Почнав да бројам и јас...најдов апликација Lifesum презадоволна сум има опција да го скенираш производот и ти дава кплку има во 100 или колку има 1грам...а кога ја уклучам внесуваш податоци твои и ти пресметува колку ти треба да внесеш...кај мене се 1766 и најискрено предадена сум...т.е имам 3обрци и 2ужини и пак не јадам 1766кал.... Не јадам бел леб повеќе,грицки благо..... Има опција внесуваш намирници и ти кажува колку кал е вкупен оброк...па ве чекам да пишете
Јас броев калории ги користев апликациите MyFitnessPal (на оваа гледав колку калории има во еден оброк) и Calorie counter (овде внесував што имам изедено, испиено и што сум вежбала) и презадоволна сум за 2 месеци броење калории изгубив 10 килограми. Морам да напоменам дека вежбав околу 7 месеци но не бев на диета само пазев што јадам и последните 2 месеци од вежбањето почнав да бројам колку внесувам (тука изгубив највеќе на килажа). Последниве два-три месеци прекинав со броење и вежбање но се немам поправено ниту едно кило. Според мене овој начин е најдобар за слабеење.. сум пробала многу диети ама веднаш по прекин на диетата килажата ми се враќала.
Нека земат од вас пример и другите членови како правилно се слабее и дека е возможно да се слабеј без многу претерување. Браво за резултатите.
Еве нешто мое,после 22дена сум -2кг и по 3цм намалена обем... https://youtube.com/shorts/rEDLBW9j8so?feature=share
Имаш многу апликации за сметање на базална метаболичка стапка и колку би требало да јадиш помалку за да почниш да слабееш. Доколку не вежбаш, калориите можи да ти се мизерни, да си гладна цело време и брзо да се откажеш. А и ако одиш во теретана, не значи дека ќе си во дефицит, освен ако не пресметаш
Лол, прашај ги таму кај што си го купила. Тие ако не знаат од кај ќе знае друг. Ако си го прајш сама дома пресметај си сама стекот, помфритот, лебот, кечапот и мајонезот или шо и да е друго. На купена храна у сендвичари или слично, тешко да пресметаш калории.
Можно е хумусов да има олку калории во 100грама како што пишува или е нешто грешка? Многу некако 1137 на 100 грама....
Не, мора да е грешка, сигурно треба да е обратно. Ни Томи мајонез не е толку калоричен, не па ли хумус.