Не се познава и му дава убав сјај на лицето, ако се нанесе со мера. Мене ми се допаѓа кога контурите на лицето ги истакнувам со малку бронзер - добивам на свежина, а сепак не се познава толку по тенот ако е ставено минимално нели и правилно. Некои го користат и како руменило, ама јас сепак не би ве советувала да го користите во замена за руменило, зашто далеку е од него. Обично нанесувам под јаболчниците, малку на т-зоната (нос, брада, чело) и мнооогу малку на виличата коска, некаде долж пределот кај косата под ушните ресички. Го користам овој на Bourjois.
Бронзерот се користи за контурирање, но може да се користи и како руменило, а треба да биде 2-3 нијанси потемен од бојата на кожата. Тоа е еден вид потемна (најчесто како камена) пудра која се користи под јаболчниците, челото и вилицата за сокривање/истакнување на делови од лицето. На сликата може да видите како се користи според обликот на лицето.
До сега немам користено бронзер, сакам да пробам и се мислам овој да го земам. Прочитав позитивни коментари на темава за бронзеров... Има задоволни...незадоволни ??
Планирам да си купам нов бронзер, па би ве замолила да ми препорачате некој, по можност мат. Благодарам однапред
Бронзерот се користи и за контурирање и за давање на свеж, исончан сјај на лицето. Е сега ако се користи за контурирање НИКАКО не користете бронзер со светки. За тоа е мат бронзерот. И секако после користење на бронзер обавезно лицето се поминува со чиста, голема четка за да се изблендираат јаките линии. Додека сум на темава да си се пожалам на Bourjois бронзерот. Мириса прекрасно, ама бојата му тепа на портокалово Затоа сега го користам бронзерот од Essence. Не е нешто чудо, ама барем е мат и не е портокалов.
Кај можам да го најдам бронзерот на Римел? И колку пари е? Го барав денеска во Космо, во Зебра ама го нема.
на youtube имате многу добри клипчиња т.е. туторијали за нанесување на бронзер. Јас од таму досега се научив за користење на пудра, бронзер, сенки итн итн.
Ми го донесоа на подарок бронзеров од Essence, светкав е, па ме интересира како да го користам. Да го нанесам на цело лице или само на јаболчници?
Дали можиш слика да ставиш од бронзерот течен од есенс да видам како изгледа и да го побарам во козметикиве
Пишував во темата Омилени продукти на месецот и пишував за овие перли( на сликата).Се залубив во нив . Се добива мн убава кафена боја и ситни златни светки кои делуваат многу убаво и нежно.Чини 80-100 ден.Презадоволна сум.
Искрено, од секаква шминка што постои на овој свет, мене најмногу ме интересира контурирање и истакнување на лицето. Контурирање може да се постигне со бронзер. Но тој не смее да има ни една светка во него и да е мат или со многу мал, неприметлив сјај. Исто така тој не треба да изгледа портокалов, но тоа зависи од топлината на вашата кожа. Јас го имам овој (кој ми е еден и единствен во моментов) и тој е совршен за оваа цел за мојата кожа. Спојлер Наменет е за потемна кожа, и иако мојата е прилично светла, ми одговара. Пред да купам бронзер, јас користев други техники за оваа цел. Прво нешто што го пробав беше несакајќи откриено. Беше едно лето, и јас купив камена пудра (која не паметам како се вика) која ми одговораше на тенот во тој момент, но не кога осветлив. Сега, за оваа цел си ја купив оваа пудра. Спојлер Се вика Silky Touch Compact Powder и е од Golden Rose. Ја имам во најтемната нијанса - 08. Исто така користам и многу кремав коректор кој е претемен за мене. Спојлер Се вика Stick Concealer и е исто така од Golden Rose. Во нијанса 03. Уште едно нешто, техниката за која досега зборував е следнава: Спојлер Оваа е многу познатата техника на Kevyn Aucoin.
Да, убави се имам користено меѓутоа купи си доколку сакаш појак бронзер кој што не е мат, сепак нанесувај умерено Есенс бронзери побарај, има убави мат а и јас користам таков
Јас го користам и мене лично многу ми се допаѓа. Мат е и остава убава бронзена ненападна боја. Дури летно време и како руменило го ставам и нежно изгледа на лице. Нема портокалов подтон (што јас лично многу мразам), туку баш онака нежно кафена боја и трајно е, буквално цел ден стои Презадоволна сум, сега ми е при крај, ама дефинитивно пак ќе си го купам. Ми се чини дека го земав 370 денари, а го има секаде, во сите парфимерии. Мојот е од Рима парфимерија во Бисер, ама во Космо мора да го има.