Оваа диета е одличен извор на витамини, го забрзува и регулира метаболизмот. Веќе знаете дека брокулите се едни од најздравите зеленчуци, а сега испробајте ги и за слабеење и подобрување на благосостојбата на организмот. Првите 6 дена се основната фаза на диетата, а следните 4 дена се дополнителни. Ден 1 и 2: Појадок: варени брокули без сол, 1-2 чаши црн чај без шеќер. Ручек: 150 гр варено пилешко, супа од зеленчук по избор, 100 гр варени брокули. Вечера: 250 гр варени брокули, 1-2 чаши црн чај без шеќер. Ден 3 и 4: Појадок: варени брокули со малку маслиново масло. Ручек: брокули со домати и кромид, парче варена соја 200 гр. Вечера: истото мени како и појадокот. Ден 5 и 6: Појадок: салата од брокули со павлака и 150 гр варено телешко месо. Ручек: 200 гр брокули и чаша кисело млеко. Вечера: варено телешко 150 гр и две чаши зелен чај. Последните 4 дена: Појадок: варени брокули и две белки од јајце. Ручек: риба на скара 200 гр и 150 гр брокули со свеж магдонос. Вечера: 4 лажици овесни јатки со јогурт. Вечерата не треба да биде подоцна од 19 часот, а пред спиење се препорачува да се пие по 400 мл зелен чај без шеќер. ... Што мислите за оваа диета феминки? Случајно ја пронајдов на www.lady.mk и сакам да знам дали некој ја има пробано и има искуство со неа или пак можеби има слушнато од некој. Мене искрено многу ме заинтересира, но пред да ја пробам би сакал да слушнам ваши мислења!
Јас од наредната недела ќе пробам да ја почнам,јадам се од ова дури брокулата рибите и овесот ми се омилени па се надевам ќе успеам
Јас ќе частам ако ја најдам правата диета. Мојот проблем е што пред околу 6 месеци ги оставив цигарите кои ги пушев во голема мера 7-8 години. И почнав во замена само нешто да јадам и се повеќе се дебелам. Држев диета со зеленчукови чорби без месо и со варено пилешко, наизменично по два дена. Ослабнав што ослабнав, и ми се згадија тие јадења, па кога си почнав од питите на мајка ми, полнетите пиперки и тн, се дупло јадев и се ми беше дупло повкусно и дупло се здебелив. И СЕГА СТРАВ МИ Е СО ДИЕТИТЕ, А ТОЛКУ САКАМ ДА СИ ОСЛАБНАМ, КАКО ШТО СИ БЕВ ПОРАНО. Ништо од облеката не ме собира. Верувам дека и многу од вас ја имаат оваа желба и ако навистина оваа диета помага испробано, нека напише некој од свое искуство. п озд.
Јас би ви препорачала да избаците од употреба соини шницли, трошки и остали тракатанци, наместо тоа ставите пак парче риба или ако не сакате риба замените со некој зеленчук (на пр. зелка). Општо познато е дека соините продукти се ГМО. Малку насловот 10 дена - 10 кг е преамбициозен но рачунајте и на јо-јо ефект од оваа диета.
Мислам дека диетава може да има многу негативни последици. Јас брокула обожавам, меѓутоа не јадам повеќе од 500 грама на 4-5 дена поради тоа што брокулата е еден од најмоќните природни лаксативи. Ама ете, нека не е до тоа, не знам дали знаат оние со камен во бубрези дека со овие обемни количини брокула може да се влоши премногу ситуацијата до степен на неподносливи болки, а оние кои се здрави со обемно консумирање на зелена салата, карфиол, зелка и брокула може да добијат исто камен во бубрег. Затоа се во умерени дози