Едно пакетче Бејк ролс има до кај 400 калори. Со три пакетчиња ја достигнуваш дневната количина калории, а всушност си гладна. Затоа треба да се избегаваат ваквите многу калорични грицки. Знаеш ли колку многу овошје и зелечнук ќе внесеш за 300/400 калории, цел ден ќе бидеш сита.
Четири полни месеци и неколку дена како сум на овој режим на исхрана со броење калории. Покрај тироидната жлезда, значи дијагноза хипотиреоза, зимава, се здебелив ненормално многу и стартував со огромна тежина. После 4 месеци, со внесување на 1200 калории во тек на денот, симнав преку 20 кг и сега конечно можам да кажам дека сум слаба и презадоволна од својот изглед Спојлер да не речам, секси-мама Ваквиот начин на исхрана, си го сфатив како дисциплина на исхрана, а излезе доста ефикасно слабеење. Прочитав повеќе мислења во врска со оваа тема, па како жив сведок и пример, можам и да одговорам на некои од нив. Имаше дилема околу дневниот внес, со или без вежбање, значи без вежбање треба да се внесат 1200 калории, а вежбањето согорува калории, меѓутоа, јас не пресметував колку трошам, само пресметував колку внесувам. Имаше уште една дилема околу потеклото на храна, значи претежно јадев чисто месо, меѓутоа и кога имаше скара (од типот плескавица, ќебап), јадев и таква храна, дури кога ми се јадеше благо, јадев и благо, само нормално претходно вклопено во пресметката за тој ден и не правев некаква разлика. Битно е да ја пресметаш калориската вредност на тоа што го внесуваш, а неговото потекло воопшто не е битно. Чепкајки по интернет, налетав на една интересна статија за негативни калории, па не бев мрзешлива, прогуглав малку повеќе и вуала, еве што најдов: Диетата со негативни калории се заснова на следната теорија: вашето тело согорува калории кои се потребни за хемиските процеси на разложување на храната. Но, одреден вид на храна содржи помалку калории отколку што се потребни за таа да се разложи. Тоа значи дека со јадење на таа храна, вие всушност согорувате повеќе калории отколку што сте внеле и така слабеете. На пример, доколку изедете две јаболка ќе внесете околу 100 калории, но за нивно разложување организмот ќе потроши 130 калории. Во храна со „негативни калории“ спаѓа: целер, аспарагус, брокули, цвекло, кромид, зелка, морков, краставица, тиквички, јаболка, портокали, грејпфрут, ананас, јагоди, лимони, малини, капини.
Значи пробав, делува ама многу ми беше досадно после 1 недела... Од утре сум на УН! Секоја чест на тие што со ќејф бројат калории!
Треба дневно да се внесува во просек 1200 калории без физичка активност, а со физичка активност максимум 1800 калории. Значи за да се осеќаш сит не зависи колку калории ќе внесеш, туку што ќе внесеш во организмот. Пример јас можам да изедам еден мал хамбургер од Мц кој впрочем содржи минимум 300 штетни калории а пак да не се осеќам сита. А можам да изедам и две јаболка (едно јаболко има во просек од 50-70 калории зависно од големината) и да се осеќам сита, а притоа да имам внесено пример 100 здрави калории.
Калориите немаат никаква врска со килограмите т.е. не ги гледај само како мерна единица за тежина. Калориите се хранлива вредност потребна на организмот за секојдневни активности. Доколку не вежбаш, не се движиш многу, на дневна база треба да внесуваш околу 1200-1400 кал, зависно висина, килажа, мускулатура, години итн. А не значи дека бројот на калории има врска со ситоста. Некој може да внесе до 1000 кал и да е сит а некој не е сит и со 2000, се е индивидуално. Ама овде се работи за што е нормално, а што не е, ако сакаш да ослабиш или да држиш линија. Инаку 1кг во калории изнесува 7000 (ако добро паметам) па удри математика колку ти треба за слабеење дневно да намалиш калории.
Овде има за повеќе продукти, мислам дека е дадено страница претходно. http://www.femina.mk/out/?id=7d80e15e5f ... ablice.htm Инаку луѓе се знае што е здрава а што нездрава храна. Не се ослонувајте многу на калориите. Еве, пирошката воопшто не е убава за јадење затоа што спаѓа под пржена храна и нормално дека дебелее. Сега, понекогаш е во ред да си приуштиш такво нешто ама не е убаво да се јаде. Ако 1200 калории треба да се внесуваат дневно не значи дека треба два сендвича на пример да се изедат и да се достигне 1200. Во тој случај сите калории доваѓаат од нездрава храна, нема врска што не си ја поминал границата од дозволени калории.
Оваа таблица со калории е доста исцрпна и има скоро за секој производ, па дури и за готвени јадења. http://www.dijeta.net/tablice/tablice.htm
ТАБЕЛА НА КАЛОРИИ Забележав дека нема табела па се надевам дека ќе користи ХРАНА-КАЛОРИИ Јагнешки бут-266 Јагнешки врат-315 Пилешки гради-110 Пилешка кожа -276(од1/2пиле) Свинска Кима-263 Свунски бут-269 Свинско каре-329 Телешка Кима-332 Телешки стек-124 Телешко филе-109 Сланина-900 Шунка-93 Маслинки-115 Кашкавал-145 Пармезан-452 Сирење кравјо-300 Сирење крем-297 Сирење фета-250 Кисело млеко 3,6-60 Домат-17 Краставица-10 Морков-41 Чушки-20 Тиквичка-20 Карфиол-34 Јагоди-27 Јаболка_42 Цреши-48 Киви-49 А Л К О Х О Л Вино бело-65 Вино розе-62 Вино црвено-70 Водка-231 Џин-231 Мартини-175 Шампањско-126 Кисело млеко 0,5-37
ХРАНА_КАЛОРИИ Мајонез Деликатес-729 Мајонез Диет Дијамант 50%-454 Мајоназ Полимарк-710 Маргарин-750 Маргарин лајт добро утро-225 Маргарин Софт-225 Масло Сончогледово-900 Маслиново Масло-896 Јајца-162 Јајца Омлет(сланина и сирење)285 Жолчка-368 Белка-45 Макарони/Шпагети варени-141 Палента-44 Пица-1230 Кифла-263 Сончоглед семчиња-575
Табелава од рици.аааа делумно е точна. Све на свему треба да се пази ШТО ПОТОЧНО се тие калории. Ако има 100 кцал а е преполно со масти, не значи дека е во ред. Чисто како совет ова нека дојде. Треба да се спомне пример- мастите во јајцето лежат поточно во жолчката. што значи има витамини но холестеролот живее таму. И логично-за диета баш и не е кој знае колку поволно. Додека пак белката може да се јаде колку сака бидејки е ослободена од масти а е богата со протеини (кои и не дебелеат баш). Исто така и за туната-богата е со аминокиселини, кои помагаат за убрзување на метаболизмот (што ни помага да слабееме), полна е со протеини и нема јаглехидрати. Исто така е и со пилешкото месо... и тн.
Маслото колку калории има во салата? Ако има на 100 грама 900 калории отприлика колку би требало да има во салата, 100?
Конечно нешто добро напишано! Баш ми е мило што ме разбра,овие табели за калориите ми се запишани нешто од интернет нешто од мојот матичен доктор бидејки имав холестерол и тоа добро покачен ми требаа 3 месеци со таква исхрана за да се добие добар резултат да се намали холестеролот и добив супер килажа отогаш помина некое време сега имам покачено килажа и затоа ке практикувам нешто како диетата за холесторолот,поточно табелава ќе ми помогне .....Биди ми поздравена