3 пати неделно тежински цело тело. https://www.youtube.com/watch?v=rmmkghnRxBg Одговорот на твоите прашања. http://karas4training.com/mk/news/kako- ... ni-naslagi
Jas go simnav I neznam kako funkcionira. Misli misli,stisni vamu tamu I nesvakam mizlea sum laik nisto nesvakam
Jas go simnav I neznam kako funkcionira. Misli misli,stisni vamu tamu I nesvakam mizlea sum laik nisto nesvakam
Jас се зачленив на саjтот кој што Ariel во првиот пост на темата го даде и ете вчера за прв пат во животот броев калории. До крајот на денот испаднаа 1754, неможев повеќе. Многу ми се допадна кога го заокружуваш денот, ти дава табела на колку витами си внел, колку масти и слични вредности, што е супер, и плус обjаснување што е што и од каде може да се добие одреден витамин на пример. Рано е да се каже дека се навлеков, ама сепак, мислам дека ќе продолжам со пресметкиве, така сигурно ќе си jа контролирам желбата за благи работи.
Сто да напишам кај Current weigh height -feet-inches Како кг да претворам во либ и цм во инчи инаку имам 160гм и 61кг сакам 56 кг да стигнам. Фала
^ имаш опција таму да ги смениш тие мерни единици со цм и кг, доколку не, можеш да конвертираш преку гугл, на пример convert cm to inches, и веднаш ќе ти даде табела, ти ќе си jа внесеш висината во цм, а калкулаторот автоматски ќе jа конвертира во инчи.
Ова броењето на калории е разбркана работа Значи на телефон ја имам myfitness pal,а зачленета сум и на caloriecount.about.com,плус како извор на информации ја користам nutritiondata.self.com. Сите 3 страни/апликации различно кажуваат за ист продукт,мислам дека треба од некоја да си одлучиш и само една да гледаш. Инаку Мy fitness pal скенира македонски продукти,ама ептен малку,ете јас имам додадено неколку.Мене ми пречи што не ја дава точно нутритивната слика,така да се информирам од разни други. А секоја држава си има своја Food Database и на секоја иста храна има различна калориска вредност,па оди ти мисли
^ На calorie count страната можеш и самата да си додаваш производи, не мора да го скенираш бар кодот. Јас додадов неколку и вредностите ги пополнував од пакувањето на производот и така би требало да биде најдостоверно. А останатите производи, како зелка, јајца и др. кои што немаат етикета на нив, ги барав дали преку сајотот или воопшто преку гугл и ако малце се разликуваат вредностите од едно до друго место им наоѓам некој си нзс. Сигурно нема ништо да биде ако ставам калорија плус или минус.
Читам дека некој додавал бар кодови од производи што ги нема, може да ми кажете како? пробав и никако да најдам како и страшно ме нервира конкретно за на myfutnesspal ми треба, не е лоша апликацијава ама сакам да додадам што е можно повеќе бар кодови
Го скенираш бар кодот на производот,ако го нема одиш create new food и додаваш :име на производот,фирмата која го произведува и табелата на нутритивни вредности што ти е позади на амбалажата.
Јас тука најчесто ги бројам калориите ,секогаш ставам плус 100 на кој и да е оброк подобро да бројам дека повеќе сум изела неголи помалку . Има ли некој со претходно подготвено мени од 1200-1500 кал да споделиме .? http://www.fitnessdnevnik.com/hrana.php ... &id_kat=25
myfutnesspal е супер апликација, јас таа ја користам. Имам додадено неколку артикли со скренирање на бар кодот што ги нема. Според физичката активност, висина, тежина и тоа колку килограми сакам да симнам, ми пресмета дека дневно треба да внесувам 1200 калории. После доручеков, ми остануваат уште 925. Па ќе видиме како ќе оди. Малку имам проблем со физичката активност, затоа што немам поим колку трошам. Барам на интернет, ама секаде различни бројки наоѓам. На пример, мене физичката активност ми се состои од 10 километри статичен точак и 45-60 минути пилатес на секои два дена. Тоа поим немам колку калории троши, за да знам да си внесам во табелата Освен тоа, за точакот секаде е пресметано во минути, а јас се раководам според километражата.
