Не, не верувам. Друго е. Инаку, јас не знам кај ке одам без броењево. Посебно ко ке се наканам да си купам пр. смоки ке видам колку калории има и оп, ги враќам во рафтот. Е па, сега... Може мора да сме лишени од некои работи ама што да се прави? Успева за успевање, тоа е важно.
Мислам дека на пакувањето на шумливите таблетки има калорична вредност и неверувам дека се многу калорични.А има и нискокалорични газирани сокови, како на пример кока-кола лајт, која има две калории на 100 мл изгледа, така нешто беше. Мене денес ми е 41 ден како бројам калории и ефектите ептен се забележливи, па тоа и ми е мотивација да продолжам понатаму.
Веќе недела дена бројам калории и мислам дека добро ми иде.Имам и на телефонот апликација во која си внесувам што јадам преку цел ден и тоа помага.Почнав на памет,од тоа што јадам да знам кое колку калории е .Дури и ме предупредува дека јадам премалку или повеќе од планираното
Оваа таблица на калории ја користам јас и многу ми се допаѓа затоа што е детална и затоа што ги содржи и традиционалните балкански јадења. http://www.dijeta.net/tablice/tablice.htm
Ако не си физички активна, треба 1200 калории. Сега, со секоја физичка активност, се додаваат калории. Ако си одлично физички активна, треба 1800 да внесуваш.
Многу ли калории има во пилешки стек,не пржен туку варен.Мислам,многу ли дебелее? Исто и овие Брускети Марети и Бејк Ролс ми кажаа дека имале повеќе калории и не биле баш диетални.Ама не ми се верува до толку да се дебелее од нив.
Пилешкиот стек не е многу калоричен, напротив нели се користи и во диети. Пак варен, без масла додатоци е супер. Не знам по грамажа како би дошло калории ама е во најмалку калоричните меса. Е брускетите мислам дека содржат доста калории, многу масла, зачини имаат. Мислам дека има калориска вредност на паковката, и едно паковање има околу 200-300 не се сеќавам точно.
Зависи од големината, од 250-400 калории би рекла, така нешто. Плус, од сите слатки работи, сметам дека е најнездрав избор, брашно + шеќер во најлоша можна форма, т.е. шербет...
^ Уф знам, цел ден пробувам да им одолеам..хахаах вчера не издржав, ама денес да не се подречам се конторлирам. Што да правам мајка ми кога требаше не купуваше, сега најде
Општи прашања сакам да прашам знае некој колку калории има едно нескафе со прелив што го служат по кафулињава, и нескафе со вкус на ванила? фала
Па ако треба дневно до 1200 калории да се внесува,јас многу помалку внесувам.Или барем така ми изгледа по некоја моја пресметка . Денес изедов две мандарини,две банани,чинија ориз и салата од зелка.Си апнав де и три мали домашни кифлички.И баш сакав да прашам тие кифличките многу ли калории содржат?