Броење калории

Дискусија во 'Диети' започната од Ariel, 22 март 2010.

  1. TwistedSister

    TwistedSister Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    796
    Ама за слабеење важен е бројот на калории без разлика на изворот иако поздрава опција е:
    Тие апликации автоматски рачунаат и калории и протеини, масти..
    и мене ме интересира која е од тие добра апликација ако некој користел.
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.524
    Допаѓања:
    11.053
    Пол:
    Машки
    Секако, калориите се тие кои на крајот од денот одлучуваат дали ќе ослабиш.

    Ама не се сите калории исти и не функционираат исто, калории од чоколадо и калории од пилешко немаат иста фунција врз организмот, хормоните и рецепторите клучни за слабеење, телото не реагира поеднакво исто и не ги искористува калориите на ист начин бидејќи има разлика меѓу калории од бурек (јаглехидрати) и калории од месо (протеини).
     
    На AAKG, Witchy-style, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    5.727
    Пол:
    Женски
    Апликацијата My Net Diary ја рангира храната што ја логираш со оценки на пример А ,Б, Ц, Д во зависност од пропорциите на протеини -хидрати-масти што таа храна ги содржи. На пример: јадеш сладолед Кри Кри го скенираш гледаш оценка Д, значи нареден пат бараш некој со подобра оценка, т.е А или Б ако целта ти е да се храниш здраво.Иначе да, секој калориски дефицит доведува до губење тежина, ама таа тежина може да биде и мускул. Така да можеш да ослабеш ако јадеш овошје и зеленчук само, ама губиш и мускул и сало Ако целта ти е да го задржиш мускулот треба да внесуваш доволно протеини за да губиш само сало. Значи високо протеинска а нискокалорична храна со доволно влакна за дигестија= здраво слабеење и губење масти.
     
    На TwistedSister му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    1.716
    Извор на калории - протеини,хидрати и масти.
    Калории од хидрати и калории од протеини иако имаат иста калорична вредност,имаат различна функција во телото.
    Јгх- колку повеќе хидрати толку повеќе глукоза. Колку повеќе глукоза толку повеќе таложење на телесни масти или подкожна вода како резерва на енергија.
     
    На TwistedSister му/ѝ се допаѓа ова.