Океј, океј не реков јас ништо, само мое мислење. Има 28362 страни и статии каде има различни информации во врска со ова колку треба и како треба, а наше е да одлучиме на што ќе веруваме
И мене ми се многу релативни ваквите коефициенти и пресметки Калории, телесна маса, слабеење....Индивидуално е за секој, а плус генетските предиспозиции и самата конструкција на телото имаат огромна улога. Некој качува телесна тежина со тоа што ја зголемува мускулната маса, вежбајќи редовно и земање на храна богата со протеини, а некој ќе се натрупа со масно ткиво и целулит по бутовите и стомакот...Пишуваше во весник пред некој ден за една пејачка дека кога почнала да јаде обилно и да вежба градите драстично и пораснале, па од прслук број 75 преминала на 90-ка Не знам како успеала во тоа.Ако така се зголемувале гради сите ќе јадеме и ќе вежбаме и ќе бидеме секс бомби,а и силиконите никој нема да ги става Се е индивидуално...Познавам луѓе што страшно ригорозни диети држат и тоа долг временски период, а немаат видливи резултати (зборувам за луѓе со прекумерна телесна тежина, што не само естетски ги гази, туку и здравстевно...)
Леле знам дека се малку, и јас дневно гледам веќе да внесувам од 1000 до 1200 калории, но ете тој ден внесов само толку и искрено не бев гладна, ама имаш право метаболизомот ептен ќе ми се забави, и пак ќе неам резултати
Дневниот внес на калории да не биде под 1200. Зошто? Работа на срце-144 kcal работа на бубрези-144kcal работа на црн дроб-276kcal мозок-276kcal мускули-360kcal Значи се што е под ова е лошо за здравјето.
За сите диеталки, мора да прочитате барем дел од овие приказни, мене сосема ми го променија начинот на размислување во врска со диетите. http://caloriecount.about.com/success-stories-bc2 Погледнете преобразба http://caloriecount.about.com/getting-m ... ck-b501210, не може да е иситата личност или
Калории значи, сакам да прашам дали некој знае колку калории содржи, на пример, осмина бурек (колку што јадам).. или 2 парчиња пица... Бидејќи, сакам да се придржувам до некоја диета, но никако да издржам.. така да, се откажав.. сега ќе почнам да си ги бројам калориите ако има некој кој ги знае овие рботи.. нека каже.. ИМА ИЛЈАДА ЈАДЕЊА КОИ МИ ТРЕБААТ!
Хелло дали некој мозе да ми казе страна каде ги пишува калориите на секоја храна,по мозност странава да биде на мекедонски ?
еве една нутрициона листа која ја најдов од еден форум ке ја ставам во спојлер може на некој ке му користи Спојлер www.bodybuilding.com.mk/index.php?option...id..
храната и калориите кои таа ги содржи Храната по групи и нивните калории ( она 100 означува грама) Зеленчук 100 кисела зелка 12 калории 100 свежа зелка 22 калории 100 зелена салата 14 калории 100 грашок 67 калории 100 спанаќ 12 калории 100 боранија 28 калории 100 свежи краставици 14 калории 100 кисели краставици 10 калории 100 свежи пиперки 22 калории 100 кисели пиперки 15 калории 100 тиква 15 калории 100 тиквички 15 калории 100 моркови 36 калории 100 шампињони 16 калории 100 домати 39 калории 100 печен компир 121 калории 100 варен компир 70 калории 100 помфрит 264 калории Овошје 100 лимони 43 калории 100 праска 37 калории 100 јагоди 26 калории 100 цреши 48 калории 100 вишни 41 калории 100 дињи 24 калории 100 лубеница 21 калории 100 јаболка 52 калории 100 круши 46 калории 100 сливи 50 калории 100 малини 36 калории 100 грозје 70 калории 100 портокали 43 калории 100 киви 50 калории 100 банани 81 калорија Благо 100г шејкер 400 калории 100 г бонбони 386 калории 100 г млечно чоколадо 528 калории 100г еурокрем 538 калории 100г млечен сладолед 157 калории 100г овошен сладолед 122 калории 100 г наполитанки 472 калории 100г мед 302 калории Пијалаци црно вино 74 калории бело вино 79 калории пиво 45 калории билни чаеви 1 калории сок од јаболко 48 калории сок од боровница 50 калории кока-кола 42 калории сок од лимон 34 калории браво мултивитамин 27 калории минерална вода 0 калории 100 г кафе 287 калории Месо сланина 620 калории свинско мелено 292 калории виршла 296 кслории шунка 428 калории јетрена паштета 314 калории Тестенини леб 230 калории двопек 380 калории интегрален леб 205 калории варени тестенини 164 калории варени тестенини со јајца 184 калории варен бел ориз 106 калории Млеко и млечни производи млеко 3,5 масти 64 калории млеко 1,5 масти 47 калории кисело млеко 196 калории јогурт 3,5 масти 63 калории јогурт 1,5 калории 44 калории свежо сирејне кравјо 78 калории
храната и калориите кои таа ги содржи Уфф конечно некоја тема за броење калории,сега веќе нема потреба за пребарување по милион страни по секој оброк
храната и калориите кои таа ги содржи јас ги најдов во една книга и така јадма и си прма планер.Знам муслите насабајле што ги јадам се 30 калории и витановата не ја пишав таа е 110 калории.Па јади и без гајле ќе знаеш колку ќе внесиш
Има еден калкулатор на македонскиве веб страни кој што покажува колку е нормално за внесување за одржување на тежината, колку за слабеење и колку за дебелеење ...ама не можам да го најдам не знам каде го видов Ако некој знае ... ? П.С. Не е на фемина.мк
Да знам дека има на фемина баш и пак пресметав ... ама малку се 850 калории ако сакам да ослабнам страв ми е да не си го зезнам организмот, а морам 4-5 кг да ослабнам, од тие витамини и глупости што ги пијам се здебелив последниве месеци
Еве уште еден инетересен сајт за броење калории, кој вклучува истовремено и табели со калориски и нутритивни вредности на поединечни намирници и содржи 26 теми на прашања, кои често си ги поставуваме за време на држењето диети и броењето калории: http://www.dijeta.net/phpBB/viewforum.php?f=19 еве го линкот за таблицата со калориски вредности: http://www.dijeta.net/tablice/tablice.htm И за секоја категорија на намирници иам посебни табели, пример за овошје: http://www.dijeta.net/tablice/voce.htm месо и месни производи: http://www.dijeta.net/tablice/meso.htm итн.
Супер се таблиците Геа, особено затоа што ги има традиционалните балкански јадења, за разлика од странските сајтови каде што треба да импровизираш. Инаку не би требало да се внесуваат помалку од 1200 калории дневно, макар тоа и да значи поспор напредок кон посакуваната цел. Сепак, здравјето е најважно.
Многу ти благодарам Ариел сега можам да му кажувам на брат ми што да не јади . Секако мене не ми треба јас сум слаба со полнети нозе (среќа што не сум слаба во тоа)