Јас не сум многу љубител на бронзери со светки.Ми се допаѓа на исунчан тен како стои или врз руменило така да се добие некоја кафенкаста нијанса и да се истакнат контурите кај образите, не за други места.Јас го добив на поклон тој од Аура и не е лош долго време ставав од него мешано со руменило, но тоа беше пред да почнам да употребувам хајлајтер.Светкав бронзер не се комбинира со светкав хајлајтер.Јас тоа не сум го ни практикувала, пошто некако логично ми е дека премногу ќе свети, ама Марио Дедивановиќ баш во оние видеата кај што ја шминка Ким кажуваше дека многу девојќи ја прават таа грешка и потоа се добива ефект како да изгледате извалкано, неуредно од тоа што не се знае каде е свртено вниманието. Сега користам мат бронзери за контурирање, ја имам онаа палетата за контурирање од Kat Von D Shade+Light,многу сум задоволна, многу е пигментиран , средната нијанса ја користам постојано, прекрасна нијанса, природно изгледа, средната светла ја користам за под очите, ова ми е еден од омилените продукти ever Сега не можам да замислам само руменило да ставам, а да не ставам од ова.Лошото е што не можеш рамномерно да ги искористиш сите,а не се продаваат на дополнување, ама има време додека да се потроши ќе се најде решение
Ве молам препорачајте ми бронзер што може да се купи во Македонија, што е прилично светол. Јас имам многу светол тен.
Пробај ја камената пудра на S.he, во ДМ ја има, земи некоја потемна нијанса од твојата кожа, многу лесно се нанесува и е целосно мат, а цената е пристапна.
Тој на Есенс е многу убав и е од поевтините што може да се најдат кај нас. А можеш да купиш и камена пудра во потемна нијанса, на S.he се сосема ок.
Според мене најдобар бронзер е L'Oreal Glam Bronze, но за жал го нема повеќе кај нас во продажба. Можете да си го набавите онлајн, нема да згрешите.
Хаха фала, јас не сум во тек. Предлог за некој бронзер кој нема да биде портокалов и многу светлав, туку ќе дава природен изглед? И не многу скап.
Го имав многу одамна, изгледа пак ќе му дадам шанса. Која цена е големото пакување (ако уште го има)?