Е ти благодарам на инфо, пошто и мојот е при крај, и јас ќе искористам Стварно е преубав, ова ми е најдобриот бронзер што го имам користено
Дефинитивно прекрасен... го зедов од Шатци за 960ден со четка. Од бронзерот сум презадоволна, мат е и има прекрасна боја (мојот е No.3) далеку од портокалов и некако топлина му дава на лицево, да не ја тупам 5+, само се разочарав од четката мека се ок, но многу пушта влакненца што најмногу ме нервира кај четки. Тоа би било од мене
Го користам секој ден, дури и кога немам ни пудра ставено, го ставам по краевите на лицето и навистина убаво ми стои
Дали бронзерите/руменилата на голден роуз се квалитетни и убави? Чинат околу 360 денари и кое бројче би ми одговарало за контурирање имам светол тен зелени очи и кафеава коса?
Девојки ги има уште бронзериве? Колку што ме држи сеќавање постари се, па да не ги повлекле? Јас имам моментално на макс фактор, ама сакам да сменам
^^^ првото да ти кажам не сум приметила дали го има,ама второто го има сигурно...735 ден мислам дека беше во Космо и има две нијанси Blondes и Brunettes
Јас го користев овој бронзер две години.Добар е и постојан, има многу ситни светки низ него кои се не приметни на лицето, меѓутоа на моето лице и те како имаше портокалов поттон, затоа и го сменив и користам друго сеа. Доста е пигментиран, се нанесува сосем малку и ќе трае долго време.
Се наоѓа кај нас вакво нешто? Доколку не, ме интересира што би било најдобра замена за белата боја (highlighter-от)?
Презадоволна! Имам светол тел и овој ми е само некоја нијанса потемен, не удира на портокалово и има малце светки, но сепак изгледа природно.
Користам моментално од авон перли ама после извесно време ја губат некако бојата и ги кршам за да ги искористам максимално Сакав да ги пробам на гош перлите доколку ги има некој користено нека сподели искуство или пак да си купам од бронзериве што се како камена пудра од што сте позадоволни? хелп
Презадоволна од бронзеров на Есенс Остава нежна, ненападна боја и не мава на портокалово, што ми е најбитно. Овој е за плавуши, т.е. за посветол тен, а има и за бринети, малку потемен од овој. Јас најмногу го земав заради тоа што е мат, ми требаше нешто не многу темно што ќе можам да го користам и за контурирање и наместо руменило. Овој е баш таков, ептен ми се допаѓа. И огромен е, пакувањето е доста поголемо од стандардните пакувања на руменила/камени пудри, така што сигурно долго време ќе го користам. Цена: 269 денари во ДМ. Сигурна сум дека во други парфимерии е поевтин, ама бев влезена во ДМ по друго, па го здогледав и го земав, брзав и немав време да барам каде е поевтин. Едитирам да кажам и дека мириса најубаво на свет, на млеко за сончање, така на нешто кокосесто, ванилесто
Со каков бронзер се добива ова ? Со течен или? Исто и за хајлајтерот ме интересира.... Нешто слично што можам да земам од маркиве што ги има кај нас И колку потемен треба да биди од кожата за да се добие овој ефект?
Јас ова го правам со камен мат бронзер и со коректор во стик. Бронзерот ми е доста по темен од кожата, а коректорот е некаде две нијанси посветок од пудрата што ја користам. Само јас нанесувам прво пудра па врз неа контурирам. А незнам вака пред пудра како ги прават контуриве и како не им се размачкува се кога ја мачкаат пудрата одозгора и дали воопшто нанесуваат пудра или е само размачкување на коректорот. Нека ме просветли некој по упатен во шминкањево.
од видеата што ги имам гледано имаше некои опции, една беше прво да се нанесе тешна пудра, па после со посветол и потемен коректор да се контурира, а една со течна пудра прво, а после со бронзер и хајлајтер во прав. Според мене со коректор би изгледало како многу пудра да има на лицето, бидејќи ќе е густо, затоа подобро со бронзер и бидејќи ретко се наоѓа хајлајтер, со посветла пудра или сенка