Сакам да си купам бронзер но незнам од која фирма пак се најдобри, дали користите бронзер (бронзена камена пудра, како уште ли се вика?) и од која фирма според вас се покажал како најдобар? Го меркав на Мис Спорти бронзерот меѓутоа велат не биле тестриани дерматолошки ако некој имал било какво искуство со оваа фирма нека пренесе.
Art Deco, овој го користев пред да почнам да користам само перли за лице. Одличен е, но повторно не може да дојде на ред од перлите зашто бавно се трошат.
Јас имам проблем во наоѓање на бронзер тука затоа што сите се со светки а јас обожавам мат. Па ако некој знае некој мат бронзер, нека ми каже
Руменило за лице Девојки, дали некоја од вас има користено бронзер на Аура? Ми изгледаат многу солидно а имаат и ептен примамлива цена, 260 денари.
Јуху, еве ме Искрено мене многу ми се бендисува. Прво, има две нијанси ќе видиш на лице место. Тој што го гледаш кај мене во козметичкото катче е 905 (посветла малку верзија). Мислам дека бронзеров има баш добра цена за тоа што го нуди! Инаку убава е нијансата и остава нежен светкав финиш (слично како руменилата на Буржоа). (извини не сум видела дека си прашала )
GOSH Giant sun powder, ме трае од октомври 2009. И уште не е потрошен. Го користиме и јас и мајка ми, претходно и сестра ми ми го крадеше, ама не и стои на неа многу убаво, па прекина. Околу 800 денари е, меѓутоа вреди навистина. Имам и од AVON ама џабе фрлив пари. Многу е портокалов.
Користам бронзер од Маc-Refined Golden и презадоволна сум, има малце светки ама ептен нежно и преубаво изгледа. Еве овој
И јас го имам тој од Аура и сега за сега сум задоволна, нов ми е, за понатаму повеќе ќе кажам, сега си ставам онака на јаболчниците од него, а со душа чекам да се потстопли и да се посончам па да ставам на раменици и мегу цицки абе нема да се заебаваме, пич*ца сум или шо
И јас го имам овој, и многу е убав. Број 905 е. А за тие што сакаат мат бронзери, без светки, ќе им одговара бр.906
Не. Бронзерот дава, како да ти дефинирам....Бронзен изглед на лицето. Сјај. Особено е добар во лето, кога се става на места каде што удира сонцето и изгледаш неодоливо секси на тој начин. Може да се користи и наместо руж, може и двете.
Го имам тој позлатестиот од десно,прекрасен е,а чини многу малку,не би го менувала,во лето цело време го користам
Јас го користам бронзеров и супер е,мене многу ми одговара дава природен изглед не е ни премногу темен не е ни светкав супер е
Верувам и ова може да се смета за бронзер, јас го користам подолго време , секако потемната нијанса и сум многу задоволна , пред се затоа што дава мат изглед на кожата.Инаку неретко се случува да го користам како замена за руменило, особено во летните денови , кога сакам да кожата да ми го има оној sun kissed шмек Сепак најчесто го користам во комбинација со руменило , при која дотичниот таконазван бронзер си има улога за истакнување на контурите , поточно а и особено нагласено , најчесто јаболчниците , малку на брадата , околу челото и страните на носот, за визуелно да го исправи и намали Според мене , па да го препорачувам, неможам да се пожалам на портокалови нијанси или нешто слично.
Скап ли е бронзерот на аура,сакам да го пробам,досега не сум го користела,а имам темен тен и да пробам
Јас се мислев дали да го земам бронзерот на Аура ама за лето ќе ми се погоди дефинитивно така да за тие пари го земaм одма