Одамна го користев матот на Есенс, и светкавиот посветлиот (веќе го нема, за жал), сега планирам да си земам пак некој од нив. Кој одговара повеќе на светол тен со жолт подтон?
Оној со ознака blondes е посветол, скроз мат и навистина има фина структура. Мислам дека тој повеќе ќе ти се допадне. Другиот - brunettes е доста потемен, ама јас сум премногу светла па не знам колку би можела да се ориентираш по мене, навистина ми е многу многу темен.
https://www.google.com/search?q=seventeen bronzer&biw=1366&bih=643&source=lnms&tbm=isch&sa=X&sqi=2&ved=0CAcQ_AUoAmoVChMIsJD0s47ZxgIVpWtyCh1XQwHT#imgrc=ZFJBPZQ21A5kVM: цена на бронзeров или некој сличен со светки- препорака и ако може цена на истиот?
Пријатно се изненадив од бронзерот на Лукс од Авон. Дали им е точно тоа дека има килибарни честички не знам, ама не е ни важно, стварно е супер. Убав е сјајот што го остава.
@Mishela И јас би ти до предложила тој на Севентеен, не можам да ти опишам колку многу ми се допаѓа, јас го имам 02, има светки дискретни и одлично изгледа на лице а и цената е супер.
И јас сум во потрага по таков бронзер. Се што сум пробала досега било портокалово. Освен ова Половинчево Бојата е баш како за контурирање ама мене некако ми беше бледо, не ми се познаваше доволно. Па за тие што имаат баш светла кожа го препорачувам. Јас сеуште ќе барам некоја потемна нијанса, ако не ќе ја пробам сенкава од Есенс, веќе размислував на таа тема. Да земам сенка за контурирање
Јас ја имам сенката на Essence - My Favorite Tauping и бронзерот на NYX - Taupe и можам да потврдам дека се одлични и скоро идентични. Ги препорачувам за оние што бараат бронзер со ладен подтон. Бронзерот на NYX го нема кај нас, мојот го земав од eBay, а сенката на Essence се наоѓа во ДМ. * сликава е од блогов (го најдов на нет) и има по некој збор за сите 3 производи.
Го има ли некоја пробано бронзеров на Boujours?Кои нијанси ги има кај нас? Дали е мат? И ме интересира да не удира на портокалово?
Ја купив вчера сенката Essence - My Favorite Tauping и ризикував да ја пробам вечерта за свечена пригода. Не можев да верувам на резултатот, се заљубив! Ја користев и за контурирање и како сенка и презадоволна сум! Се надевам дека нема да ја повлечат скоро. Фала многу на сите што ја предложија
Сенката на Essence мислам дека беше 210мкд @Elence93 од таа причина јас откако ја пробав и видов дека ми одговара си купив уште една Што си е сигурно, сигурно е
Oд линијaтa I love nude e тaкa? oвoa руменилo nyx гo бaрaв вo aleksandar kozmetiks aмa ги немaa oвие руменилa и се oткaжaв. Сите брoнзери штo сум ги имaлa нa пoртoкaлoвo мaвaaт. Oвa бaш супер изгледa
Хaхaх бaш тaкa. Амa е супер зa брoнзер, сегa се нaдевaм декa ќе јa нaјдaм пo штaндoвите нa есенс А вчерa низ кoлку дм пoминaв гледaв др рaбoти зa тoa не ми текнa
Јас го користев овој пред неколку години. Не знам колку нијанси има кај нас, не го купив откај нас ама мислам дека се достапни само две, а ништо чудно и да нема воопшто избор со само една нијанса. Јас ја имав истата оваа од сликата (52), не е воопшто портокалова, баш е таква ладна боја за контурирање без портокалови примеси, многу ми се допадна. Целосно е мат, убаво се слева со тенот и одлично легнува над течна пудра. Има и нијанси со светки, но обично на самата амбалажа е нагласено доколку бронзерот е мат, овој е таков. Скапичок е, стандардно како и сите производи на Bourjois - го купив 10 евра.
Не сум го пробала и не знам каков е, ама ако е некој во потрага по бронзер може да го проба, доста солидна цена има.