Фала многуу A можиш ли да ми кажиш колку калории има 1 парче пица,1 порција шпагети,ѓеврек со јогурт,баничка со месо,1 увијач,плескавица и 5 кебапчиња?
Женски, дали има некоја апликација која има и нешто од нашава кујна, се уморив веќе од посебно пишување, пример за летна манџа ама потпржена малку или пинџур, секој различно го вика, морам да запишам fried peppers, fried tomatoes бла бла бла. За палента со зеленчук морам посебно палентата да ја наведам како cornmeal mush, посебно зеленчукот внатре... Хелп П.С Јас со броењево калории сфатив дека внесувам едвај половина од потребната дневна вредност, а се чудев зошто сум постојано без енергија, без мотив иако пијам витамини, вежбам, а и си јадам нормално.
Во tablica kalorija dijeta.net има за готвени јадења како мусака сарма.Пинџурот го рачунам како ајвар 100калории а исто така и пачентата е нискокалорична околу 100калории провери во табелата.
Се враќам на броење калории.10дена бев на ун нема резултат најверојатно организмот ми е навикнат на помалку калории од претходно,со ун ги зголемив и затоа немаше успех.Брои ли некој калории?
fatsecret.co.uk јас си бројам тука, можам да си додавам мои производи кои ги користам и од се само грамажа внесвам и ми препачунва калории зошто со мојата „јака“ математика цел ден пресметвав порано Си ставаш дневни калории (првично ко ќе пополниш инфо за себе ти препачунва колку треба да внесуваш дневно ама ако сакате можите да зголемите/ намалите) Сега ќе почнам да ги рачунам и неделно зошто ми се ближат родендени, пикници па да можам во тие деној поќе да си дозволвам и да намалвам во други
Нова сум овде не се разбирам баш во ова . Може ли да ми кажеш како се вика апликацијата зошто имам ајфон . И бесплатна е апликацијава или ?
почнав со броење калории ,внесувам до 1200 калории, ја користам табелата на dijeta.net, има ли некој друг што ја користи?
Јас ја користам,исто внесувам 1200кал и ослабев 3кила за 1 недела,ама се враќаат.најдобро да внесуваш до1500кал долготрајно
ако не се внимава со која било диета се вракаат! Неможам да се откажам од некои јадења и затоа ми пропадвеа диетите , вчера јадев бурек 700 калории, плус две чаши јогурт 200 калории, плус три портокали! и се најадов како човек до 1200 калории
Многу смешна работа ми е броење калории. Плус опсесивна. Не се прејадувајте едноставно, а не да си го мерите секој залак.