Мене вака со сенка ми се има десено, сол кога ја отворив, и за чудо уште поубава е сега. Како што ти пишаа, протреси четката кога ставаш. Најдобриот за мене.
Ливинг, не е тој, овој беше многу евтин како што ми кажа другарка ми, фирмата се викаше Теракота мислам, сиво, пластично паковање, темен, со мирис на какао и чоколадо....мат, без светки.....леле не можам да опишам колку беше добар. Со два - три потега со четката се создаваше некоја компактност на тенот на лицето. Она го нашла негде на пазар во Белград.....ама питај Бога кај да се најде сега?!
Имав една колешка порано, ги бараше во МК прозводите на фирмава под дрво и под камен....ама не ги најде ни под дрвото ни под каменот Имаше живеено некое време во Италија, Австрија и Германија, таму ги имало на секој чекор. Презадоволна беше од бронзеров конкретно и мислам од пудра некоја, не знам дали течна или камена. И баш ми кажуваше „ако некогаш патуваш некаде надвор од МК, и ако сретнеш производи од фирмава, обавезно купувај, фантастични се“. И мене дури сега кога те прочитав ми текна на нејзината препорака Stupid me p.s. Ако некаде ги најдеш, кажувај, зашто пак ќе заборавам очигледно
Богами, што е најстрашно ни другарка ми од Белград не може повеќе да го најде бронзеров Инаку ми текна дека имам уште еден - ама тоа е компактна кутија со бронз нијанси на сенки, сјај за усни и бронзер и се вика Sunkissed, ама овој ми е нарачан преку интернет. Многу е практичен и добар. Се во едно. Купуј и резерва ако треба, само нека има Ливинг, абе знам што ти беше финтата затоа ти одма се стрча да го бараш
Чим ти не можеш да го најдеш бронзеров, јас па уште помалку.....Ама еве ветувам, ако некаде го најдам, земам дупла резерва и за мене и за тебе
моментално го користам бронзерот на Loreal True Match natural премногу ми се погоди едноставно го обожавам!
^ па, посветлите нијанси на бронзер, логично. Луѓето со посветла кожа треба да нанесуваат бронзер многу малку. Со лесен допир на четката, за да не биде премногу очиглено што е ставено, и да изгледа природно.
минатата сабота бев во Cолун и таму си купив бронзер од H&M,и многу е добар..не верував дека ќе биде таков во однос на цената (5 евра) ..но,супер е ! ви го препорачувам доколку наидете на продавницава
Истиот го користам и јас веќе подолго време. Одличен е, не би го менувала за никој друг. Ептен природно делува, затоа го обожавам.
Другарка го користи бронзеров па и јас го пробав, добар е стварно. Го има ли во Скопје, ако го има ќе ве замолам да ме упатите кај да барам дефинитивно сакам да си го земам
Другарка ми ваква ми подари и презадоволна сум Нанесувам само на јаболчници и баш ми се допаѓа ефектот.
Го користам бронзерот на Gosh и задоволна сум. Го добивам посакуваниот ефект. Ми се допаѓа тоа што дење кога не сакаш премногу да светкаш само ќе поминеш со четката преку лицето и е доволно, додека ноќе кога си дозволувам повеќе да нанесам баш ми го дава тој изглед на бронзен тен. :up:
Порано ги користев на Лореал и ми беа одлични.Сеа последен пат си купив на Аура дека читав многу го фалеа,а и плус ептен ефтин ми дојде. Убав е али не е тоа тоа,тие на Лореал сто пати поубави ми беа..некако поприродно делуваа,штознам. Ќе морам некој нов да си барам,пошто Лореалот кај нас ги нема бронзерите. Еве кои ги користев јас И овој ми се чини Дефинитивно незнаменлив ми е тој првиот.
Јас ги имам бронзерите од avon има бронзени бисери имаш и сјајни и бронзени бисери мене ми се допаѓаат убави се вредат за тие пари