Не е така едноставно како што изгледа. Не е работа на проста математика. Подеднакво е важно од што доаѓаат калориите, јаглехидрати, масти или протеини. После важно е како се комбиниран, какви се мастите, какви се шеќерит итн. Затоа што... за храна со иста калорична вредност организмот може да потроши различна количина енергија да ја обработи. После, намалување на бројот на внесени калории често не значи и слабеење. Како што бројот на внесени калории станува се понизок и понизок така организмот се повеќе го намалува метаболизмот за да се заштити од гладување а со тоа се потешко се слабее. Имам читано за бројни испитувања во кои е докажано дека внесување на еден оброк плус (300кцал) во денот доведува до слабеење!!! Тој оброк најчесто е појадокот што голем број од нас го занемаруваат...
Се согласувам дека не е проста математика. Затоа и ми се допаѓа сајтот што го препорачав. Како што имав напишано на почетокот, за секоја од намирниците има состав, и има анализа на продуктите кои се внесени со приказ на вредностите на најзначајните витамини и минерали во споредба со просечните дневни препорачани дози за соодветните пол и возраст. И на самиот сајт има совети, групи итн, и стои тоа дека помалку храна го забавува метаболизмот, и тоа е земено во предвид. Појадокот секако е најважен за соодветно функционирање на организмот. Само не знам дали додавањето калории плус е најсоодветно решение, или подобро е да се распредели истото количество храна на еден оброк плус. Како и да е, има различни начини на слабеење, и секој треба да си го најде оној што му одговара најмногу. За мене само додавањето појадок без да внимавам после што и колку јадам не функционираше, иско како ни обидот за распределба на краната во 5-6 мали оброци.
CalorieCount се истакна како еден од најдобрите од тој тип сајтови периодов јес да почна доста скромно! Јас чат-пат го посетувам и http://www.livestrong.com, подржан од Lance Armstrong фондација и скоро по ист терк на CalorieCount. Има и таму доста интересни работи и апликации.
А да ве прашам како може во 100 грама двопек да има 360 калории, а во пченичен леб 240.... Не ми е јасно, нели двопекот е подиетален...
Јас или не знам да сметам на ова бројачот од првиот пост или треба да се убивам од јадење за да достогнам 1200 калории. На пример денес јадев за доручек јаболко, за ручек пилешки батак на скара 100грама, пола домат, пола шоља павлака со една лажица мајонез(за ова стаив 150 кал),и една кришка леб. За вечера јадев салата од краставица со оцет и малку сол и повторно батак 50гр. И кога пресметав калории ми искочија околу 500?! па што треба да јадам јас, за да слабеам? Ова е далеку од малку јадење. Дај некој што е поупатен да ми каже каде грешам со броењево
sorry vaka so se ubacuvam od nigde ) ko prvo se toa so si izela ima poveke od 500 kcl ... ne e tolku bitna kolicinata kolku so e bitno toa sto go vnesuvas ne znam dali si na dieta ili onaka si imas nekoj rezim ali ako si na dieta treba da vnesuvas znaci zdrava hrana vo pomali kolicini i da sportuvas dosta za da go trosis toa taka ke dojdes do rezultati ... a ti jades i leb i majonez poubavo da si se najala pilesko nego toa znaci ne broj kalorii ne se zamraj so gluposti gledaj kolicinski da ne jades mn se so e umereno e dobro dorucekot ti e najvazen a ti jades samo edno jabolko jadi poobilen dorucek i posle preku den pomalku ke ti se jade em ke ti se podobri metabolizmot i ke nemas nikakov problem
Знете како? јас уствари одсекогаш сум мразела такво броење на калории,па толку грама месо,ма толку кришки леб итн..не знам бесмислено ми е и ми ствара нервоза! имам и јас проблеми со килограмите,особено со масни наслаги на куковите и грбот..низ текот на годиниве сфатив дека треба да се јаде повеќе пати во денот по малку,значи помали порции и така стварно метаболизмот добро се навикнува да работи! порано се изгладнував до 13 ч.па после ќе се најадев ко стока и телото што правеше? само си складираше масти! значи умерено јадење,што почесто(бар 5 пати во денот-тоа влкучува и ужинки,некоја овошка,суво овошје,бадеми,јогурт) и физичка активност мислам дека е прав погодок,а и со тек на времето ќе си го запознаете телото и ќе видите што е тоа што му пречи!
Добар си е сајтот. Месото е нискокалорично, и ти навистина си изела малку, само не се 500, туку би требало да се 700-800. Исто така внимавај дали тоа што ќе го избереш - на пример батак, во листата е печен, без масло итн, варен, или нешто трето. Ако е печен без масло, а ти ставаш масло - тоа би ти додало уште калории. Исто и за салата - главно ги има без масло.
Јас сакам да измислат некое апаратче за броење калории кое би можел да си го ставиш на раката баш како саат.И така,додека јадеш ќе ти откуцува колку калории внесуваш а кога ќе вежбаш ќе ти покажува колку калории трошиш.
Почнав со броење на калории неколку дена, потоа отидов на одмор таму се опуштив малку и толку биде. Но убаво е, за тие што сакаат да ја зголемат тежината, или да ја одржат таква како што им е, или пак да ја намалат.
Дечко ми ми кажа дека има некоја вагичка која кога ке го ставиш јадењето ти покажува колку калории има, ми вика да ми ја купи за роденден ама несакам јас... П.С. колку калории има еурокрем, ме интересира колку калории ке внесам ако јадам палачинка со еурокрем и банана....
Можеби е убава идеја (и делотворна), ама многу е заморно и набрзо преминува во опсесија. Најпрвин си пресметувате индекс на вашата телесна тежина, т.е. маса. Зависи од полот, годините, кг и физичкото движење. И ви покажува од колку до колку калории ви се потребни дневно: - за одржување на тежина - или за намалување на тежина (бавно, нормално или екстремно слабеење). Велат дека е убаво да се касне од се' по малку, и така можете да не го преминете лимитот на калориите кои ви се дозволени дневно, ама тука има друг проблем - калориите често немаат врска со шеќери, масти (заситени, незаситени), протеини и јагленихидрати. Знали освен на нив, треба да се внимава колку грама ќе внесете од секоја хранлива група, што е есктра дупло заморно. Пример, не повеќе од 5 гр. шеќери на ден, не повеќе од 15 гр. јагленидрати итн... Навистина треба многу пресметки, добра табела и режим ако сакате да го следите овој начин на исхрана.
Затоа имаш спаркпипл и ти пресметува се! Калории,прецизно и точно и соодносот со протеини,јагле и масти.
А во овие таблициве за калориска вредност, на пример за компир пишува KROMPIR - pečen u rerni - 146 калории ... дали се однесува на 1 компир, на чинија компир, или пак треба да мерам грамажа на компирот..?? затоа што над таблицата пишува само за kCal/100g
Се однесува на грамажата.Некој компир може да тежи и пола кило,зависи од големината и не може да има калорична вредност еднаква на компирче мало како оние за расад. На 100 гр. 146 калории, исто важи и за другите продукти.Затоа малку е напорно, зашто треба да мериш,ама од друга страна е доста ефикасно! Со среќа!