Јас си го купив бронзерот на Аура пред неколку дена, тој што е мат, бидејќи прочитав тука дека многу од вас се задоволни баш од тој бронзер. Добар е, ми се допаѓа тоа што е мат, светка малце, но доволно не премногу. Тој другиот ми беше премногу светкав и не го зедов, немаше да ми одговара на тенот, а овој совршено се спојува со мојата кожа. Лани од Америка ми го донесоа Bombshell сетот од Victoria's Secret и бев презадоволна од бронзерот кој што беше вклучен во сетот. Се покриваше. За жал многу брзо ми се потроши, бидејќи ланското лето бев излезена скоро секоја вечер, а оваа година не доаѓаат роднините за да ми донесат бронзер од Victoria's Secret. Здравје, наредното лето.
До сега немам користено бронзер , но сега по коментарите , ниту една не се пожали од некој бронзер , утре одам и јас да си купам , да пробам , инаку имам потемен тен
Има Теракота цела колекција за исончана кожа на Герлан во Космо. Јас го користам овој бронзер на Лореал, го има во две нијанси за плавуши и за бринети, околу 760 ден. е. Го нанесувам на целото лице не а малку поинтензивоно на под образите. Многу лесно и рамномерно се нанесува и лицето не изгледа пренатрупано со светки и вештачки, баш пририден изглед дава. Ќе го користам и есенва, одличен ми е како финиш.
Бре,бре,бре,која строгоќа. Никако бронзерот замена за руменило. Абе ај. На кого како му одговара, составот е ист како и на руменилата. Па дури и има руменила со нијанси како на бронзер. Јас го користам како ми одговара според расположение. Таков ми е тенот, лесно прилагодлив и на бронзер дури и кога не сум сончана, па и на руменила од теракота до праска,па дури и малку накај розе (еве како ова горе на флормар). Што толку за една шминка толку правила,кога е битен крајниот резултат. Секој си има различен начин на шминкање. Никогаш до сега никој не ми рекол леле ама смешно изгледаш. Баш напротив,зимно време кога сите се бледи, кај мене делува свежо,не сончано,ама онака, природна свежина ми дава. Да,го користам и за контурирање,ама така премногу е вештачки,нема потреба лицето да го мачам со пет слоја различна шминка. Порано имав од Бенефит (да де,подарок од преку океан),најубав бронзер евр. Сега го имам ова на Мимс од Лореал, перлите на Авон,од флормар половинката,ама тоа повеќе е за сјај и ова на сликава пошто никад,ама никад нема да научам како правилно се чита. Исто подарок ми е и го танчам и го користам што можам поретко! Тоа е тоа,на мојот тен поубаво одговараат нијансите на бронзерите него ли на руменилата,ама ги комбинирам, често знам и да ги измешам за да постигнам поприроден ефект.Мразам строги правила на шминкање,тоа за тоа ти е. Пострашно ми е коа ќе видам некоја со плава сенка,со боја на небото или не дааај боже коа ускладуваат бои со маички и црно моливче под окото,ама онака квалитетно,да го смали. Моето е што поприродни нијанси на се,па дури и на појака шминка и со се тоа експерименти колку ми душа сака.
Извини, сега го гледам прашањево. Не знам зошто, и мене ме изненади, ама толку беше, околу 400ден. Веќе пишав во друга тема, открив нов, најубав, засега незамелив бронзер, течен е, од Есенс е, 180ден. околу 30-40мл. Преубав е. Вода можат да му носат поскапите брендови. Засега го има само во една (потемна) нијанса. Иначе и јас почнав да ги избегнувам камените пудри, ме прават вештачка, ме зацементираат, веќе со месеци си користам само бронзер и малку руж над пудрата.
Ми го подарија на Гош бронзеров во една парфимерија поради грешка со сметката што ми ја направија и да ви кажам дека за човек што претходно не користел бронзер можам да кажам дека сум задоволна а воедно и да си ја чукнам главава зошто не сум користела до сега
Општи прашања Јас го имам, пишав и во темата за бронзери Мојот е од парфимеријата кога одиш од по уличката Тренд накај Соул паб, од лева страна се надевам ме разбра
За цена не знам, бидејки како што кажав - ми го подарија. Коритсаки има светки, но дискретни се, не е нападно воопшто
Јас отворив нова тема која е избришана. Сега гледам дека имало слични. Сакав да ве прашам за лице со светол тен, може ли да се користи бронзер кога не сум исончана? Какво руменило да користам:? Која боја? Ке препорачате некои? Каков бронзер да купам, ако смеам ? ХЕЛП !
Пишав и во темата за Голден Роуз, па еве и овде.. Прееска испаднав да барам руменило или бронзер на голден роуз, и ми го дадоа овој ми се виде убав и го земав, е сега на гугл пишува Bronze powder а на македонската декларација на кутијата пишува камена пудра :?.. Сега не ми е јасно, ова пудра е или бронзер?
Дечки, а како го нанесувате бронзерот? Се познава ли премногу или како руменило е? Дава ли одреден сјај? Се мислам дали да земам