Мене ова со препознавање бар код ми стана интересно, па чисто од забава почнав дома да снимам бар кодови и да видам кои ги има Минус за Бимилк што ставиле ист бар код и на киселото млеко Баланс и на јогуртот. А немаат ист број на калории, масти и други работи Јас го јадам киселото млеко секој ден, ама обично во листава си ги внесував калориите преку quick add calories. Денес ми текна да го снимам бар кодот, го препозна, ама го најде како Баланс јогурт (со сосема други бројки).
И јас истото го правев.После ми заглави апликацијата и не сакаше да скенира,па ја бришев и инсталирав 3 пати,битно сега работи Туку сакав да прашам за myfitnesspal,дали има логика,јас од 67 килограми до 61 да стигнам,да треба да конзумирам 1860 калории на ден,плус повремена активност? Бидејќи мене ми стојат многу,јас не јадам толку,ама чисто да си знам?
Јас имам бројач на калории на компјутерот. Ако некој го интересира за некое јадење нека каже. Еве за некој чести јадења * Сендвич - 252 калории, 12.08 маснотии * Леб (парче со обична големина) - 69 калории, 0.86 маснотии * Сладолед (една чашка) - 267 калории, 14.26 маснотии * Млеко (една чаша) - 122 калории, 4.88 маснотии * Јогурт (една чаша) - 243 калории, 2.82 маснотии * Сирење (едно парче) - 84 калории, 6.46 маснотии * 1 домат - 22 калории, 0.25 маснотии * 1 јаболко - 72 калории, 0.23 маснотии * 1 банана - 105 калории, 0.39 маснотии * 1 пица - 420 калории, 18.00 маснотии * 1 парче пилешко - 33 калории, 1.89 маснотии * 1 порција компири - 130 калории, 4.00 маснотии * 1 лимунада - 10 калории, 0,03 маснотии * чоколадна торта - 220 калории, 9.70 маснотии
Зависи на колку кг неделно го имаш ставено и што имаш ставено во извор на активност. Ако си умерено активна а сакаш да губиш околу 0,6 кг и помалку мислам дека е отприлика точно. Инаку јас пак заглавив на бар кодовите никако не ми појде од рака да внесам нови значи се е во ред до моментот со add new food и внесувам се име на производител, продукт, после и сите тие податоци што ги има во табелата ама следниот чекор што треба да биде да се направат податоците public не ми ја дава на телефон да не грешам пак некаде?
^^^Вака без грамажа некако на "диво" ти се напишани калориите. Зависи што има во сендвичот, пицата, која грамажа, состојки. Мината недела правев торта и ги собрав калориите од сите состојки и ми излезе околу 6000 калории. А тортата беше само со еден пандишпан, еден слој фил и шлаг одозгора. Мала торта, тава број 23. Едно мало парче, една шеснаестина е повеќе од 350 калории, па уште еден спрат да имаше сметај колку е. Затоа не можеш така да се водиш за готвените работи.
А од каде ти е листава? Затоа што многу зависи на пример сирењето дали е овчо, кравјо, мешано, колкава е пицата и што има во неа, компирите дали се пржени, варени, печени, лебот дали е црн, бел, со рж, или со некои додатоци (на пример путер, маслинки), а кај чоколадната торта највеќе може да варираат калориите. Јас на интернет барам број на калории за зеленчук/овошје и некои такви работи. Инаку, денес кога возев точак си мерев минутажа (секогаш мерам километри), ми испадна дека горе-долу 10 километри ги возам за 30 минути, без да ги бројам трите паузи што ги правам за да здивнам. Ги внесов во апликацијава и ми покажа дека сум потрошила 181 калорија. Вечерва планирам и една пилатес сесија да направам, ама за тоа којзнае како ќе ги избројам калориите, зашто многу зависи од типот на вежби. Може нема ни да ги внесам, зашто апликацијава и онака ќе ми покаже дека сум испод препорачаните калории. Па ќе ми дава предупредувачки белешки дека го изгладнувам телото, а нема врска...