Катрис мат бронзерите, а знам дека го фалат и сјајниот. Сега го користам на Евелин, убав е, ладен подтон има, но за мојот светол тен е малку темен.
Најзадоволна сум од Catrice sun lover бронзерот. Прекрасно изгледа на лицето и супер се бленда. Не изгледа портокалово, нешто е помеѓу топол и ладен тон.
Јас го користам на Кико Милано бронзерот моментално ама не сум многу задоволна. Не доволно пигментиран , треба сто пати да пројдеш со четката па нешто да можеш да нанесеш. На почетокот ок ми се гледаше сега не сум задоволна. Од се до сега што сум пробала најзадоволна останав од Hoola Benefit и од еден бронзер што беше со 3 нијанси на Алверде ама не знам дали се уште го има. Беше предобар со ладна нијанса и џабе пари.
Аааа го знам овој. Баш на тикток го гледав пред некпј ден. Овој го има кај нас или од надвор си го имаш земено?
Од кај нас го земав, го има, само колку што имам видено не носат многу продукти од брендов. А бронзерот многу ми се погоди.
Од ДМ во Џамбо. Најсветлата нијанса ја имам, воопшто не ми се прави портокалова на лице што многу бронзери па дури и од скапи брендови ми правеле. Само да знаеш дека не е мат, има светки во него, ама ептен се суптилни, даваат нежен сјај на лицето.