Секаде скоро. Голден роуз влегов пред некое време немаа ништо освен пудри некои, торба мк нема баш сега проверив. Штета а многу убави шминки имаат.. шипингот им е скап доста за онлајн
Во ДМ видов некој флаер на штандот на Catrice. Со купен бронзер се добива подарок лак за нокти, мислам некоја nude/bronze колекција беше. На сликичката имаше 3 бронзери за кои важи акцијата. Во ДМ во Градски ѕид ова. Видете баш, ако на некоја ѝ е во план да си купи бронзер, да си знае.
По препорака од форумов го користев овој на essence океј беше, само што не е многу пигментиран и доста време ми одземаше. Некако чудно се лепеше на четката, инаку убаво мириса. Последно го земав овој на catrice нијанса 010. Малку е попрашкаст, и доста пигментиран, но нијансата делува многу природно, поготово јас што сум многу бела, задоволна сум. Не е баш со светки како што изгледа на рафт. топла препорака
Не. Многу избор на шминки имаат Револушн ама штета што кај нас има многу малку. Александар козметикс единствено таму да видиш
Да ми препорачате бронзер, ама бојата да е кафена/бронзена, дома што имам ми е како портокалова кога ставам на лицето?
А овој каков е со ладен ли подтон? Или е портокалов или премногу темен да не е? Јас сакам да е кафен/бронза.
Веројатно зависи од тенот или од кожата, а може и до пудрата одоздола ама на мене изгледа како со кал да сум се шминкала.