Jas ja koristam kamenata pudra na aura vo nijansa 314 chocolate za konturiranje i mnogu sum zadovolna ne e portokalova lesno se blenda i ne e premnogu pigmentirana no lesno moze da se nadogradi Cenata vo dm mislam deka bese okolu 260
Таму стварно премногу си ги имаат напумпано цените, сега кога купував бронзер, коректор, маскара, клепки и лепак за нив ме фати 1400 денари.
Дали уште може да се најде некаде овој сет и која цена е отприлика? Ако знаете дали го има во ДМ во Веро супер
Мене ми е подобра посветлата, но да знаеш дека е баш бронзер, со топол подтон. Доброто е што многу лесно се бленда и не можеш да погрешиш. И ќе ти трае цела вечност.
Да, се познава. Јас ја користам Боржуа 52, ако си потемна од тоа можеби подобро да ја земеш потемната.
Таа ми стои многу темна, дури портокалова, ако има тестери вп ДМ ке пробам. Инаку имам Боржуа heаlthy mix 53/54 користено. А сега користам само ББ крема, планирам да ја купам на Боржуа 2 Medium
Нешто слично на овој на Набла? Светол, а со ладен подтон. Никако да најдам каков што барам, или портокалови, или црвенкасти или темни. И да не биде палета, бидејќи секогаш ми останува еден дел неискористен.