Па не, не е ни портокалов ни многу темен. Кафеав е, ама некоја топла нијанса. Ако има некое тестерче да пробаш, мислам дека нема да згрешиш.
Може да ми препорачате некој нежен бронзер не сакам нападен п.с сум многууу бела ,го имам тој на аура но претемен ми е
Го има и е околу 800 денари околу беше таа цена и е премногу скап искрено вака на интернет го фалат . Мене мојов на maybelline што го нарачав онлине ми е одличен искрено
Па да, видов дека го фалат, а јас сум овца по тоа прашање, штом видам позитивни работи, одма сакам да купам. Ќе си го почекам може некад на попуст
Некој да ми препорача бронзер за светол тен со ладен подтон кој нема да изгледа портокалово и по можност да нема светки.
На Катрис види ги, ги користам со години. Често имаат нови колекции па не знам која им е сегa, но боите им се секогаш погодени, имаат и потопли и поладни тонови, светли и темни.
И јас мислев на Катрис кремастиот, ама никако да ги начекам, или брзо се трошат или не ги добиваат воопшто.
Течен бронзер, или во стик некоја феминка да препорача? За контура ми треба. Денес во дм зедов еден од trend it up, ме вратија на каса дека сум го зела тестерот по грешка и немаа на залиха...
Аура и Катрис. Мислам дека повеќе ќе ти одговаарат кремастите бронзери на Аура бидејќи имаат повеќе сиво во нив.