eve eden kalkulator sepak probaj i sonego gore dolu tuka ke kazi https://www.freedieting.com/calorie-calculator
Не знам, а ни овој што го користев порано не постои веќе. Баш ми беше жал што го укинаа, имав многу податоци таму, цела историја на слабеењето.
Неможиме да знајме нашиот организам колку калории ќе потроши а калкулаторот неможи да знај ние какви тренинзи правиме,колку калории ќе потроши организмот за време на тренинг, што ќе врати после тренинг. Нашето тело има способност протеинот да го конвертира во енергија ако е потребно. Се број само дневниот внес на хидрати, масти и протеини. На сабајле и пред спиење не се јадат хидрати туку хидратите се заменуват со масти и протеини. На сабајле е битно инсулинот да остани низок. Ако на сабајле јадиме хидрати, се крева инсулинот и оксидациата на телесните масти се стопирва кога имаме присуство на инсулин во крвта и телото стој во место, не слабеј а воедно се внесуват ниски калории кој без потребно се бројат а не се гледа изворот на калориите. На сабајле на пример вариш 5 белки и пиеш една чаша јогурд или млеко и ги бројш протеините од јајцата и од млекото или јогуртот. Помеѓу оброк една шака ореви или лешник и броеш количината на масти на таја грамажа што ја јадеш. Ручек имаш батат компир и пилешки стек. Мериш на вага колку гр. компир ставаш и колку гр. пилешко месо. Броеш протеини од месо и хидрат од компир. За вечера риба. Броеш протеини и масти. На крај сметаш во денот колку гр. протеини си внесила, колку гр. масти и колку гр. хидрати. Пратиш напредок на неделно ниво. Само вака ќе можиш да бидиш точна со храната. Во оваја исхрана имаш околу 1800 калории доколку ги броеш а вагата оди драстично надолу поради нозок внес на хидрати. Можи и да внесуваш 1000 калории кој ти ги израчунал калкулаторот и пак да се дебелееш поради не внимавање на внесот на празни калории и терминот на исхрана. Како што спомнав погоре, доколку се крени инсулинот, џабе е тешкиот тренинг кога оксидирањето на телесните масти е стопирано.
a Благодарам многу за одговорот, сега ми се разјаснија некои работи. Но, да не заборавиме дека хидратите се многу важен и основен извор на енергија. Не сум компетентна да зборувам за темава, немам некои познавања, но од тоа што сум истражувала и го знам за сега, за губење килограми, битно е да си во калориски дефицит, значи сепак внесот на калории е важен. Претпоставувам, овие работи што ги објасна се важни за луѓето кои се занимаваат со боди билдинг, за изградување, оформување мускулна маса, ако не грешам. Бидејќи имав мени од нутриционист, конкретно, насабајле во оброкот обавезно имаше хидрати, на пр, овесна каша, просо, хељда со зеленчук, ужина овошје, ручекот месо/риба, зрна, компир/ориз, ужина некое овошје, вечерата беше половина од оброкот, се сеќавам мораше секој ден да се јаде во одредено време, точно по саати.. Многу различни се ставовите, мислењата на темава, искрено човек да не знае на што да верува, каде се стекнуваш со познавање, информации за ова? баш би сакала некој линк од сајт, сакам повеќе да се едуцирам околу ова, бидејќи ми стана голем стрес и измачување :/
Не се измачувај да сфатиш што треба и како треба. Секој организам е различен, некој може да јаде овошје за појадок а на некого може да му смета. Види како ти одговара тебе. И немој да намалуваш јх и те како се важни. Нема ништо лошо ако за појадок јадеш овесни, парче интегрален леб или тонус. Она што е важно е да се исфрлат грицки, благо, сокови, слободно јади се друго, но умерено. Важно е порциите да ти се помали и да има доста зеленчук како салата. Исто пиј вода и вежбај. Сигурно ќе имаш резултати. Јас ја користев MyFitnessPal на почетокот за броење на калории. Но, сега веќе не, нема потреба да се замарам со тоа ако имам контрола што јадам и ако вежбам.
