Да, обавезно тестер ќе проверам. Само да се молам да има од нијансите затоа што вели дека попустот трае до исцрпување на количните. Се чудам на нискиве цени. Тој лево бронзерот, мислам се чита, апла бронзер, што не е сетот за контурирање. Инаку, цело време го користев аура контур ми ама или нијансата ми беше премногу утната или сите нијанси да ти биле портокалеви од таа линија на аура. Како и да е, среќа што ми се скрши, немаше да приметам и ќе си го користев уште.
Дечки не ме бива баш за овие работи тек сега почнувам да се интересирам повеќе за шминкање, досега сум идела само со малку пудричка и маскара би сакала да прашам за што всушност ги користите бронзерите, која е разликата меѓу нив, камена пудра и руменило при користењето?
314 chocolate Јас лично бронзерот го користам како контури, тој се користи за да ги истакне цртите на лицето, на сликата е прикажано каде се става, хајлајтерот е прикажан под очите што не е точно, тој се става на самите јаболчици и треба да се спои и соедини со руменилото кое оди малку над контурите (бронзерот).Хајлајтер може да се стави на челото и на брадата, но најчесто го ставаме на јаболчиците и носот. А камена пудра се става за да не ти свети лицето и секако за поголема покривна моќ, исто така кога имаш ставено камена пудра бронзерот се бленда многу полесно. Се надевам дека ти помогнав, исто така гледај видеа на youtube од таму се учи најмногу.
Потполно се согласувам,јас го имам за бринети тој потемниот и не би го менувала за ништо на светов. Бојата фантазија,пигментираноста 10ка.
Sakam da si naracam bronzer rimmel od eliksir online... e sega ima dve nijansi 021 i 025 dali nekoj gi koriste da mi kaze koja nijansa kakva e.. i dali ste zadovolni?
Да споделам дека го купив бронзерот на Бенефит, хула и дека не сум задоволна.Мене ми е портокалов и има некоја безвезе кафена боја.
Девојки предложете бронзер, така потемен ладен тон да изгледа убаво бронзено кафеаво, а не портокалово, да не свети и да не темен како контура?