Луѓе,бронзер подобар од ДИОР нема..јас идев на солариум,али пошто сум многу бела,не добив и баш некаква боја..Но,завчера кога славев матура,братучетка ми , ми го позајми нејзиниот бронзер..и добив неверојатна боја.. али тука кај нас, не се наоѓа,она го купи во Германија..исто,би го пофалила и Макс Фактор бронзерот,уствари тоа повеќе личи на течна пудра,али е бронзер..кој му дава убав сјај и боја на телото!!
Бронзер има во вид на пудра, прав и течен. Диор бронзери има и во Македонија, а дека е најдобар, не е. Односно не можеш да го заклучиш тоа ако не си пробала повеќе типови на квалитетни бронзери.
Твое мислење,сепак..не сум знаела дека има и тука..јас мислам дека е најдобар,оти на матурата..бевме едно 30 девојки кои користеле солариум,а потоа и бронзери..јас сум многу побела од нив,а таа ноќ мојата боја се разликуваше од нивната..многумина ме прашаа кој бронзер го користев..имаш право,не сум користела многу бронзери..али според проценката од таа ноќ,заклучив..и уште нешто,дали го има ДИОР во UNIQUE ?? и да,за малку да забораев.. спреј (бронзер) од ТЕРА COTТA може да се најде кај нас или не??
Имам прилично светол тен и некако си мислам ако ставам бронзер нема шанси да ми одовара. Користам руменило во перли од Авон, но сакам да си купам бронзер. Некоја нијанса да ми препорачате? НЕкако ова на Аура што го има постирано страници наназад ми е претемно.
^Има нијанси на бронзери, исто како што има и на пудри. За посветол и потемен тен. Во парфимериите би требало да те упатат кој ќе ти одговара.
И јас сум бела може да си најдеш соодветна боја на тенот мислам сепак треба неколку нијанси да биде потемен од бојата на твојата кожа најдобро би било летно време на избереш бидејки тогаш ке ти биде најпотребен бидејки ке си исончана
Asja, тој бронзер што го бараш ти е од фирмата Guerlain , а нијансата е Terracotta . За жал кај нас го нема. Евентуално во Фри Шоп можеш да го најдеш, или најблиску во продавницата за козметика Сефора, во Солун. тука го нема. http://cafemakeup.com/wp-content/upload ... 24x631.jpg
Jас сакам да го купам овај бронзер на боржуа,а јас глупава мислев дека е пудра во прав Aко некој не знае за бронзерот еве Спојлер Бронзерот е козметичка супстанца која се нанесува на кожата за да и даде бронзена боја. Многу жени ја избегнуваат употребата на овој препарат поради стравот дека ќе изгледаат неприродно или дека лицето нееднакво ќе им биде пигментирано. Битен е вистинскиот избор според основната боја на Вашата кожа и ефектот кој сакате да го постигнете! Бронзерот треба да се користи поради допринос за свежина на изгледот и ублажување на недостатоците. Изберете нијанса така да постигнете природно-препланат тен! Кога бирате во каков облик ке биде Вашиот бронзер (течен, во прав или во облик на крема) одлучете се за оној кој ви е најпрактичен за нанесување. Потебен Ви е мат бронзер доколку сакате да го нанесете на целото лице. Доколку пак го сакате само на одредени делови на лицето тогаш одберете сјаен бронзер. Каков е Вашиот тен? За темен тен бирајте земјени нијанси. Пробајте ги бронзерите на Manhattan. За среднотемен тен бирајте ги нијансите на цимет. Пробајте го Mineral Natural Bronzer на Max Factor. За светол тен избирајте ги посветлите нијанси на бело кафе.
Волфче некаде на форумов се збореше за овој на Буржоа, ама па не кажаа пофални зборови. мене многу ми се допаѓа дизајнот Но јас го меркам тој на аура
Jас кажав неубави зборови во темата за боржуа мислев дека е пудра во прав и некако неубаво ми дојде и тоа со потемна нијанса се намачкав,и сега поминав пак и читам бронзер-а нели има бронзер и пудра разлика? perdoname bourjours
Јас го имам овој бронзер, баш тој на сликата. Презадоволна сум да ти кажам. Веќе 3-4 месеци го користам. Има одлична пигментација и дава убав сјај на кожата и не ја прави да исгледа валкано. Ич да не се мислиш зимај го
Ме убедивте Никогаш немам користено ,од страв дека ќе изгледам како препалена теткица ,ама летово морам да направам мал експеримент ,па ако ми успее ,има да се веселам Овој на Аура ,го има во сите парфимерии или ...?
најубави бронзери засега ми се од макс фактор и лореал (и дватта се околу 400ден.=20гр.), иако предност би му дала на тој од лореал мене ми пречат светките во него (и затоа го избегнувам за дење) не се лоши ни на есенс, мислам дека во нив има и МАТ бронзери (прашуваше некоја погоре), а чинат околу 250ден. и исто ми е руменило и бронзер, не им придавам голема разлика
Јас го користам бронзерот од Аура, тој со помалку светки (не се ни забележуваат на лице кога ќе се стави), супер ми е погоден зошто сакам природен изглед а не да сјаам па да дојде Џеј Ло да ми понуди да се појавам во нејзин спот како диско топка.
295 денари беше кога го купив јас, сега може да е поскап зошто беше на промоција. Колку што видов два вида имаше само, еден со повеќе и еден со помалку светки.
Мене ми падна на плочки кога се спремав за излегување, затворен беше, мислев не му е ништо- ама кога отворив гледам целиот се раскршил Не знам што да му правам, дали да го претурам во нешто или како , вака не можам убаво да поминам со четката, се раздробува уште толку .
ако паднал, кога ќе земаш со четката пред да нанесеш на лице растреси ја малку, да остани на неа само прав. ако мислиш дека ќе ти е полесно за користење од друго кутивче, префрли ја
Бронзери ми се исто некој чуден фетиш - кога и да видам бронзер - купувам И така наизменично си користам повеќе одеднаш. Најдолго го користев Диор бронзерот, си го купив одамна во фришоп, и морам да кажам дека досега се што сум имала од Диор е беспрекорно совршено! Солена е цената но квалитетот е навистина према познатоно - за колку пари, толку музика. Лицава ми пееја после бронзерот Долго го користев/ам тој на Макс Фактор. Само ги губам топчињата, ми паѓаат. Смотле. Имам и еден на Есенс. Не е баш бронзер туку бронз пудра, ама врши работа. И еден бронзер кој повеќе не можам да го најдам, а ми го донесе другарка од Белград и го барам под дрво и камен ама попусто. Мислам дека се вика фирмата Теракота, така нешто, преубаво мириса, не се рони, мат е, и кога го имав ја заменуваше дури и пудрата. Лицето ми изгледаше беспрекорно само со малку нијансирање. Чудо! Ама нема повеќе, шмрк! Ако некоја од вас се сретнала со производов, ќе ја напраам деверуша ако ми го најде