Абе како се вика на мекици,оние пржените со сирење внатре? Јас во My fitness Pal ги бележав како Indian Samosas бидејќи се отприлика исто,ама сигурно постои збор,ме интересира што калории се.
И двете ги означуваат калориите само што kcal (килокалории) повеќе се користени за разлика од kj (килоџули) кои се алтернативна мерка за енергија и помалку се користи. 1 kcal e еднаква на 4.2 kj.
Jas odrzuvam kilaza so broenje kalorii. Taka imam prestava kolku kvalitetno se hranam. Mene licno mi trebaat okolu 1250-1300kal. Veke napamet si znam koj proizvod kolku kal imaa i ne mi e se edno koga jadam gluposti za 300kal, a potoa manjkam vo pametni raboti za tie kal. So broenje na kal navistina imas prestava sto jades i kolku toa e dobro za tvoeto zdavje. Se razbira vezbam 4 pati nedelno po 35-40min. Rezultat; netreba da se krijam vo crna obleka sekoj den.
Мислам дека не постои прехрамбен производ за кој што не знам детални нутритивни вредности, а за физички вежби горе долу исто знам колку калории се трошат..од неодамна разбрав дека на сквош најмногу се трошеле калории..мислам дека има во ск само не знам точно каде ..ако знае некој нека пише ..
[QUOTE="mackica1, post: 2358715, member: 51588"мислам дека не постои прехрамбен производ за кој што не знам детални нутритивни вредности, а за физички вежби горе долу исто знам колку калории се трошат..од неодамна разбрав дека на сквош најмногу се трошеле калории..мислам дека има во ск само не знам точно каде ..ако знае некој нека пише ..[/QUOTE] Има под кале, тука по патот за кај лизгалиште, од лева страна.. Не знам баш убаво да ти објаснам ноќе беше па ништо не видов пред очи, ама баш ми падна во очи затоа што и јас одамна сакам да идам, но ми се чини дека беше околу 450 денари од саат, што е навистина скапо за мене па си отидов без бројче и не знам ни како се викаше местото. Ако некој знае, се надевам ќе ти пишат
Ете гледаш не сум се сетила на таа опција. Ниту пак "глупердава" која ја креира темава. Да се лишиме од оф топици, нека не ве обзема мрзата прашувачите, а вие "паметните" воздржете се од дофрлувања. Како се брои јајцето ме интересираше, во пржено или во печено. Оти конкретново е микс од белка од јајце, засладувач и дозерка протеин. А масло не користам, мене на делимано не ми лепи ич така да..
Многу сум задоволна од Фитнеспал. Јас си сакам да си јадам тоа е вистината, ама кога ќе видам колку вистина сум изела чуствувам вина и се запирам. Е сега тешко е ако јадеш во ресторан или на гости па дури и ако сам си зготвиш на пример мусака. Еве јас имам нормално 62 кила со желба да имам 60. Арно ама пред некое време се здебелив и си дојдов полека ама сигурно на 65 и неможев да мрднам. Едноставно не ми беше јасно зошто иако внимавам пак вагата не го регистрира мојот напор. И си се уклучив на фитнес пал и за 4 дена симнав 2 кила. Сега сум 63 и имам уште шанса да подослабам уште 2 или 3 до одмор. Факт е дека тие кила кога треба да се мрдне од стабилната килажа се најтешки за губење. Дополнително вежбам скоро секој ден за да потрошам 150 до 250 калории. Друго нешто што ми помогна на мене е што веќе една недела не конзумирам воопшто рафиниран шеќер. Тешко ми е не викам не ама немам кризи за благо како што мислев дека ќе имам. Шеќерот навистина ми е голем непријател. Се надевам дека ќе успеам во борбата против шеќерот и дека набрзо ќе ви се пофалам со 60 кила покрај базен.
Лубеницата има 20 калории што значи дека воопшто не дебелее(но во едно резне незнам колку би можело да има) иако е блага тоа се природни шеќери и се друго останато од овошје како и зеленчукот не дебелеат,можеш слободно да си јадеш кога сакаш и колку сакаш