Го има во две нијанси, јас го земав овој, посветлиов зашто сум прилично бела и сум презадоволна! Бидејќи е мат делува многу поприродно, а и цената му е многу пристапна
Коку пари е бронзерот од Loreal гледам дека го фалите и дали има различни нијанси оти сум прилично бела?
Презадоволна сум! Одличен е, суптилен, ненападен а многу трае и дава преубав шимер. Го купив во Јуник 800 ден.
highlighter Здраво сакам да ве прашам дали користите highlighter и кои марки најчесто ги користите позз
Јас сега брзо си го купив овај бронзер и презадоволна сум, ептен убавка боја дава не е пренападен, а ниту светкав. Посветлата нијанса ја користам за дневна шминка, а потемната за на вечер. А и плус преефтин е и не се троши брзо.
Девојки барам веќе подолго не можам да најдам бронзер течен како пудра, имаше порано еден мн добар од ревлон престанаа да го произведуваат, потоа имаше едни малце потемни од макс фактор и сеа и за тие викаат по парфимерии дека веќе не ги носеле , ако сте виделе нешто слично во било кој дел на градот кажувајте
Подолго време ги користев бисерите на Авон, ок се, ама ми здосадија.. скоро го купив од Флормар овој руж, праска боја и додаток на бронзер, супер е.. може и посебно да се користат а може и заедно и дава убава боја.. и плус не е воопшто скап, јас го купив 130 денари на попуст, инаку редовна цена 180-190 ден
И јас го имам двобојниот руж на Флормар и можам да кажам дека за цената што ја има е одличен! Го користам долго време и задоволна сум. Инаку, сега кога фатив малку боја на лицево, го користам бронзерот на Max Factor (го ставам наместо руж) и многу е убав, дава убава боја и не делува вештачки воопшто. Мислам дека е околу 500 ден. Еве овој:
Е сега, глупаво прашање, ама слаба и неистражена страна ми се бронзериве. Па, мора во нешто да бидам тапа, мислам, нормално. за што всушност служи бронзерот? Ме збунивте, едни го користат заедно со руменилото, други за постигнување тен. За што уствари е ова чудо? Као замена за камена пудра после добивањето на боја или има друга прича?
Па највеќе брозерот се користи за контурирање на лицето.Не е руменило,ама ако некој сака таква боја,може да го користи и како руменило. На пример,јас го ставам под образите,малку на слепочниците,и на страните на носот,а на образите си ставам нормално руменило. А тоа што викаш ти за кога си исунчана,тогаш е добро ако на пример пудрата ти е посветла ,па лицето нели ти двои од телото,ондак со контурирање лицето ти изгледа потемно,и затоа не е потребна некоја потемна пудра,можеш да си ја користиш онаа и преку зима што ја користиш . Иначе во ДМ видов дека го има на Буржоа брозерот тој како чоколадо што е.Не знам дали го имаат донесено и по други дрогерии,али тука го имаше.
Баш така, значи бронзерот не служи како замена за руменило, туку за контурирање. Јас сега дека сум малку поцрнета па се осмелувам навечер да го ставам како руменило, ама ја имам најсветлата нијанса од бронзерот, па не делува нападно. Некогаш ставам врз него сосема малку и руменило во корална боја за посвеж изглед. Секако, по малку ставам од бронзерот, не претерувам. Знам во лето и да поминам онака лајт со четката преку цело лице, ама бронзер никако не се користи наместо камена пудра. Инаку, кога не сум поцрнета, го користам под образите, колку да се истакнат јаболкниците, а на нив ставам обично руменило (од Флормар, погоре што е постирано).
Ама има 2 вида бронзери, едните се помат како камена пудра, другите со светки. Тие мат т.е. си пишува на нив powder нели се за контурирање на лицето, како темна пудра за сончан тен. Ама има бронзери каде само пишува бронзер и се со светки. Тие според мене се како руменило многу повеќе него како пудра, неможе со нив на цело лице баш, освен лампион ако несакаш да си Мене баш тие ми се допаѓаат, иако има од разни фирми некои повеќе светки некои помалку, а планирам да си земам некое такво. И лани сакав па не земав, се надевам годинава нема да е ко лани Не знам дал има кај нас ама има и Bronzer gel тие се исто со светки за образите пред се, иако мали количини и на другиот дел од лицето секако може да се стави.
Има, да. Овој мојот на Max Factor е мат, не свети, па баш поради тоа и знам понекогаш летно време да поминам со четка низ цело лице. А со светкав бронзер на цело лице би изгледала смешно и би светела како сијалица Инаку, да, во право си, бронзерите со светки се повеќе како руменило. Јас лично ги преферирам оние мат бронзери за контурирање. И мат бронзерите ако се нанесени умерено, можат да послужат наместо руменило (ама потенцирам - само на исончан тен и со соодветна, малку потемна нијанса на пудра).
Бронзерите со светки имаат светки само на површината, после можат да се користат и за преку цело лице
Претпоставувам аура бронзерот мислиш. Го гледав баш на површината има. Тоа се баш класични светки Но јас кажував за посветкави и помат бронзери. Еве мат а еве посветкави Овие вториве мене повеќе ми се свиѓаат.