Добро јас сум во Данска и функционира и на Дански продукти. Уствари одкако ќе се скенира продуктот можеш мануелно да внесеш податоци за продуктот, тие што се на паковката така ќе останат податоците во системот. Мислам дека што повеќе корисници од македонија скенираат македонски продукти ќе бидат синхронизирани и читачот ќе ги чита. Јас веќе внесов неколку продукти сама.
Неможам да се снајдам, посебно со мерките единици кои не се приложени. Во некои табели кои ги погледнав пишува дека кравјо млеко со 3,2 % масленост 100 мл ( барем претпоставувам ) содржи 110 калории во друга 62. Препорака од веродостојна табела ? Се трудам да ослабам во комбинација со редовна физичка активност. Дневните потреби ги пресметав со калкулаторот на Фемина, уште преостанува да откријам што колку калории има, ако нели не пишува на самото пакување на производот.
Со 600 калории ќе завршиш само на клиника и ништо друго. Минимум внес на калории е 1200 и тоа без никаква физичка активност.
Го најдов ова http://caloriecount.about.com/calories- ... t-25-i1077 ...и е за 250мл една шоља 146кал. Одприлика по ова 100мл би биле 50 кал Мислам повеќе те збунив...Сега проверив и др место ми покажа 60кал, значи толку е јас би го рачунала 60кал.
Колку калории дневно треба да внесуваш за да ослабниш ако дневно согоруваш околу 300? И колку kcal има во парче пица?
На нет не можам да најдам точно, секаде различно ми кажува, колку калории има во една пржена плескавица од околу 200 грама од мешано мелено месо?
Фала бе Стефче ама мислам дека има разлика од јаболко до чоколадо па своеволно заокружив на околу 350 Мислам дека е достојна цифра на 85 грамска со чоколадно полнење, поарно повеќе отколку помалку. Мојата глупавост е понижувачка затоа ќе го сместам ова глупаво прашање во спојлер. Don't judge Спојлер Ај нешто да прашам, оти незнам во која тема е соодветно. Што е најточно калориски дефицит ? А не дека не се информирав, истражував, прогуглав, побарав ама имам нејасни работи околу тоа. Да речиме, ако моите дневни потреби изнесуваат ( на пример ) 1200 калории, дали во текот на денот треба исто толку ( или повеќе ?! ) да потрошам со физичка активност, ако се изостави фактот дека некаде низ темава некој нешто напишал ( логично, сосема логично) дека калориите ( енергијата де) ја користи и самиот организам, односно органите за да функционираат нормално со што поголем дел од калориите ( основната потреба) е и онака потрошена ? Мислам која е препораката ? Колку да се изложам дневно на физички напор ? Колку е доволно да бидам во форма, да подослабнам малку ? И колку калории во поросек се трошат со пример околу 12 повторувања во 3 серии на вежби со тежини ? Се троши нешто или работам мускул ?
^ За почеток ќе си израчунаш колку калории дневно ти се потребни, според твоја висина, тежина и физичка активност. За тоа имаш многу страни на нет, напиши Calorie calculator и ќе си видиш. Ако ти пресмета дека пример ти требаат 1600 калории дневно за да ја одржаваш моменталната тежина(тие ги губиш само со активноста што си ја навела, можеш и седење да заокружиш па пак ќе трошиш калории), значи дека треба да внесуваш помалку (дефицит) за да ослабнеш. За да ослабнеш еден килограм, мислам дека треба да изгубиш 7000 калории. Ако јадеш 500 калории дневно помалку (значи 1100 од потребните 1600), за 14 дена ќе си минус 1 kg. Ако вежбаш повеќе отколку што си навела во пресметките, тогаш ги сметаш и калориите изгубени при вежбање. Ако денес си вежбала и изгубила 200 калории, можеш или да внесиш дополнителни 200 калории, или да не ги изедеш па ќе слабееш побрзо.
Според сајтов iifym.com минимум калории за мојата возраст, висина и тежина (23 години, 173 цм и 62 кг) се 1747 и тоа без никаква физичка активност. Баш прееска пресметував од прилика колку калории употребувам на ден, ми излезе околу 1000 (некогаш повеќе, некогаш се случува и помалце), плус секој ден вежбам по 40тина минути. Сакав да прашам, дали навистина овој сајт е веродостоен? Да дополнам, за денес до сега внесов приближно 557 калории. Проверував и на друг сајт и според мојата физичка активност и останатите карактеристики потребни ми се 2200 калории за да ја поддржувам оваа тежина. e како да стигнам до оваа бројка?
^ Дали броиш калории редовно и си сигурна дека секојдневно внесуваш по 1000 калории? Тоа е многу малку на толкава физичка активност и по ова би требало да слабееш. Дали губиш на килажа? Ако не, тогаш сигурно внесуваш повеќе од 1000 калории. Многу често не броеме грицки, сокови, кафиња кои ги јадеме и пиеме од нога а во нив се кријат многу калории. Инаку немам објаснување и нема логика да јадеш толку малку, да вежбаш толку многу а да не се одразува на килажата.
Што може да се случи доколку гладувате (не сакајќи) : -Ке сте многу гладни и ке изедете се можно што вие при рака.Првин ке испиете чаша јогурт потоа уште една со корн флекс,потоа ке испиете чаша млеко со какао и подоцна ке изедете 2 пржени кришки.И како шлаг на тортата ке се почастите чаша сок. Честито нека ми е,за 2 часа внесов 1000 калории,браво за мене. Не сакам стварно да ги избројам,повеќе од 1000 ке излезе.
Не броjам редовно, денес прв пат уставри, ама од прочитаното колку калории содржи одредена храна, наjчесто толку внесувам. Иначе многу ретко jадам брза храна, дали еднаш или два пати месечно, многу калорични кафиња не пиjам, некогаш само кафе црно со 20тина мл млеко, не jадам месо воопшто, ниту пак пиjам газирани сокови, некогаш само чист сок од портокал... Благо jадам, денес не jадев, па затоа не пресметував, ама неколку пати неделно по 50тина грама колачи или сл нешто jадам. Како може да се постигне 2200 калории на ден, а при тоа да се запази внесот на хранливи вредности?