Броење калории

Дискусија во 'Диети' започната од Ariel, 22 март 2010.

  1. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.350
    мах 700калории имаш во 10 ќебапи. 300 грама ти се 10ќебапи и то ти иди 50гр протеин, 50гр. масти и околу 20гр хидрати.
    1грам протеин ти е 4калории,1грам хидрат ти е 4 калории и 1 грам маст ти е 9 калории па израчунај колку има во 300 грама месо поточно 10ќебапи.
    Иначе 2000 калории во едно јадење е невозможно. За да изедеш 2000 калории во еден оброк треба да изедеш 1кг месо и еден цел леб и за две недели кила на желудник.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    Душо, 2200 калории на ден е едно,а 2200 калории од само еден оброк е друго. Има огромна разлика.

    Ајде најди декларација и сподели. И мене ме интересира
    ПС: ќебапи не се пржат па да речеш пливаат у зејтин,него се печат незнам за какво подмачкување збориш. А сабајле тој што ја намачкал скарата со зејтин за да не му се лепи, тој зејтин ако стигнало да го броиш како калорија, утната е поентата на калориите.

    Баш така. Супер напишано.
    Ова ќебапиве ќе испаднат супер фуд, 300 грама ќебапи 2000 калории.

    Едит: @Rose 62 еве ти да не се мачиш да бараш
    Screenshot_20210705-081921~2.png
     
    Последна измена: 5 јули 2021
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.149
    Допаѓања:
    161.778
    Пол:
    Женски
    Ко ќе нема јадење некое во апликација или тешко е да најдите, отворете рецепт на англиски. Скоро на сите има порцијата колку калории е. Рецептов е за 4 порции, не знам колку излегват, можи еден голем кебап рачуна порцијата, можи 5 мали. Од друга страна, кога кебапи би имале поќе калории е ако се мисли на doner kebab пошто е месо, кришка, салата, течности итн. То има над 1000 калории порцијата.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rose 62

    Rose 62 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2021
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски

    1. Мислев на дневен внес, не на внес од еден оброк.
    2. Се печат да, ако ги купиш у ќебапчилница, ама имаш и луѓе шо дома ги ваљаат у масло, у тавче, се почесто слушам такви приказни, така да, овде ти давам бод, ќе ја дискутираме исклучиво енергетската вредност на месото.
    3. Зависи од состав на месо, од Тинекс ќебапов, и од Дестан, немаат ист состав (тоа никад не би го знаеле со сигурност, освен the kebab guru шо ги праи, у ресторан немаш декларација)
    4. Зејтинот и те како се брои!
    5, Зафатена сум деновиве билдам задно рамо, ама ќе усликам пар декларации за да можеме сите да споредиме и да видиме.

    Темиве не се борба на пеливани, туку за размена на (потврдено) инфо.
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој колку има у една пастрмајлија мала?
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    40.292
    Не знам колку има ама малце не се. И плус тон бело брашно т.е јаглехидрати
     
    На BabyCakes и AAKG им се допаѓа ова.
  7. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Јас имам 2018 калории во мене. Да ми кажете колку е потребно да имам во просек? Околу 1500 треба или уште помалку? И колку калории има во едно парче пица мало?
     
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    23.965
    Немаш калории ВО тебе. Одреден број на калории трошиш во текот на денот и повеќе нешта зависат од тоа колку калории трошиш. Во принцип, секој ден е различен бројот, но може да се даде некоја груба проценка статистички колку трошиш горе-доле поголемиот дел од времето. Тоа се прави преку BMR калкулатор: https://www.calculator.net/calorie-calculator.html.

    Малце е потешко да се искалкулира за парче пица. Колкаво е парчето? Што состав? Искрено, за овој тип на храна не би ни мерела, едноставно издвој 400/500 калории за тој оброк.
     
    На truffles му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Епа јас имам вага и ми ја мери количината на калории и ми покажува 2018. Внимавам што јадам но досега не гледав премногу на калориите па затоа и не сум броела калории, не знам како тоа оди точно.
    Најбитно е да не се претера. Парче пица од стандардна големина на пица.
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    23.965
    Прв пат слушам, каква е таа вага? Како вагата распознава што намирници јадеш за да може да ги измери?
     
