Ај да си питам нешто, можеби е смешно ама .. Колку калории има домашно кисело млеко? И уште тоа, колку калории има домашно млеко?
Епа вака, во замена за нешто нездраво за грицкање планирам да земам нешто здраво.Во прв план ми Беше сончогледот ама дури отпосле сфатив дека и тој исто дебелее, па во количините што јас ги јадам по по, боље 2 сендвичи да сум јадела. Е сеа прашањето ми е дали семките исто дебелеат и колку отприлика калории има во една дланка?
по некој си мој режим секојдневно сум со 500 калории дефицит Со ова темпо колку килограми можат месецно да се загубат???
За да се ослабе 1кг потребен е дефицит од околу 7500 калории.Ти со дневен калориски дефицит од 500 калории слабееш околу 0,5кг неделно а месечно околу 2кг.
Но треба да знаеш дека тоа се масни наслаги,кој се тие што сакаш да ги стопиш а мускулите ќе ги зачуваш и ќе изгледаш супер и многу ќе биде полесно за после да ја зачуваш таа тежина. И плус ќе изгубиш многу вода што си ја складирала во бутините и газот исто и во стомакот и ќе се чувстуваш поенергична. Биди фокусирана на огледалото и на мерките со метрото околу струкот,стомакот,колковите,градите,вратот,рамењата,рацете и бутините. Само така ќе знаеш дали слабееш или не.
не е толку проблемот во тоа колку калории се внесуваат колку што има недоволна физичка активност. инаку внесот на калории за секој организам е различен во зависност од самиот метаболизам. нема потреба од броење на калории ако се јаде здрава храна во комбинација со тренинг.
Абе,нема потреба од броење калории,жити се тоа е како да сакаш да отидеш до лондон со авион без навигација и гпс. Не иден тоа така...
Гледам по темата, читам, и некогаш чудно ми паѓа... Еве, на пример прашањето баш над мене. Тешко е да се одреди колку точно калории има една мала пица, купена од рандом пекара. Се зависи од колку тесто има пицата, колку кашкавал, каков кашкавал, колку и какво месо има, зависи од се... И хамбургерот, и бурекот, и што било... Броењето калории и прилично сериозна работа, ако се нафаќате на тоа, најубаво е храната да си ја приготвувате сами, или да јадете нешто на кое лесно можете да му ја определите калориската вредност. Ако не ви е толку битно да биде баш точно, тогаш е во ред, ама тогаш зошто броите калории, кога можете да си предпоставите колку сте изеле
јас не знам точно да си ги избројам калориите одприлика онака само... повеке од две недели сум на строг режим (барем така ми се чини), ама еве ке напишам само за вчера и за денес пошо за останативе денови не се сеќавам шо сум јадела. вчера:доручек-банана, ручек-сендвич составен од две парчиња црн леб со кашкавал и малку риба (печена без зејтин), и вечера-салата зелка. денеска:ручек-мусли со јогурт, и пред саат време вечерата-две варени јајца, парче сирење и јогурт. многу е???