Ме мрзи мене секој ден да пишам во Ексел или Гугл Јас ги игнорирам калкулаторите,само ја внесувам исхраната и гледам од 1000 до 1200 калории да бидат на крајот од денот. Стеф,целта ми е да слабеам.По тој калкулаторот 20 калории х тежина пресметав 1400 калории вкупно,и плус 200 најмалку согорувам со вежбање,таман Кога веќе сме кај броење,еднаш засекогаш,колку калории имаат пуканки со минимално количество на масло и сол?
1400 ти е основен метаболизам. Не иди под основниот метаболизам. Ќе согоруваш мускули и не можеш да ги внесеш сите микронутриенти. Треба да си здрава индивидуа не да гладуваш...
^ Мислам дека сум го користела, или барем имам сметано потребен внес на калории со него. Калориите ми се тие, е сега односот на макронутриентите ми е пореметен малку, ама сум нетолерантна на протеини, па не смеам да г внесувам во големи количини ама тоа е секој со својата судбина.
Јас ако не внесам протеини не се чувстувам баш најдобро. Ќе се прејадам со јаглехидрати и отиде цела диета.
Јас почнав да го користам мyfitnesspal.com има и апликација за телефон. Повекето продукти веќе ги има некој внесено и само ги одбираш. Си правиш профил и како дневник внесуваш колку и како си изел, колку си вежбал итн. Мене ми се виде интересно...инаку прв пат користам вакво нешто па ќе видам како оди. Инаку сум на 1200 калории дневно, тоа е минимум. Морам да ослабам 20кг па да можам да одам на операција од кила страшно....
Баш видов дека сум го повторила муабетов my fitness app ми е интересна дека има и читач на бар кодови па се по дома скенирав
За баркодот дека работи само за Американски продукти. Јас никогаш не го користам тоа. Веќе 2 години ја користам апликацијава,ги знам сите цаки и финти