Толку ти иди дневниот внес 120гр протеини 200-250гр хидрати 100гр масти. Протеинот и хидратите ти се по 4калории на 1грам а масите 9 калории на грам.
Ако сакаш да покачиш на тежина мора да бидиш во калориски суфицит. 2000 калории - одржување на моментлна тежина Под 2000 - слабеење или дефицит Над 2000 - поправање или калориски суфицит
Значи за да почнам да додавам тежина ми треба минимум 2200 калории. Maintain weight 2,132 100% Calories/day
Дали има некоја едноставна апликација за користење каде што ќе имам јас поставено колку калории дневно треба да внесам, по колку макроси, само да ми дава преостанато за денот? Пример внесувам рачно од доручек колку имам калории и макроси внесено и само ќе ми изброи за денес имаш уше толку, плус кога вежбам да ми одземе 200-300 калории од внесените.
Ја пробував Journable, и таман ми тргна работа, бара да се плаќа, а многу едноставна и лесна беше за користење...
Оваа ти е бесплатна. Има и верзија што се плаќа секако, ама сите овие опции што ги сакаш ги имаш и во основната, така да, топ е. Мислам дека е најдобра од сите.
И ако внесваш вежби: "Одзема" калории и следователно табелите погоре се поправат соодветно. Исто користам фри верзијата на MyFitnessPal.
Јас имам броено, и сеуште понекогаш бројам. My Fitness Pal користев најмногу и најдолго зошто можам да скенирам баркодови. Најмачен дел ми е шо морав да ставам се на вага и кризирав ако бев излезена и морав да јадам не мерена храна и како резултат ми влијаеше на социјалниот живот зошто ќе пиев само вода, чај, црно кафе и ќе јадев салата зошто таму можев да си „дозволам“ да не избројам на вага. И јас сум опсесивна по карактер. Јас во глобала се движам низ животов без да ми е гајле за се околу мене. Се дур наеднаш не ми стани грижа и се опседнувам и одам во другиот екстрем. Немам некоја средина кај шо здраво се грижам за нешто. И броење калории за мене спаѓа во микроменаџмент на сопствените потреби. И то ме носи во круг на рестрикција-бинџање-рестрикција-бинџање зошто прам преголеми рестрикции шо носи до прегладнување и после можам и слон да изедам. Е сега зошто сфатив дека можам да се условам вака за понутритивна храна (минус калории), скенирав чинија со Bite Pal. Дава произволни калории, шо е супер зошто ако не го ставам на вага не го земам во предвид зошто знам дека не е точно (знам дека не е точно зошто ... измерив ... па скенирав ... yeah), ама ми дава нутритивен профил за храната и то ми треба. И се остајв да видам без апликација како јадам и јадам како стока, па веројатно пак ќе вметнам Bite Pal. Некако добар баланс за одржување ми е + дава tips and tricks за шо поќе да внесиш, шо помалку, те наградува ако комбинираш (шо носи до ситост) и то ми се допаѓа. Фактички јас напуштив броење за некое по mindful размислување за храна.
Убави се овие апликации додека не го научиш бројот на калории на храната што ја јадеш најчесто. Ја користев Фитнес Пал еден период за приближно да стекнам осет колку внесувам/трошам и после веќе немав потреба. Еве и денес можам отприлика да проценам колку внесувам и тоа ми е доволно. За мене е малтретирање да мерам сé до грам и да контролирам. А сега додека ја читав Димн повеќе сум за апп која би ми давала нутритивен скор, па може да ја испробам. Количината можам да ја контролирам ама со квалитетот потешко ми иде некогаш
Броење калории е губење на време. Мерите само грамажа на храна пред готвење и тие то. После некое време ќе знаете дневно колку гр протеин,масти и хидрати внесувате без да сликате,калкулирате и така натаму.... Крај краева секогаш е битен изворот.
Здраво Дали може да ми препорачате некоја апликација за броење калории само со слика од јадењето и да покаже колку калории има, но да не бара после неколку дена да треба да платеш за апликацијата. Досега сите што пробав да ги инсталирам ми бара пари. Фала
Јас ја користам My Net Diary, бесплатна е ама не можеш со слика, мора со бар код или евентуално слика од амбалажа, а некои производи мораш прво custom да ги внесеш па после наредниот пат можеш со скен на бар код само. Брои и протеини/хидрати/масти, ти одредува колку калории треба да конзумираш, а можеш да логираш и чекори, вежбање и колку вода си пиела.
Запишвајси во телефонот што си јадела и на крај на ден си правиш збир на протеини,масти и хидрати повеќе ќе имаш контрола на диетата. Сепак на крај на ден битни ти се изворите на калориите
На секој производ ти пишува колку калории има на 100гр и на калкулатор или во notes запишувај колку калории си внесила спрема грамажата која си ја изела. Од каде потекнуваат калориите мисли, од каде извираат. Можат сите калории да бидат од само јаглехидрати (шеќери), масти и протеини. Пример овошјето има само калории кои се предизвикани само од јаглехидрати, кикириките од масти, чипсот од јаглехидрати, чоколадото има калории од шеќери и масти, пилешкото од протеини. Најздрави калории се од изворите како протеини и здрави масти.