Фала многу. Сега, имам прашање до оние, веќе искусните. Пресметав на калкулаторот за дневни потреби на калории Спојлер http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B8-%D1%84%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B5%D1%81/%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D0%B5%D1%9A%D0%B5/%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8 дека треба да внесувам дневно по 1300 калории. Е сега, кога ќе симнам да речеме, 5 кг, дали треба повторно да пресметам на калкулаторот според новите податоци колку калории да внесам. Значи ако имам 70 кг. и треба да внесам 1300 калории, дали кога ке бидам 65 кг. ке треба да внесувам по 1200 калории, или да продолжам со првичните 1300?
Еднаш решив да бројам калории, и тоа траеше околу еден месец. Поопседната не сум била, а никаков резултат, само нервози !! Не сфаќам зошто да бројам калории.... Си јадам тоа што ми се јаде, гледам да е здраво и умерено, тоа е се`.
Полошо од оваа мислам дека нема да бориш калории на све што сакаш да си јадеш,јас летото бев опседната со тоа цел овреме внимавав насабајле јадев мусли со јогурт,па ручав све без леб си салата а благото го исфрлив и наместо тоа јадев по 1-2 праски,цело време под притисо ксе осеќав ми беше тешко,нервозна си велев ем бројам и пак неможам да ослабам колку што сакав.Али едвај 2 месеци издржав ослабев да речеме 4 кг али мислам душата ми излезе,затоа сега си јадам што сакам и си правам калкулации ак оденес претерам утре ќе намалам и пак си ја одржувам килажата
Мала порција пржени компирчиња (100тина грама) има околу 300 калори. Плуч кечапот и сенфот уште 50тина. Не е проблемот во калориите, него во маснотиите
А како да ја префрлам оваа апликација на htc wildfire s, ја симнав на компјутер, и сега може преку усб кабел? ај ве молам помош
Ако ги броев денес (веќе вчера) требаше да ми цркне дигитронот Ама за тоа денес се пости и ќе се испостам.
Со броење на калории претходната година ослабев 5-6 килограми. Проблемот ми е само што не сум истрајна и се опуштам од време на време, па пак вратам по некој килограм. Еве на пример, сега за празниците се здебелив некое кило. А, колку убаво се чувствував кога си внимавав! Гледам дека на повеќето не ви се брои и мислите дека е тешко изводливо. Епа, да ви кажам дека не е нуклеарна физика, мене ми беше ептен едноставно. Можеби на почетокот е потешко, додека да се поднаучи што колку калории е, после е песна. Многу е корисна таа страната што ја има ставено Ариел. Внесував околу 1000калории некогаш и помалку, многу ретко повеќе. Едноставно толку ми беше доволно. Наутро најчесто јадев банана па после овесна каша со мед и цимет. Медот ми ја задоволуваше потребата за благо и ретко кога ми се пријадуваше (чудно ми беше дури, со оглед на тоа колку сум по благото ). За ручек што било - месо, јајца, зеленчук, гледав да биде околу 300-400 калории. Ужина бадеми, лешници, суво овошје.. За вечера јаболко или чаша млеко или јогурт. Леб јадев само црн, бел никако. Благо многу ретко, дали 2пати неделно. Газираните пијалоци ги сведов на минимум. Кафе без млеко. И многу вода. Порано скоро и да не пиев вода, дали 1 чаша испивав на ден. Сега пијам по 2литри без проблем. Кога почнав да бројам калории се запрепастив од откритието колку многу калории всушност сум внесувала порано. Не сум ни била свесна! Некои работи едноставно се премногу калорични. Иначе имате право, лесно преминува во опсесија. Пред секое јадење се мислев и броев. По цел ден калории ми се вртеа низ глава. Ама дека е ефикасно, навистина е. Ќе почнам пак во скоро време, ми треба повеќе контрола во јадењето.
Знае некој колку калории има во Bake Rolls (multigrain tzatziki)? ЕДИТ И колку е паметно да јадам (наутро) додека сум на режимот на Ирена?
Oколу 400 калории има бејролсот,па ти сама си одлучи колку ти е паметно да јадеш Мене не ми е јасно зошто на конзерва грашок пишува 400 и нешто калории во 100 грама,а секаде во таблиците пишува околу 80 кал на 100 грама.Стварно не ми е јасно,премногу се 400 и нешто калории за грашок
Дебелее и има многу калории, колку што се сеќавам околу 500 калории на 100гр. А пишува без холестерол, сепак, кога ќе размислам, можеби е подобро да си касне човек малку алва отколку чоколадо. Или не?
Xолестерол може да има само храна од животинско потекло! A јас колку што знам алва од сусам се правеше? или? инаку да, има многу калории 450-500 сигурно
Поубо чоколада да си земев. Јас си мислев ајде нешто шо не дебелее толку, и оп таан алва. Ебати изборот ебати! И то 100 грама опнав.
469 сега најдов на нет... у подоро ќе мавнев една милка со малини новата, мислам дека е 515 Aјде за друг пат ќе си знаеш
дебелеат ли овие мултивитамини... ги пијам за да не ми паѓа косата, па ме интересира да не деловаат како газираните сокови..
Денеска ми е 34 ден како бројам калории и досега симнав 8 килограми.Пресреќна сум и одам понатаму. И секој ден имам се поголема и поголема мотивација.