Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Броење калории

Дискусија во 'Диети' започната од Ariel, 22 март 2010.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    7.035
    Пол:
    Машки
    Има апликации за броење калории, скенирај го баркодот и ќе ти покаже. Сигурно е некоја грешка со оглед што на нет пишува дека од прилика има 166 на 100гр во класичниве, наместо 1137 сигурно треба да е 137 калории.
     
    На Девојка999 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Обратно е, KJ се секогаш повеќе од Kcal.
    272 калории одговараат точно на 1137 килоџули
     
    На Девојка999 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    24.767
    272 калории треба да е, сменети се местата на калории и килоџули.
     
    На Девојка999 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    9.322
    Пол:
    Женски
    Колку калории да би имало на 100гр.шунка? Изедов 60:D
     
  5. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Ова се калории за 100 грама од производот
     

    Прикачени фајлови:

    На Minionn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Здраво,почнав со диетата со компири
    Денес цел ден имам 3 компири и 4 чаши јогурт колку калории е тоа?
     
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.000
    Зависи од големината на компирите и како ќе ги приготвиш, ама само за 3те компири би рекла околу 600/700 калории (ако се варени).
    Зависи какви чашки, ама ако се 250 мл или вкупно 1 литар јогурт (зависи и каков јогурт), би било отприлика 500/600.
     
  8. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    И многу е тоа за слабеење?
    Вежбам 500 калории трошам на лента и плус вежби на справи и со тегови
     
  9. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.547
    Пол:
    Машки
    Не е многу, таман е.
    Ама како ќе издржиш цел ден само на 3 компири?
     
  10. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Незнам ќе пробам:rofl:
    Плус вода и ако ме фати некоја криза може овошје,три дена е диетава толку мислам може да се издржи појќе не верувам:?:
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.000
    Според мене тоа е премалку, поготово штом трошиш и 500 кал. со вежбање. Вака испаѓа од храна внесуваш само некои си 1300 кал. па ко ќе минусираш 500 од вежбање телото е оставено на само 800 кал.
    Јас би целела кон 1700 кал. само храна.

    Уште побитно, не би јадела само 2 намирници, ниту има поента, ниту внесуваш доволно микро и макро нутритивни вредности. Додај некој протеин и свеж зеленчук, со свеж спанаќ, рукола, зелка, краставица, не внесуваш скоро ич повеќе калории, ама барем ќе добиеш влакна, витамини и минерали.
     
    На Ajronmen, TinnaMinna и Mrs. right им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Од кај ги наоѓате ретардираниве диети бе.
    Живеев три недели претежно на компири и ориз од што морав и немав убави последици. Едвај чекав да се вратам на месо и овошје и зеленчук и све.
    Ај опрајте се.
     
    Последна измена: 26 јануари 2024
    На Marija_Magdalena, christinnn, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Поарно не пробувај, не експериментирај па да заебеш нешо.
    На дури 3 компири цел ден? :drunk:
    Метаболизам ќе успориш. Зашо си играте вака не разбирам.
    Сама свесна си дека нема да се издржи ваква "диета". Никаков бенефит не би добила туку напротив.

    Убаво ти рече @MissChievous скроз у право e.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    За издржување можам вака без диета јадам само еднаш не ми се јаде де...а со диетава барем три пати имам :)
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Е жити јадењето трипати ако е едноте исто цел ден и количина ко за глувче.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Ич не ти е правилно тоа само еднаш на ден, не знам како издржуваш, како енергија имаш. Сеа може не ги приметуваш последиците ама во иднина да не се одрази негативно внимавај.

    Не е здраво у никој случај плус и викаш вежбаш, а толку малку калории..

    Колку имаш за симињање?
     
    На TinnaMinna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе прашав само колку калории има и дали е многу,не ве терам вие фа ја држите диетава.
    Фала на тие што ми одговоривте како што треба:l:

    Околу 10-15
     
    Последна измена од модератор: 26 јануари 2024
  18. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Ок, не е страшно. Зашто се брзаш толку не знам, полека. Редуцирај исхрана, тргни калорична храна, поише овошје, зеленчук, здрави масти, протеини, јаглехидрати на минимум, еве и вежбаш, ќе успееш да намалиш, за 3 месеци топ би била, ако се придржуваш. :)
    Не ти требаат вакви ригорозни диети.
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    20.795
    Само советов не, плис.
    Ако е активна, јх на минимум е лошо.
     
  20. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира само што ќе постигнеш со 3 дневна диета? За три дена и ништо да не јадеш нема шанси 15 кг да симнеш.
    Или тоа е само еден дел од диетата?