И јас ја користам MyNetDiary веќе околу година дена. И дадов шанса на My Fitness Pal затоа што доста ја пофалија тука на форумот, ама што знам. Не е за мене. А и веќе доста продукти внесов на MyNetDiary па криво ми е да ми пропадне трудот .
Два месеци броев калории со МуFitnessPal (во главно задоволен со апликацијата) и се на се, со се cheat days, резултатот солиден: 14 килограми помалку. Препорачувам.
Искрено немав некоја строга исхрана воглавно, само пратев тоа што јадам да ми се вклопува во дневната доза од 1500 калории. Туна, нудли, стек или друго месо, компири или леб (црн на коцки од фурна диме), јајца, житарки, печурки, мед, салати и овошје, од готвено спанаќ, грав, ориз, млеко или јогурт со ниска масленост, чај, шумливи таблети, понекад кока кола зеро. И се друго што можев да измерам и внесам во апликацијата.
Ако зборуваме за истата алокација, а мислам дека зборуваме, мене не ми се допаѓаше тоа што немашњ опција за следење на јх, протеини и масти, туку само генерално на калории. Можеби постоеше таа опција но треба да се доплати или така нешто. Не знам, можеби не им е потребна таа опција на сите, или јас едноставно погрешно сум ја сфатила апликацијата, ако зборуваме воопшто за истата
Мислам дека постои опцијата без доплаќање, се наоѓаше на вториот таб горе колку што се сеќавам, и имаше во проценти дадено колку имаш внесено хидрати протеини масти. Мада која ти е полесна за користење таа кориатија нема везе. Битно да брои калории и да ти дава просек.
Zdravo. Izvinete sto vi dosagam, no potrebna mi e vasata pomos okolu kaloriive . Dali moze da mi kazete nekoj prosek, za grasak mandza so junesko meso? Odnapred vi blagodaram.
Дечко, читаш мислења за апликациите кои служат за броење на калории? Земи свали некоја и самиот првери.
знаете ли колку калории има едно парче леб био плавиот од фурна диме? несм вага да измерсм грами да израчунам
Незнам каков е тој леб, ама ако е обичен бел леб, печен на дрва, сите се исти, од сите фурни се исти.
барав на нет али нешо не ми е сигурно..колку калории има големс лажица живи(незготвени де )овесни снегулки?