Јас кога престанав да “бројам“ калории, тогаш почнав да слабеам. Значи најневеродостојно нешто. Никогаш не можеш точно да ги изброиш, никогаш. Taка да женски, не се замарајте, квалитетот секогаш бил пред квантитетот. Хранете се здраво, не прескокнувајте оброци, избегнувајте јадење навечер...се` друго само по себе ќе си дојде.
Знам често да погледнам во нешто колку калории има,ама не до степен да сум опседната. Се сложувам со Теси,имаше еден период,пред летниот одмор,каде броев калории на се живо и диво,а резултати слабо.Само движење,му е мајката.Кога бев во канцеларија,на столче,јадев житарки,леб не ставав во уста,вечера јок,ама кг никако не ги снемуваше.Со оваа другава работа,нон стоп трчање ваму,таму,а јадам и доста повеќе ,ми се случува до ручек да јадам т.е. доручкувам 2 пати ,и обавезно благо,а слабеам.Умереност и физичка активност,барем половина час дневно.Ако имате 2 постојки за дома,изодете ги пешки.Јас така правам секогаш,успева
Мислам дека има околу 200 калории, зависи и од големината, немојте да се залажувате со малите ѓевречиња на Жито Лукс, иако се мали тежат подеднакво па и повеќе од обичниве ѓевречиња од количка што ги купуваме, бидејќи се варени и тестото не нараснува туку останува толкаво, додека обичното ѓеврече нараснува и нормално делува полесно. Ѓевречето ти е одлична храна за појадок, бидејќи содржи прилично малку калории за таков вид на храна, најадува и во комбинација со јогурт зависи кој колку јогурт пие можеш да остигнеш некој оптимум до кај 300 калории, таман за доцен појадок или во диета ручек. Мене броењето калории многу ми помогна, во комбинација со шејкот не внесувам повеќе од 1000 калории во денот што ми е мене 200 под оптимумот. Дали се знаеле дека доколку една недела внесувате 500 калории помалку ќе ослабете половина килограм повеќе, мене ми е нереално некој да внесе само 700 калории да речеме од оптимумот, но ете некому му успева цел ден да грицка краставичка и да изеде само чинија зеленчукова супа. За разлика од порано сега јадам се, синоќа дури и претерав, јадев три врсти благо, чоколатце, мексиканското колаче и сладолед, за вечера Смоки, луѓе се преородив, моите смоки содрќат само 80 калории препорачана порција, половина ќесичка од малите.
^ За Радлерот и мене ме интересира Знам со сигурност дека има помалку од обично пиво. Но колку точно не знам. Видов на странски форум нешто 110 калории. Инаку црешите во 100 грама околу 100 калории има. Но 85% од црешата е вода. Мене искрено не ми е јасно зашто се интересирате за калориите на овошјето. Тие содржат вода и брзоразградливи шеќери. 200 калории од пица и 200 калории од цреши не е исто. Цифрата е иста, но самото варење на храната не е иста. Со едното желудникот се мачи и цревата наши, со другото каде каде ни е полесно и на стомачето и самото разградување
Море Роси, јас се си мислам дека има повеќе од обичното кое има 60 калории на 100 грама. Некако ми се ослади, па да знам дали да го пијам А за црешите ме интересира оти ако седнам да ги јадам можам цело кило да изедам, значи 1000 калории
Eпа пишува 100 грама 103 калории. А и друг податок 1 цреша 4 калории имала. Јас според моите теории овошките се добри за нашиот организам, не верувам и 100% сум сигурна дека човек не може да се здебели од прекумерно јадење на овошје Па овошките се полни вода, витамини и брзоразградливи шеќери, дури и нели не тераат во вц да одиме, за разлика од брзата храна која има спротивен ефект и ни создава тврда столица. Јади и ич да не ти е брига. И јас ги јадам деновиве ко луда нив и кајсиите
Имам вишок некои 10 кг.Сега почнав да постам и сум само на зеленчук.Од вчера возам велосипед по 1 час.Се чувствувам подобро.Вреди да се проба да се биде упорен. )
Дури и кога не планирам да бројам, потсвесно го правам тоа, ми влезе во навика. Не сум опседната да гледам до точна цифра за пресметки на се што јадам, ама одприлика знам како се движат калориите, па имам навика да додам некоја калорија повеќе во пресметките, подобро него ли да си кратам и да си правам филм дека сум внесла помалку во денот. Организмот работи по проста математика, да внесиш онолку колку што ќе потрошиш ако сакаш да држиш линија, а помалку ако сакаш да ослабиш. Најлесен начин за слабеење, здраво, зависно нели и од квалитетот на храната што се внесува.
http://www.covermagazin.com/tablica-kalorija.htm На истава оваа страна има во една статија како да прерачунаш колку калории во денот се потребни според тежината за одржување на истата. Тежината x 31, на пр јас сум 60кг x 31 = 1860 калории, значи за да ослабам треба да внесувам помалку од овие.
Wiki.Answers викаат дека една шолја кафе содржи најмногу до 5 калории, зависно од количината на кафето во него. Е сега, ако ставаш шеќер/млеко или некои други адитиви во него калориите нормално растат. Со две лажички шеќер има некаде од 30-50 калории, и повторно ќе кажам - зависно од количината што е додадена.
Јас најдов една многу добра апликација на телефонов, се вика My Fitness Pal, ја има на сите андроид телефони 100% и ги има буквално сите јадења со колку калории се, и на почеток на апликацијата те прашува колку кила имаш, колку кила сакаш да ослабеш и колкава ти е висината и веднаш ти кажува по колку калории треба да внесуваш дневно и за колку недели ако се придржуваш до бројот на препорачани минимални калории ќе ослабеш. Има посебна опција за доручек, ручек, вечера и за ужинки и + доколку вежбаш ги има во опција мислам дека сите можни вежби (да не претерувам ама повеќе од 300 има) и на пример ако си правел стомачни колку калории си согорил, и за домашно приготвени јадења сите состојки ќе ги внесеш и можеш да го зачуваш рецептот и колку калории има. Се на се, мене ептен ми се допаѓа ама пренапорно е за мене. Кој има време и живци да го расчепка цело милсам дека ептен ќе му биде од корист.