Благодарам за одговорот. Бројам калории скоро месец дена, на исхрана внимавам, односно да сум во калороски дефицит и јас ја користам myfitbesspal, исто така, вода пијам многу, благо, грицки, сокови не конзумирам одамна, леб интегрален само и тоа многу ретко како и тестенини. Исто така и ретко јадам млечни производи, а ако јадам тоа е урда, јогурт најчесто и многу многу ретко сирење или кашкавал. Имам работа со седење, значи 12+ саати сум пред компјутер, а вежбам по 20 мин, што е малку, повеќе пешачам околу 10км или трчам. Искрено немам видено некоја голема разлика или промена. Немам прекумерна тежина, не ми е тоа битно, 157 со околу 55 кг сум отприлика, но промена не осеќам во смисла да имам ослабнато некој од "критичните делови", сакам да се зацврстам и зато ова со калории, начин на исхрана и сѐ тоа ми е сега голем стрес бидејќи не можам многу да се посветам на физичката активност, иако барем 3 дена неделно ја имам,но не е многу и доволно.
То што ти пишав нема веза со фитнес. За качување мускулна маса хидратите одат драстично високо 5грама хидрат на 1кг телесна тежина. Примарен извор на енергија се хидратите а секундарен(заменски извор) се мастите. Пак ќе спомнам, на сабајле чим се качи инсулин, невозможно е оксидиранје на телесни масти. Грицките се сличен хидрат како и овезот. Салатите се само извор на фибри, бетакаротин, магнезиум, калциум, калиум, минерали. Зеленчукот нема допирна точка со слабеење пошто не содржи никакви топачи али е доста здрав во исхраната ради имунитет, коски и слично. Суфицит дедицит не ти треба. Како што ти пишав, пратиш само количина на хидрати. Јадиси пак хидрати али умерено. Тие калории имат извор а изворот е од масти, хидрати и протеини. Ова нема веза со бодибилдинг пошто ова е начин на исхрана кој не гладуваш а слабееш. My fitnes pall ми вади некој цифри шо воопшто несе точни за мојата моментална состојба. Сепак за да израчунаш колкав е износот на калории, мора да имаш точна бројка од внесени дневни протеини масти и хидрати. 1гр хидрат - 4калории 1гр протеин 4калории 1гр насти 9калории 200грама фстак на 100грама - 60гр. здрави мссти. 120х9= 1080калории. Вака иди математиката на my fitnes pall. Значи спрема калкулаторот ние можиме дневно да јадеме само фстак и да ги внесиме калориите кој ги израчуна калкулаторот. Сепак со фстск неможиме да живееме. Иначе ова е преку 10 годишно искуство со исхрана за слабеење и дебелеење, тренинзи, суплементи. Нутриционистот е само за пари земање а 80% на денешно време немат искуство ни 2 години.
Тежината ти е супер. Ако сакаш да се затегниш, мора да вежбаш повеќе и обавезно тежински вежби. Кардиото е за слабеење и не ти треба толку. Доволно е ако можеш по еден сат да вежбаш, има доста видеа на јутјуб. Јас конкретно вежбам според програмите на Chloe Ting еве и линк https://www.chloeting.com/program/. Има различни програми во зависност од тоа што сакаш да зацврстиш. Добри се за почетници и нема потреба од фитнес опрема, освен душек нормално. Јас често комбинирам два дена за да вежбам подолго време и веќе имам резултати. Секако и исхраната е важна.
За слабеење со броење калории би ви го препорачала овај начин од девојкава, кој разбира англиски огледнете го видеово. Малку е долго ама вреди. Ако нешто не ви е пак јасно ќе ви објаснам. Јас вака слабеам, и вистина има рзултати и не е напорно.
kolku kalorii ima vo chetvrt burek so meso? i vo mali kiflichki domashni so sirenje otprilika? ve molam ne mi pishuvajte vo grama nemam kujnska vaga doma :/
Kaloriite izleguvat od gramaza na protein, hidrat i masti. Varirat kaloriite vo burekot posto ne se znaj tocno kolku grama ima meso a kolku e soja i kolku grama e korata ali od prilika ima okolu 370-400 kalori. Kiflickite zavisi isto od gramazata, vo edna kiflicka ima okolu 150 kalorii.