Првите движења Иако бебето се движи многу порано, првите движења мајката вообичаено почнува да ги чувствува помеѓу 18 и 25 седмица. Мајките со прва бременост поголема е веројатноста да ги почувствуваат движењата покасно и поблиску до 25 седмица, а ако се работи за втора, трета итн. бременост, веројатно дека движењата ќе ги почувствуваат порано и поблиску до 18 седмица. Новите мајки обично на почетокот не се сигурни за што се работи. Често пати мислат дека се работи за гасови во стомакот. Најчесто мајките првите движења ги опишуваат како пукање на пуканка, движење на крилја на пеперутка и сл. Со текот на времето ќе научите да ги препознавате движењата на бебето. На почетокот движењата не се приметуваат така често. Можеби еден ден ќе приметите неколку, а наредниот нема да забележите ниту едно. Тоа е сосема нормално. Понатаму како бебето расте, движењата ќе ги чувствувате почесто и посилно. Нема некој шаблон по кој ќе се движат работите. Немојте да се грижите ако тоа што го чувствува вашата пријателка не е тоа што го чувствувате вие. Разликите се сосема нормални. При крајот на бременоста како што просторот во матката ќе станува потесен, така и движењата на бебето ќе бидат поограничени. Наместо силни клоцања и превртувања, повеќе ќе чувствувате како бебето се протега или врти. Многу жени најсилно ги чувствуваат движењата навечер кога ќе си легнат или ќе се смират. Кога да се почне со броење на движењата Броењето може да започне во седмиот месец, односно околу 28-30 седмица. Како се бројат феталните движења Пронајдете време од денот кога бебето е најактивно, а вие можете да одвоите неколку часа. Веројатно сте приметиле дека бебето е поактивно откако ќе јадете или ако сте поактивни. Наместете се во удобна положба. Некои мајки сакаат да седат со потпрен грб, а рацете да им бидат на стомакот, некои пак преферираат да лежат на левата страна. Лежењето на левата страна ја подобрува циркулацијата во матката, а тоа може да предизвика бебето да стане поактивно. За да биде бебето поактивно, можете претходно неколку минути да прошетате или нешто да каснете. Земете лист хартија, пенкало и часовник. Запишете го датумот и часот. Броењето правете го секој ден отприлика во исто време. Забележете го времето кога ќе го почувствувате првото движење и запишете го. Бројте го секое движење. За да не заборавите до каде сте, за секое движење пишувајте знак - на пример X. Кога ќе го почувствувате десетото движење повторно забележете го времето. На овој начин ќе имате увид колку време му треба на бебето за да направи 10 движења. Ако бебето не е многу активно (бебињата имаат и циклуси на сон, па ќе треба да го разбудите), станете, прошетајте, каснете нешто, напијте се сок или вода и почнете одново со броењето. Броењето се прави секој ден. Ако ги следите горните упатства, а не почувствувате 10 движења до крајот на вториот час јавете се кај вашиот лекар. Во броењето на движењата вклучете ги сите движења: клоцање, превртување, потскокнување итн. Исклучок е икањето на бебето. Најверојатно дека бебето ќе прави 10 движења за помалку од 1 час, можеби и за помалку од пола час. Она што е важно е да нема големи отстапувања во споредба со претходните неколку дена. Ако има значително намалена активност, јавете се кај вашиот лекар. Еве како би можела да изгледа една листа: Седмица Понеделник 9:00 X X X X X X X X X X 9:45 мин. Вкупно: 45 минути Вторник 9:00 X X X X X X X X X X 9:32 мин. Вкупно: 32 минути Среда 9:00 X X X X X X X X X X 10:00 Вкупно: 1 час Четврток 9:00 X X X X X X X X X X 11:00 Вкупно: 2 часа Во четврток веќе има значителна разлика, во таков случај е потребно да се појде на лекар. Кога да се јавите на лекар Ако има помалку од 10 движења во еден час. Ако има значителна промена во времето за кое бебето ги постигнало движењата. Ако нешто ви е сомнително, слушајте ја вашата интуиција.
Фала за темата и за деталното објаснување, многу ќе помогне кога ќе дојде време. Многу убаво е напишано.
