јас ги имам користено и сум многу задоволна бидејки не се она прејаки како да имаш ставено 1 кутивче бронзер туку баш онака се понаваат нежно и баш убаво изгледаат, Можам да кажам дека се најубавите кои ги имам користено
Јас го купив бронзерот на Аура од Космо, најтемната нијанса и сум многу задоволна од ефектот. Баш така го замислував, дава сјај и кафеавкаста нијанса која воопшто не делува вештачки, и со руж и без си стои супер. Искрено, пробав тестер и од Макс Фактор, ич не ми се допадна, премнооогу „мава“ на портокалово.
За жал испадна дека дефинитивно имам алергија на тој бронзер. Денес пак ставив и уште понафрлана сум.... баш ми е чудно, досега јас на ништо алергија сум немала, не сум осетлива во тој поглед. Штета стварно.
Провери да не ти е од четката што ја користиш за нанесување. Треба редовно да се мијат четките за шминкање па можеби од тоа ти е, ако подолго време не си ја изминала или во краен случај замени ја четката....
Ах пресреќна би била да е до четката, ама и руменило досега со неа нанесував, така да не би требало да е до четката. Сепак ќе почекам скроз да ми заздрават брунчињата и ќе ризикувам (бидејќи ептен ми се допаѓа) и ќе ставам уште еднаш да проверам. Имам дома моментално од перливе на Авон и задоволна сум, добри се иако сум јас повеќе по руменилата, не за друго, полесно се нанесуваат. Инаку траат, гајле немаат цел ден, не си згрешила.
Имам плаво бебешка коса,плави очи и светол тен,како бронзер би ми препорачале.Користам бронзер перли,но сакам да го сменам.Дали би ми одговарале тие на есенс чоколадните и колко се?
Мој совет ти е овој. Иако пишува шимери, нема светки, туку како сјај му дава на лицето. А и бојата изгледа доста поприродно од другите. Инаку, мислам дека беше околу 250 ден. http://www.radabeauty.com/media/cat...33525d08d6e5fb8d27136e95/E/S/ESS_FU_73549.jpg
Јас само еден имам досега пробано, на Аура најтемниот, ама таман си е, јас ти го препорачувам. Има ептен нежни светки кои не се ни приметуваат, а дава доста и сјај.
Мат бронзери има на Есенс 260 денари.Јас зедов од тој со светки потемната нијанса, ама нешто не ми е пигментиран многу , а имам светол тен .Матов го пробав на тестер , би требало да е добар.
Тие матот на есенс се далеку попигментирани од тие што имаат малку светки. Али јас имам светол тен, па тој посветлиот со светки ми е супер, тој матот на портокалово ми маваше.
Палче нагоре за бронзерот на Catrice sun glow. :up: Мат е, не е она апла грозно портокалов ама не ни скроз ладна кафена боја ко што сакам и барам. Еден од подобрите ценовно достапни бронзери е кај нас, се слева со пудрата ептен е добар за контурирање, делува баш убаво, а не вештачки. Доволно е само да ја допрете четката зошто е доста пигментиран. Ако имате светол тен земете си го тој за medium skin или најсветлиот, јас го земав тој за темна кожа што до негде се зезнав ама ќе го терам со утнатите темни нијанси на пудри, на нив спие на лице што се вика. Цена 275 ден. за 9,5g