1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Броење калории

Дискусија во 'Диети' започната од Ariel, 22 март 2010.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    Баш така, затоа треба здрава и избалансирана исхрана. Од скоро ништо да не се лишиш (па дури ни од леб), туку да се конзумира во граници, а во исто време да ги внесеш потребните микронутриенти.
    Макар што кога еднаш ќе ги научиш хранливите вредности на храната, после едноставно знаеш што кога и колку да јадеш хехе
     
    Последна измена: 1 март 2021
    На Kimberly11 и Celltica им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.826
    Епа можеш да се лишиш единствено од високо процесирана храна и процесирани шеќери, единствено од тоа само нема никаква придобивка организмот :)
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, физичката активност иако е многу здраво да се практикува, многу малку влијае на намалувањето на масното ткиво. Најбитна е исхраната, т.е. броењето калории.
     
    На Ajronmen и Limpan им се допаѓа ова.
  4. peperutce777

    peperutce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    141
    Калорискиот дефицит е најважен за слабеење. Вежбањето како плус е најдобра опција за побрзи резултати бидејќи тогаш се трошат калории, но во исхраната мора да се внимава бидејќи многу луѓе започнуваат да јадат здрава храна која е исто така доста калорична и не гледаат резултати. Најдобро е да се јади овошје и зеленчук бидејќи доколку не се обработени имаат најмалку калории и може од нив повеќе да се јаде. Да се внимава на скриените калории како на пример внесот на масло кое се користи во салати кое иако е маслиново и поздрава опција од сончогледово сепак е доста калорично. Кујнска вага, мерење и внимавање на се што де внесуба. Мин Калорискиот дефицит е добро да е од 1000 - 1200 на ден но кога телото си бара повеќе енергија секогаш е во ред да се внеси повеќе. Тоа исто зависи и од физичката активност. Откако ке се постигнат резултатите подоцна треба да продолжи да се внимава за да не се вратат кг. Да се зголемува калорискиот внес постепено. Апликациите се супер алатка која ќе ви покаже колку треба да внесувате за да стигнете и да ја одржувате посакуваната тежина. Јас лично повеќе години ја користам MyNetDiary. Но има многу други.
     
    На Mnik, Rose 62, truffles и 2 други им се допаѓа ова.
  5. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.350
    Пред се најбитен е изворот на калории. Не е ист калорискиот дедицит со протеин и со хидрат и со масти. Со 1000калории од хидрат се дебелеј а со 1000калори од масти и протеин се слабеј. Колку троши телото можи само лабараториски да се провери пошто телото ни е создадено и да складира калории а не само да троши кога сме на калориски дедицит.
     
    На Rose 62 и peperutce777 им се допаѓа ова.
  6. peperutce777

    peperutce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    141
    Да, секако е битно и какви калории се внесуваат. Пред се е најбитно да се има баланс.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dd1

    Dd1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Zdravo na site.

    Kolku kalorii ima edna tuna konzerva (okolu 170g.), so se masloto ?
     
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    Нема позади на опаковката декларација напишано? Мора да пишува
     
    На Dd1 и Limpan им се допаѓа ова.
  9. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    221
    Здраво на сите.

    Колку калории има 100 грама зготвена паста?
    Користам една апликација MyFitnessPal, можеби некој од вас ја знае, и таму се внесува што си јадел и си броиш калории, и таму ако пишам Cooked pasta за 100 грама (1 cup) ми дава околу 300 калории, a ако пишам на гугл, колку калории има 100 грама готвена паста ми вика 131. :^) И сега кое е?
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    Го имаш паковањето? Скенирај го баркодот со апликацијата, или барем види на задна страна пишува сигурно
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    221
    Го имам да. Сега видов, и вика на 100грама, 350 калории. За работи што можам да ги прочитам од пакување еве ок е, али за работи кои не можам, како на пример компир или месо некое пример, како да знам? И на апликацијата знае да ми дава доста различни бројки кога ќе пишам нешто, а гугл еве видовме скрос греши, не гуглам веќе.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    И гугл точно ќе каже ама ептен треба да го погодиш.
    За храната што не знаеш кое да го избереш гликни го то десно горе со штиклата confirmed only. А името ќе го пишеш на англиски. А за некоја храна пробај да ја најдеш на македонски, на пример мелено месо пекабеско, пршута Веро (ова се само примери незнам дали постојат, а за проба пробај пиши kocanski oriz пример, и ќе искочи...). Ама горе доле многу од храната ќе ја најдеш, има доста корисници тука во Мк што внесуваат. Секогаш најпрвин пробувај да го скенираш баркодот.
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dd1

    Dd1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Ja frliv pa posle mi tekna
     
  14. Dd1

    Dd1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Kolku kalorii ima vo 10 kebapi?
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    23.967
    Како е правилно да се мерат калории, според тежината кога е зготвена храната или таа претходно?
    На пример, јадев паста, пред да ја зготвам целата паста беше 250 гр. Откако ја зготвив, земав четвртина од пастата. Дали да рачунам дека сум јадела 65-70 гр. паста? Ме буни затоа што после готвењето во водата, многу повеќе тежи. Истото е и со ориз, киноа, компир и многу други намирници.
     
  16. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.350
    Секоја храна се мери пред термичка обработка. На пример оризот жива мера на 100гр содржи 80гр хидрати а после варење тој тежи 150гр али сепак содржи исто 80гр хидрати.
     
    На Dd1, hermosa и Ajronmen им се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    YAZIO е одлична апликација која ги мери калориите според храната која се внесува.
    Само внесете што сте јаделе за време на оброците и самата пресметува.

    Има впишани и голем број на македонски производи кои често ги конзумираме.
     
  18. Rose 62

    Rose 62 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2021
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    околу 1800 - 2000, зависи од тип на месо, и нормално дали пливаат у масло, докај 2300 можеш да рачунаш
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    100 грама кебап има од 150-200 калории. Едно кило ќебапи треба да изедеш за 2000 калории. А тоа се 30 и нешто кебапи. Порција 10ка има околу 500 калории.
    2000 калории ако успееш да внесеш организмот нема може да ти ги обработи цел ден.
    По ова твоево на просечен бодибилдер ќе му требаат само 20 кебапи дневно за да се качи на бина за мистер Олимпија.:rofl: и друго ништо не му треба...ни протеини ни гејнери ни јаглехидрати ништо, само кебапи.

    Јадете си кебапи и не се замрајте до толку
     
    На Dd1 и AAKG им се допаѓа ова.
  20. Rose 62

    Rose 62 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2021
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Јас садам 2200 калории на ден, еве телово некако не само шо ги обработува, него ги користи и за градење ептен убав мускул насекаде, ваљда нешо погрешно праам.

    И не, не се 500. КАМО да беа 500, грамажата се рачуна ПРЕД ТЕРМИЧКА ОБРАБОТКА, 10 кебапи имаат преку 1500 калории а ќе се потрудам и да покажам декларации од веќе направени ќебапи, чисто да се види одприлике БЕЗ МАСЛО колку се, а камоли со она зејтините,сланините за подмачкување..