Денес бев на преглед си се Бебето секој ден мора 10 пати да мрдне најмалку и да бројам. Ако мрда помалку да се јавам на преглед.
За мрдањето, рано ми е за броење ама да си прашам, 10 пати во различен дел од денот издвоено, или 10 пати вкупно па макар да е неколку пати мрдање едно по друго? Мене бебчево кога ми мрда знае да мрдне во 20мин пола саат 30 пати или во смисол на неколку секунди повеќе пати.
Извини, ама твојов матичен да не претерува? Има денови кога бебето е помирно или поспано и само трипати да мрдне. Мене така ми кажа мојот гинеколог кај што одам. И што ако мрдне девет пати? Зарем и тогаш одма на преглед. Малку ми се чудни некои гинеколози.
Mene ima den koga voopsto ne mi mrda.Me faka panika.Porano poveke go osekav.Mislev vo ovie nedeli poveke ke se oseka ama ne.Neznam zosto
Сепак е претерано. Мајката може сама да почуствува дали е раздвижено бебето и без броење. Освен тоа бебушките некои денови се помалку активни. Ако почуствуваш движење 8 пати, а не 10 треба од памет да се вадиш? Дај цртки ке ставаме колку пати мрднало. Со сила ни удираат на психа.
Поназад е една недела а инаку битно ми рече 10 движења. Рече може цел ден да не мрда ако вечерта направи 10 и повеќе движења ок е . @Black girl мислам дека и 10 движења не се многу ако имаме предвид дека бебушките се баш активни и може во денот и по 30 пати да мрднат. Затоа лично мислам дека стварно 10 пати е нормално. Помалку би ме загрижило реално и без оба да го знам
Абе да, ама ако ми веруваш дека имало денови кога цел ден не сум го осетила, може само двапати, било поспано, а и јас па и во движење, па и затоа може. Пиев тогаш и кафе и благо јадев, ама ете мирничко си било. Затоа мислам дека претеруваат со ова броењево.
Знаеш дека и јас пишував, имав досега неколку дена кога по цел ден го немаше, дури вечерта еднаш два пати. На почетокот кога не бев сигурна дали е тоа тоа, сигурно не беше секој ден. Не знам која недела си? Едно научив за бременоста, нема правила! Друго ништо не знам Ако еден ден не мрда, а наредниот да, тогаш нема проблем. Кај мене ако денес е слабо, утре цел ден мрда. Некогаш и не ги осеќаме ако сме во движење или галама.
Може стварно незнам ќе почнам со броење па ќе видиме. Инаку за броењево имам читано и на други места и по форуми. На едно место читав и за друг начин на броење ама неможам да се сетам како беше.
Мене ми рекоа да не бројам. Секое бебе е различно и не мрда исто секој ден. Др.ми рече тоа било глупост. Треба да мрда секој ден а колку може да се разликува. Ми кажа случај за пациентка, цел ден активна натаму наваму не го осетила ни еднаш. Кога дошла на ехо бебево мрдало нормално.Ми рече само ако го нема цел ден обавезно да се јавам.
Јас не се замарав со броење. Инаку како може матичен да рече ако бебето не мрдне 10 пати, да се јавиш на преглед. Ептен безвеза е... Имало денови каде ич не мрдале бебињата кај сите нас, треба да знае тој, а не така да те плаши.
Мене исто ми рекоја да бројам. Мораш да бидеш во лежечка позиција и да броиш. Ако во рок од 1 час не изброиш 10 движења ќе се размрдаш или јадеш или нешто слично и подоцна ќе пробаш повторно.
Ама жени, броењето е за последните недели (9 месец) пред породување, не за цела бременост. Ако не дај Боже нешто не е во ред, по присуството/отсуството на движење се забележува. Опуштете се, не се замарајте безпотребно.
Не се замарав со ваква работа.. не ни знаев дека имало правило да мора да мрдне толку и толку пати... битно си мрдаше чат пат, а колку пати незнам, но ептен мирен беше и се случуваше и по цел ден да не го осетам и во подоцна бременост
Вчера и Димчев го прашав за броењето. Глупост рече. Кога сум во движење не го осеќам. Зар би требало по цел ден да лежам и бројам. Мене ова ми е невозможно.