Прво да го пофалам овој на макс фактор, нијанса како на сликата. Многу ми се свиѓа што е лесно пигментиран, пушта некоја warm кафеава боја, воопшто не мава на портокалева. Многу е свиленкаст и мек на допир. Најдобар за секојдневна шминка и кога сакам натурал изглед. Потоа и овие од аура се исто одлично. Пигментирани, траат. Има мала разлика меѓу нијансите.
Мене не ми се допаѓа воопшто. Многу е портокалов и по неколку часа изгледа како флека. Ги пробав и матот и светкавиот и не сум задоволна
Предлог за бронзер со топол подтон, ама да не “мава” на изразито портокалово? Го земав последно овој од Аура, ама ми е доста ладен и шимераст.
Другиот на аура што е со две нијанси е многу поубав. Омилен покрај овој на аура со две нијанси ми е на Ингрид бронзерот тој што е како цвет.
Мене убави ми се тој од Голден Роуз што е во трио палетата од колекцијата Металс. Со руменило и хајлајтер. Најомилен бронзер на светот ми е. Исто и Боржуа чоколадниот. Не е портокалов, најсветлиот мене ми е таман за да ми даде димензија и свежина на лицето.
Боржуа чоколадниот или тој од трио палетата Металс, Голден Роуз (бронзер, хајлајтер, руменило). Мене тие два најмногу ми се допаѓаат од дрогериските бронзери. Од поскапите, Hoola lite е фантазија.
сакав некој таков мек путерест што нема дс ми ја трга пудрата и дс ми суши затоа што доволно ми се суви образиве.. се мислев за палетата дуо на Вет енд Вајлд dolche de leche или како и да беше, илии ова што го кажа на голден
Препорака за бронзер што мава на кафеаво (поладен тон) а не портокалово? По можност мат, ама и малку да е светкав не е страшно. Докај 400-500 денари.
Од двете палети има по две, тие посветлите се какви што бараш. Таа на Есенс е баш со ладен подтон за контурирање, а на Вет ен вајлд може да се користи и како бронзер. Двата се мат.
@Elence93 фала ти, интересно ми делува оваа на Есенс @rumcherry фала ти и тебе. Кај се продаваат производи на Ингрид?
Јас сум од Битола ги има скоро во секоја парфимерија мислам дека некаде низ форумот прочитав дека во Скопје ги има во Веро Џамбо. Околу 300денари е.