  11. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    И јас прв пат видов кога ја зедов. Сигурно според килажата препознава како што и калкулаторот пресметува.
    Пресметува и количина на вода во проценти и тежина на мускулатура и на коските.
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    23.965
    Не разбирам пак. На пример, планираш да јадеш пилешко, го ставаш пилешкото на вагата, ја мери килажата на пилешкото, внесуваш дека станува збор за пилешко, и вагата на база на информациите дека е пилешко од толку и толку грама ти дава калории?

    Не ми е јасно што мериш. Или себе се мериш? Дека спомнуваш количина на вода, тежина на мускулатура.
     
  13. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Себе се мерам. Не мерам пилешко. :lol:
    Готово, батали. Тоа само го кажува вагата, а дали е точно незнам. Не се грижам повеќе само за едно парче пица.
     
    На MissChievous и diskreten32 им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    23.965
    Ааа па не се мерат калории така. Ако те интересира како, ќе ти објаснам. Во секој случај, да, за повремено парче пица не се замарај. :D
     
  15. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Може да ми објасниш ако не ти е проблем.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    5.501
    Пол:
    Женски
    Ја инсталиав Yazio, ама бара пари.
     
  17. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.350
    Си го губите времето со броење калории. Битно е и колку троши телото а не само внесот. Дневно се број само хидрати, масти и протеин а се останато е губење време.
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Бројот на калории можеш да ги пресметаш само ако за се што си изела посебно провериш колку калории има според грамажа и ги собереш.
    Вага не може да знае дали си изела 100 грама чоколадо или 100 грама краставици.

    (Не) ми се свиѓа како никој не нагласува колку е страшна неедукацијата за вакви работи.
     
    На Dd1, Sweetlove_0312 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  19. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    I'ma telesni vagi koi sto davaat procenka na tdee vrz osnova na tezinata, pilot o navodno tezinata na voda koski muskul I masno tkivo vo teloto. Takva vaga ona upotrebila.
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    23.965
    Секоја намирница што ја конзумираш ја мериш посебно. На пример спомна вчера дека си јадела овесна каша. Не знам како ја приготвуваш, но еве ко за пример нека биде: 4 големи лажици овес (околу 40 гр. овес) = околу 150 калории, помешан со една стандардна величина банана = околу 100 калории, и мала лажичка (околу 10 гр.) путер од кикирики (зависи кој, ќе ѕирнеш на табелата што пишува) = околу 60 калории; севкупно овој оброк би содржел околу 310 калории. Велам околу затоа што за најпрецизни податоци, се' треба да ти е измерено на вага за точна грамажа.

    За полесно да ги броиш читај ги табелите на производите позади на амбалажата. Ете на пример на јаткастите што ги спомна вчера, да речеме дека се бадеми (имам пакување од Салути од Кам, на табелата вели дека на 100 гр. производ има 577 калории), ако изедам пола од пакувањето, грубо 50ина грама, значи ќе внесам околу 290 калории. И така, си правиш математика на грамажа и калории од 100 гр. производ.

    За некои работи за кои немаш табела, на пример ете домат; изгуглај tomato nutrition и ќе ти даде табела. Доматот на 100 гр. производ има 18 калории, ќе видиш колку домати имаш земено на колку грамажа и ќе направиш математика. Ако на 1 кило има 5 домати, значи еден домат е 200 гр. или во превод = околу 40 калории.

    Најлесно да се научиш како да ги мериш е да користиш апликација. Најкористена ти е MyFitnessPal, си внесуваш за секој оброк, намериница по намирница. Многу често има опција да одбереш на пример, еден среден домат, па да не мора да рачунаш (ама сето тоа ќе ти биде груба проценка). Убавината на апликацијата е што можеш и да скенираш баркод за лесно да ги наоѓаш производите, на пример пакетчето од јаткасти ќе го скенираш, ќе ти го даде (најчесто) производот и само ќе внесеш грамажа. И така, за секој оброк заедно сите намирници апликацијата ти ги прерачунува калориите.
     
    На Dd1, Nausicaa, Ajronmen и 3 други им се допаѓа ова.