Малце калории се тоа . На секоја супа од позади на пакетшето и пишува колку калории има ,на секоја е различно ,би требало еден тањир околу 60-70 калории да е. Јаболка од 70-120 калории исто и портокал Можеш слободно да внесеш уште храна на ручек на пр.варено или печено пилешко и плус супата и салатата .Доручекот не го прескокнувај !
Ако ова го јадеш секој ден, без поголеми промени, ти дали внесуваш едвај 500 калории дневно - тоа е премалку! Одиш во школо, учиш, физички си активна, реално на 17 години ти уште и растеш, верувај дека може да си направиш голем проблем со вакво гладување! Ти би требала да внесуваш минимум 1000 калории дневно! Пилешко месо, варени јајца, малку сиренце, риба, овесни снегулки, се се тоа релативно ниско калорични јадења кои солидно најадуваат.
Едно прашање - дали правам грешка ако после вечерата скоро и да немам никаква активност, ама се држам во границите на препорачани калории? Значи после доручекот вежбам, после ручекот шетам или имам други активности, ама некои денови после вечерата времето го искористувам седната во фотелја. А вака математички пресметано не одам над препорачаните калории.
Дневно доволно е да потрошиш пола саат до саат на вежбање зависи и од тоа што вежбаш. Нема потреба посе секој оброк ти да вежбаш.
Значи ако неделно си во калориски дефицит од 3500 калории кое може само со исхрана да го правиш ќе изгубиш килограми. Запомни дека мускулите им требаат одмор за да се создадат. Повеќе не е подобро.
На туната би требало да пишува мислам дека малата има околу 200 калории Мене ме интересира дали некоја знае колку калории има палента, кај мене на пакувањето не пишува
Прашање - препорачаните нутрициски вредности во my fitness pal се менуваат во зависност од вежбањето? Зашто мене на пример препорачано количество на протеини ми е секогаш околу 60 грама, ама денес кога отворив nutrition ми пишуваше 90
Не постои ниκаκво пρавило κога и меѓу κои обρоци тρеба да се вежба. Еве на пρимеρ јас вежбам два до тρи пати во денот, независно дали вежбам навечеρ или наутρо, бρојот на потρошени κалоρии е ист. И едно пρашање, κолκу κалоρии има во 100 гρама смоκви?
Сакав да прашам дали пуканките имаат многу калории ? Јас обожавам да ги јадам, а преска другарка ми кажа дека многу дебелееле...
^ Зависи и со колку масло ги правиш, дали користиш сончогледово или маслиново, а ако ги комбинираш со путер можат да бидат и многу калорични. Јас ги правам и без масло, само сол, така имаат најмалку калории. Од сите грицки ми се чини пуканките се најздрави
Еве еден сајт каде што можете да си броите калории, да водите еден вид онлајн дневник за исхрана, активности во текот на денот и еден куп други работи. Јас планирам од утре да почнам па ке видиме некое време како ќе оди Сајтот е fitday.com
Дали сувите смокви имаат вештачки засладувач или сами по себе се благи и колку калории имаат ? Исто така дали знаете колку калории имаат урмите ?
На 100 грама суви сливи има 213 калории, а на урми 100 грама 284. И колку што знам немаат засладувачи никакви, но ако сум грешка нека ме поправат другите