^ Немам купено уште правам план за утре. Повеќе од 250 калории во една чинија би требало да има? Или 500?
Зависи од видот на сирењето и од големината на парчето. Во 100 грама мешано сирење од Здравје Радово има 274 калории што не е страшно. Најкалорично е чинам биеното сирење додека фетата има најмалку калории. Пример, во оваа фета на Президент има само 210 калории на 100 грама а е баш убава и вкусна.
@Dabria, во еден среден компир има 160 калории додека една супена лажица масло брои 120 калории. Ако порцијата е составена од три компира и две лажици зејтин, 700 калории од оброк не ти бегаат
Дечки, постои апликација за мерење на калории. Јас ја користам S Health, и скоро за сите состојки има колку калории има. Исто и за други ствари е интересна апликацијата.
Не бројам, ама ме интересираше пред некое време да видам колку внесувам отприлика. 2700 испадна за тој ден, а пак никако да се здебелам. Изгледа некоја луда среќа ме следи иако не би ми пречеле 5-6 кила мевце на коскиве
Здраво феминки, јас веќе две недели бев на диета или како и да се каже тоа, 3 дена бев на компир диета ако не јс знаете се јаде по еден варен компир за доручек ручек и вечера проследени со јогурт меѓутоа мене ми скисна да ги јадам и за вечера само јогурт пиев и унасав околу 200-300 калории дневно исто така пешачев по 4/5 км и вежбав 45 минути после тие 3 дена се хранев со поразновидна здрава храна и пак унасав околу 400/500 калории со вежбање и пешачење исто, после тие 3 дена пак ја повторив компир диетата и после пак продолжив со разновидна исхрана,денеска требаше да ја почнам пак и изедов еден компир и чаша јогурт ама многу ми се вртеше и знам дека воопшто не е здрав тој начин на исхрана ама јас многу тешко слабеам и трошење помалку калории отколку што внесував ми беше единствено решение. Осеќам дека немам сила веќе а и гадни ми се компирите и сакам да прашам дали со таа физичка активност и јадење овошје на сабајле, за ручек вообичаено што е направено и вечера пак овошје, дали ќе ми овозможи тоа брзо слабеење?
Јас така ослабев, пред тоа пробував и јас како тебе, па завршив на инфузии од премало количество на храна и никакви витамини. Потоа памет доаѓа..станував пиев топла вода со лимон после половина час, овошје, смути си правев, некогаш житарици со чаша јогурт или млеко обавезно, после ке гледаш ручекот некаде кај 3ипол 4 да ти е, ако ти се пријаде после 6-7 часот само салата и обавезно многуу водаа. И ако имаш можност уште поубаво вежбај наутро пред да појадуваш.
Јас не би ви препорачала да броете калории, бидејќи не е толку важно колку калории внесувате како од каде тие доаѓаат. Многу е важно да избирате храна според тоа што му е потребно на вашето тело. Ако го правите тоа, и сте доволно активни, килограмите сами ќе изчезнат.
Јас не броев калории, само и кажав моја препорака како јас ослабев, се знае ке вежбаш ке се припазуваш на храна, леб благо газирано да се сведе на минимум, а се остана во нормални количини зошто се му е потребно на организмот за да функционира нормално
sto ke tie aplikacia koga mozes sama da si gi sredis brojkite. 1 gram protein = 4 kalorii, 1 gram hidrat = 4 kalorii i 1 gram masti = 9 kalorii. kaloriskite tabeli mnogu lazat taka da nema da ti izlegva tocno. 100 rama pilesko sodrzi 22grama proteini, vo 50 grama ovez imame 30grama hidrati i 50grama lesnik 30grama masti. 22:4=88kalori. 30:4=120 i 30:9=270. vkupno 478 kalori.