Може ли да ми препорачате точна апликација за мерење макронутриенти? Гледам има многу, а не знам која е најточна за ова...
Оф ич не ја сакам оваа, еднаш кога броев калории не можев никако да се снајдам на нејзе. Ама може да и дадам уште една шанса ако е најдобра, а гледам и многу луѓе ја користат.
Поодамна не сум пишувал во темите за фитнес немав некако време. Но читам за броењето калории. Броењето калории ите како е важно во процесот на качување и смалување телесна тежина. Но покрај броењето на калории не е доволно само тоа, мора да има сразмерен внес на макронутриенти Протеини,Масти ,Јаглехидрати, бидејќи секој од овие нутриенти имаат посебен вид на калории кои не се трошат и согоруваат на ист начин и по ист редослед. Во однос како ќе знаеме дали сме во дефицит или суфицит на калории. Прво како основна мерка за да знаеме од прилика ќе ја земеме цифрата сто ни ја дава Онлајн калкулаторот, и ќе видиме дали за една недела ако ни е цел да слабееме сме ослабнале со тој дефицит на калории. Ако не сме ослабнале кратиме 200-250 калории и повторно се мериме за 1 недела. Кога ќе приметиме дака со тој дефицит на калории слабееме го држиме некаде околу 1 месец, па после или кратиме уште калории или додаваме плус физичка активност. Калорискиот суфицит или дефицит се основно нешто врз кое секое тело функционира. Неможе да слабееш ако си во калориски суфицит, бидејќи имаш вишок на енергија, енергијата е претставена во калории, и ако не се потроши бидејќи сме во вишок она се складира. Или ако сакаме да се здебелиме а сме во дефицит, односно имаме помалку енергија и калории нема што да се таложи, не што да се гради. Просто е ко грав. Еве @Kimberly11 може да ви каже дали се исплатеше броењето на калории и дали и помогна во процесот.
Ја симнав веќе fitness pal и овој пат се снаоѓам, има мноогу опции за бирање, а ги има и нашиве македонски јадења.Е сега дали тој што ги внесувал внел точно колку им се нутритивните вредности, не знам , ама само отприлика ми треба да имам некоја слика. Единствено ме нервираат глупите мерни единици, поретко кога има опција грамови да се изберат.
Мм на оваа има и грамови и има опција да вклучиш и јадења внесвани од корисници да ти дава па можи ќе најдиш моите едно време бев опседната и имам цели рецепти напишано. Инаку ако не пуштиш опција да ти дава и други јадења од корисници, нема да ти дава мора да се прочепка во мени.
Не нема да ти наштети, дури мислам дека е и добро од време на време cheat meal, али мислев ако веќе сте решени за cheat meal/day зошто тој ден да броите калории, опуштете се во оброкот/ денот па продолжете
Знае некој колку калории има во домашна манџа со грашок и говетски гулаш. Комплицирано ми е да сметам па ако има некој готово инфо
Епа пред да готвиш, измери секоја состојка поединечно, и на секоја пресметај и грамажа, и одтука излегуваат калориите. И на крај од сите намирници собери ги калориите и ќе имаш колку вкупно во јадењето има калории. Па подели го на пример на 4 оброци и ќе знаеш колку има секој оброк калории. Некој ставаат поише ориз, некој поише месо, некој додаваат други зачини, значи варира тоа. Затоа пресметај како што спонав погоре. И не само за полнети пиперки или тиквички туку така е најдобро за секое јадење особено за варива како манџи или големи ручеци.