам plain cooked boiled spaghetti и на пример Grand'Italia spaghetti... не ми има логика да е до тоа кој производител го пребарувам, зашто во листата на опции има шпагети од разлилни производители со многу повисока вредност него да пишеш plain spaghetti. Значи и на nutritiondata, и на други места имам проверувано и сега стварно не знам која вредност да ја користам - разликата е скоро дупло! Ако веќе шпагетите од специфични производители се толку калорични која е поентата на тие вредности за обичен ориз или паста (демек сите овие специфични не се обични, епа кој го произведува тој „обичен“ ориз тогаш??
Па нормално ако земеш сирова храна и ја споредиш со готвена ќе добиеш разлика. Житарките впиваат вода, а некогаш дури и 2 пати од својата тежина. Затоа мери ги состојките сирови за да немаш збунувачки работи
Хмм тоа би имало логика, еве плус и конкретен пример на што мислам http://caloriecount.about.com/calories-spaghetti-i20421 http://granditalia.com/product/6-spaghetti_1 Значи зготвените шпагети на 100 грама имаат помалку калории отколку 100 грама од незготвени шпагети (претпоставувам дека таа вредност дадена во вториот линк од производителот се однесува на незготвени). Значи твојот совет е да ги измерам колку грама се пред да ги зготвам, и да ја користам калориската вредност од вториот линк, без разлика колку ќе тежи тоа кога ќе биде зготвено (сфаќам дека ќе тежи повеќе заради водата..), така?
дали овие табeли се точни доколку не се дадете ми друга која е точна http://www.gladijatori.com/%D1%81%D1%82 ... a1583.html http://boza.mk/kalkulator/
Имам апликација во телефонот ce вика MyFitnessPal и во неа си водам евиденција колку калории внесувам. Кога си го направив акаунтот внесов податоци (висина, килажа, години, активност) и со тоа ми одреди колку калории треба да внесувам дневно, во неа има над 30.000.000 податоци, дури и некои производи од наше производство, патем можеш и сам да внесуваш во базата Еве го мојот план што помина