Кожата ми е бела и мислам дека имам проблем за наоѓање на вистинска добра нијанса на бронзер. Не сакам да изгледа после нанесувањето како да сум се извалкала или па ептен да биде темен. Ако знаете некој за бледа кожа што сте го пробале ве молам да ми препорачате
pipi.girl дали си ги разгледала бронзерите на есенс? или па на катрис? еве ги нијансите за најсветла кожа
И јас сум бела и користам 2 нијанси потемна камена прудра како бронзер. За бронзер доволно светол тешко дека ќе најдиш, сите некако калливо изгледаат, барем на мене. Освен ако бараш бронзер со светки, камена прудра ти е мислам најсигурна опција.
Истата финта и јас ја применувам. Сепак сакам да пробам со бронзер Ако најдам некоја добра нијанса ќе пишам тука, ако не ќе си купам потемна нијанса на камена пудра
И јас го видов овој вчера у Космо. И одма се вљубив. Тотален summer look! Иако не би контурирала нос, чело, врат со овој. Сепак идеален би бил за образи, рамена и некои делови од тело. Го ставам на shopping листа!
Каде можам да најдам бронзер (немаме мислам посебен збор во речникот за ова што го барам) што има кафено-сива боја, не многу темна. http://4.bp.blogspot.com/-ZmZK9DzAJ...owder Blush - Contour Powder - Review (3).JPG Причината поради која барам нешто такво е тука http://nuralaynbeauty.com/2014/10/23/bronzer-vs-contour-powder/ https://www.youtube.com/channel/UCGqFKx7-wVwMDmaku1unkBQ Гледајќи ги видеата на типов сфатив дека за контурирање е многу подобро да се користи бронзер со сив подтон со цел да се креира сенка. За жал кај нас не сум сретнала нешто вакво, сие се со портокалов или розев подтон, па ако некоја ме просветли ќе бидам пресреќна.
ова што го барате е руменило на NYX поточно под името Tauper , може да си порачате од ибеј не е скапо
Фала многу, баш такво барам, само да не е со порачување бидејќи немам картичка, а и ме мрзи да чекам А бидејќи како што гледам нема кај нас, ако видите мат сенка во таа боја или нешто слично, ве молам споделете http://4.bp.blogspot.com/-ZmZK9DzAJ...owder Blush - Contour Powder - Review (3).JPG
http://www.temptalia.com/guerlain-clair-02-meteorites-pearls-review-photos-swatches и search-ни си на гугл "guerlain meteorites dupe" ако те интересираат поевтини слични продукти
Препорачајте ми фин мат бронзер како за девојка со светла коса и светол тен ? Не сум ограничена со цена, но сепак не сакам да не биде нешто претерано над 1000 денари, не вредат до толку. Не знам зошто, ама што и да купам или има премногу светки или бледнее по неколку часа и едноставно не ми е по вкус. До сега сум користела Артдеко, го имав многу одамна уште како средношколка, но за жал го повлекоа од продажба, а баш ме интересира какви бронзери имаат моментално и дали вредат за таа цена која очигледно им е висока, претпоставувам имајќи ги предвид цените на нивните производи. Потоа го купив оној од Есенс, кој патем ми е омилен ама толку долго го користев и некако ми е здосаден, па навистина очајно сакам нешто ново; и последно го купив оној Sunkissed од Аура и баш ми е онака просечен - нема многу светки низ делот со бронзерот, но јас сакам тотално мат зашто ми се уврте во глава дека поради тоа што имам мрсна кожа светките ми делуваат премногу нападно на дневно светло. Можеби муабетот за светките ми нема врска и само сакам нов и убав бронзер, затоа давајте предлози. П.С. Макс Фактор не ми се допаѓа, премногу е светкав за мој вкус. Заборавив да кажам дека го користев на кратко еден период и го забаталив, баш поради таа причина.
Ова на NYX многу го споредуваат со сенката за очи на Есенс (Мy favorite topping). Имам гледано туторијали каде што ја употребуваат и за контурирање па може да се проба.
Мишела си ги ѕирнала на Севнтин? Не ми текнува дали имаат мат, јас користев еден доста светкав и морам да ти кажав дека се одличен квалитет и навистина долго траат. Околу 370 денари се, вреди да ги пробаш ако си најдеш нијанса.
Ќе проверам подоцна дали има мат, успат ми е Космо. Не знам како не ми текна на Seventeen, баш ќе разгледам што имаат. Се мислев за Deborah, ама ништо не ми се допадна. Ајде ќе видам, како минува време Аура ми е се подобар.
Аура зборуваш за тие во големи златни пакувања што им се? Јас и од тие го имав тој светкавиот, а имаше и мат, ако не збориш за тие вреди и тие да ги погледнеш. Едниот беше со светки, другиот мат, а третиот комбинација. Супер се и многу се големи.
Мојот е комбинација, оној со сонцето - Sunkissed. Делот во облик на сонце е како шимер, а мене ми е одличен како светкава сенка за очи, се добива многу убав изглед, а останатото не е мат, пак има светки иако не се распределени во многу голема густина, сепак се познаваат. Сакав некој скроз мат од типот на Есенс, ама или ќе се вратам на него или ќе продолжам да го користам овој од Аура, барем за сега.