Не е само да гориш калории. Треба тие калории да создаваат нешто пример мускули. Мускули се создаваат со отпор. Повеќе мускули = повеќе калории трошење при ништо не правење. Со 5 кг повеќе ќе накачиш 100 калории без никаква мака.
Здраво феминки. Што мислите, колку е оптималниот број на калории кои треба човечкото тело да ги внеси во текот на денот. Јас знам дека тоа зависи од висината и од килограмите, но донекаде за жените тој број треба да изнесува од 1300-1500, а за мажите од 1400-1600.
Нема оптимален. Се држиш за некоја бројка и ако гледаш резултати продолжуваш напред. Треба трпение. Само ако броиш калории не значи дека ќе ослабнеш.
Дечки, ви дава вас notes на myfitnesspal? Нели се смени малку изгледот на апликацијата после апдејтот, ама сега приметувам дека не ми дава белешки. Порано на пример ми излегуваа зелени белешки ако има многу витамин ЦЕ храната, па ми пишуваше good choice. Или жолти предупредувачки белешки ако има холестерол во таа храна, масти и слично. Сега ништо не ми пишува
Барав низ опциите да не може да се активираат, цела апликација ја превртев, ама ништо не најдов А баш беа практични, затоа што нели - не е целата работа само во калориите, туку убаво е да знаеш и до кое ниво на шеќери и масти треба да се придржуваш и слично.
Девојки,колку калории има во едно пециво (без салама и такви работи)? Обично бидејќи сум на работа за доручек јадам пециво и мала чашка баланс,и потоа дома или ручам само салата (најчесто шопска) или воопшто не ручам.Моето јадење завршува во 16 часот и потоа не јадам ништо.Дали тоа е многуу? Колку калории се отприлика? Ви благодараммм
Пециво замени го со интегрален леб и пилешко. Подобар избор и повеќе те сити. Или тортиља со зеленчук.