Еве и јас се навлеков на овој сајт, не ми е досадно броењето воопшто, но проблем ми е кога внесувам колку грама од нешто имам изедено, бидејќи не мерам, но мислам дека одприлика сум тука некаде, повеќе го правам тоа од забава и контрола на тоа што јадам. Морам да кажам дека почнав да ги читам успешните приказните, на тие кои што ослабеле и навистина мотивира. Бидејќи со некои диети само си наштетив сега со ова се надевам ќе се вратам во нормала. Полека но сигурно.
Ако има некој корисник на iphone, ептен е олеснета работава. Има апликација, само го снесуваш името што си јадела и одма ти дава калори и други ставри што содржи јадењето, како витамини, протенини....Плус коа ја инсталирав апликацијата на почекот ставив граница до 1200 калории дневно и ако ја достигнеш дневата цел те предеупредува дека доста е за денес или ако внесеш повеќе шеќери од што треба... Имаш опција освен јадење, да венсуваш и ако си вежбала, си пешачела...и така ти одзема калории. Ептен е едноставно пошо само 5 секудни напишеш што си јадела и толку. Јас во последниве 3 недели никако да стигнам од бројката над 1000 калории. Убаво е вака што имаш претстава до каде можеш да идеш п.с ако ја сака некој апликацијава, нека ми пише по лп
Само за iphone, и ко секоја друга нивна апликација, не бидува на друг мобилен, пошо скроз различен софтвер имаат од останатите. На ipad i ipod исто може, ама на друго не
луѓе сакам да почнам со броење на калории ама не знам пример колку калории има 1јајце дали некој моче да ми даде линк или податоци за овошје и зеленчук колку калории има??? благодарам
Броењето калории воопшто не ми е досадно, ама проблемот ми е да ја одредам тежината на јадењето. Кога ќе ја одредам тежината, веќе пронаоѓање и пресметување на калории е многу лесно. И баш денеска ја најдов сликава: Во врска со овие ounce, само пишете на гугл: convert ounce to grams или обратно и завршена работа
Едно варено јајце има околу 70 калории, а за останатите јадења, овошје, зеленчук има податоци на овој сајт http://caloriecount.about.com/ го напиша Ариел во првиот пост, јас овој сајт го користев и го користам за да одредам колку е здраво тоа што го јадам. Само напиши го јадењето на англиски и ќе ти даде. Поздрав.
знае ли некој колку калории има 1 варен ѓеврек бидеќи денес јадев со јогурт баланс а сум на диета и ја утрав работата па дали некој знае колку калории има???
Broenje na kalorii mislam najdobro se slabeee,ali koj ke izdrzi vo broenjeto.... [mod-kirilica:9vdcbgh8][/mod-kirilica:9vdcbgh8]
Мене на мобилниот ми го дава 70 калории. Го пишувам како bagel, е сеа има разлика од нашите ѓевреци, до нивните bagel, ама мислам дека би требало тука некаде да е, нема шанси повеќе од 100. Ако ти е толку битно во диетата, прасметај го како 100 и нема да надминеш сигурно
Јас доста ослабев со броењето на калории. И јас имам Iphone, баш со таа апликација што ја спомна Алиса и ги броев. Доста ми помогна. Сабајле за доручек јадев Нестле фитнес (обичните), за ручек тоа што има дома подготвено без леб, или ако јадам леб најмногу 1 кришка и за вечера исто нестле фитнес. А помеѓу оброците, ако кснам нешто гледав на опаковката колку калории има, не ми беше проблем. Слушнав еден другар доста ослабе со овој начин на исхрана, па го пробав и јас, ми помогна. А да, и секако вежбав секој втор ден.
Сега пресметав дека денеска имам внесно вкупно 612 калории ,и ако вака продолжам брзо ќе ослабнам уште 5 кг И јас почнав да јадам нестле фитнес, повкусни се од оние на виталија.
Премалку калории внесуваш, со тоа само ќе си го забавиш метаболизмот, на организмот му се потребни околу 1300калории за да функционира нормално, толку тој дневно сам си троши, ти мораш минимум тоа да го внесуваш.
Сериозно тоа дека 1300 калории не се многу? Дека организмот може да ги потроши сам? Јас мислев 900 ама сум била веројатно грешка па ако знаеш некоја плус информација те молам пиши.
http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%B8%D0%B8 Се надевам дека ова ке ти помогне,ова е калкулатор пишува колку...објаснето е.И на крај ти покажува колку калории дневно да внесуваш,мене ми покажа 1090 калории...пробај,се надевам дека ти помогнав..поздрав
Леле колку ми се вкусни. Случајно си купив, нешто на промоција и сега секој ден со нив сум опседната. И мене ми се повкусни од оние на виталија, коа ми се јаде чоколадно овие ги јадам, а коа сакам со овошје оние на вијалија со тропско овошје, мх мх. Кој вика дека здравата храна не е вкусна Јас колку што знам дневно треба 1100 калории да внесуваш, и со движење по дома трошиш 100тина, и на крај треба 1200. А ако вежбаш, треба и повеќе.,...така мене телефонот ми вика Ама факт е дека со премалку калории полошо правиш, го успоруваш метаболизмот и незнам таму уште еден куп ставри се дешавале, забравив што ми објаснуваа...
Најдов нешто интересно на еден сајт во врска со ова. Значи може да се пресмета колку калории на ден треба да внесува една личност, во зависност од својата телесна тежина и степенот на физичка активност, преку многу проста формула. Степенот на физичка активност е поделен на : - слаба активност (седечка работа со без или малку вежби) = 1,2 - лесна активност (вежбање во просек 2 пати неделно) = 1,375 - умерена активност (вежбање 4 пати неделно) = 1,5 - појака активност и бавење со спорт (најмалку 6 пати неделно) = 1,7 - силна активност (професионални спортисти, градежни работници итн...) = 2 Е сега вака - вашата телесна тежина помножете ја со 24(бидејќи за 1 ден се пресметува)... Пр. Јас имам 60 кг x 24 = 1440 (оваа бројка помножете ја со еден од горенаведените коефициенти на групата во која припаѓате) , 1440 x 1,375 = 1980. Значи јас треба дневно да внесувам 1980 калории. Е сега ако сакам да ослабам ќе внесувам помалку и обратно...И исто ќе вежбам повеќе ако сакам да ослабам.
^Јас мислам дека во оваа формула е заборавен факторот ПОЛ и затоа сметам дека не ја бива Знаеме сите дека машките треба да внесуваат повеќе калории од женските, некаде околу 500-600 калории повеќе, а според ова се зима само тежината и физичката активност. А и според пресметкиве, со 60 кг ако внесуваш 2000 калории дневно, килцата само ќе се качуваат . Многу е тоа. Пробај да броиш на видиш дека не е возможно толку да внесеш. Еден здрав оброк ти е околу 200 калории....и да за стасаш до 2000, треба секој ден по еден хамбургер и чоколадо Јас едвај по 1200 внесувам, просек ми е 1000 на ден....
Еве го линкот од страната, тука опширно пишува за се...Иначе не може копи паст да се прави http://www.me-chitash.com/zdravje/dieti ... aseto-telo