1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бронxит кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од rainlover, 30 април 2011.

  1. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Барав, мислам дека немаме ваква тема, поттикната од она што мене во моментот ме загрижува одлучив да ја отворам.

    Бронхитот е воспалителен процес на бронхиите, предизвикан од бактерии, вируси и алергија, доведува до нивна опструкција (запушеност) и предизвикува нивно грчење (спазам). Клиничката слика е отежнато дишење, свиркање при издишување и отежната кашлица. Бронхитот е почест кај доенчиња и деца во претшколска возраст. Најчесто е вирусен, поретко бактериски или вирусно-бактериски кај децата со алергиска подлога.

    Лани истиов период ни почнаа првите симптоми на кашлање, течење нос, не маткаа де еден антибиотик де друг, антихистаминици, па мислење од еден д-р ''ништо не му е'' од друг ''детево ти има бронхит'' за да на крај ми скисне и си барам упат за во Козле, каде што ни дијагностицираа пнеумонија, значи искомплициран бронхит не на бактериска или вирусна основа туку алергиски и не хоспитализираа 5 дена. Сега пак истите симптоми. Една д-р ни препорачува употреба на Flexotide, матичната не се согласува така од ракав да му се дава дека сепак се работи за кортикостероид и не праќа на испитувања. Закажав за преглед во Систина кај д-р Катерина Обочки педијатар пулмоалерголог за да конечно (се надевам) востановиме што е со нашето дете. Само се плашам до четврток да не му се искомплицира состојбата дека е без лекови, за целта на испитувањето мора да не е примал Лоратидин, Zytec или др. антихистаминици, исто и Салбутамол.

    Ме интересира дали некој има искуство околу ова?
     
  2. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Значи кога сум била помала сум имала Бронхитис,грлото ме болело можеби еве 6 месеци,ме влечкалe по доктори ваму-таму,сирупи,антибиотици и конечно една докторка приметила и им кажала, бидејќи толку долго не бил забележан кај мене, навистина сум била во лоша состојба и сум останала еден месец во болница, инфузии, лекарства цел месец, било пеколно за мене од тогаш секогаш кога сум одела на доктор сум плачела бидејќи сум имала голем страв. :sweat:

    Иако се лекува со антибиотици бронхитисот може да биде сериозен ако имаш повеќе пати ти се опфаќа голем дел од плучата па не дај боже може да биде смртоносен. :!: Oди само кај доверливи доктори, бидејќи од некои лекарства може само полошо да му биде на детето. Мене така ми давале постојано ист сируп јас сум го повраќала уште полоша ми станала состојбата.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Таквите заболувања тешко се препознаваат и тешко лекуваат. Работата е што само за неколку часа може детето да спушти на плуќа што се вели. Додатно, кога е врнежливо или кога има повеќе влага во воздухот е уште полесно да се направи опструкција. Обично оние деца кои се склони на алергии од храна, полен се склони и на такви обструкции на белите дробови. Секретите веднаш се спуштаат надолу и прават бељи.
    Јасно е дека се лечи со антибиотици и овие сирупи што се алергии ама многу побитна ствар е да се погоди правилната комбинација. Може детето да пие и најјак антибиотик ама да не му делува а може и послаб а, да делува тоа е веќе работа на педијатарот кој колку толку треба да знае како детето реагира на одреден лек а и родителот, кој увидува дали се подобрува ситуацијата или не. Мн битна работа, кога каже лекарот за 5 дена контрола треба да се испочитува а обично видиме дека е подобра состојбата на детето и не одиме. И за недела дена, пак ист проблем.
    Битно, имунитетот да е на повисоко ниво кој нормално се зголемува како расте детето и да се погоди правилна комбинација на лекови и целосно да се излечи детето
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Јас го имам истиот проблем со ќерка ми веќе 5 год. Она на алергиска база прави бронхопнеумонија и можам да ти кажам дека првите три години нон стоп бевме во Козле. Редовно од март до јуни-јули пие Зиртек сируп и од септември-декември. Не јаде ништо што има вештачки бои и ароми, како и адитиви (смоки, гумени бомбони, овошни јогурти, сладолед само од ванила и чоколада...)
    Мој совет ти е да пробаш да не му даваш да јаде вакви работи и да видиш како ќе ви оди. Мислам дека е мн мал ако ти имаат каѓано да правите алерго тестови.
    п.с. јас од Козле сум ептен задоволна од др. Соња Петрова. Поздрав
     
  5. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    аман више со овие алергии, таман закрепнавме од алергијата на млеко, сега пак почна со сува кашлица и повраќање.четврток сме кај пејова па ке видиме .сумнјам на глутен и соја ама ке видиме. сакав да прашам дали бидејќи не сме примале 2 месеци млеко кога ќе испитува ИгГ и ИгА може да покажат лажно негативни дека ги нема во организмот или нема везе што не пиеме млеко она ако е алергична ке покаже.и колку дена претходно да не пиеме летизен?
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Летизен не треба да се пие,3-4 дена пред алерго тестот.
    И не може да се покажат лажно негативни резултати.
    Но сепак овие постапки за испитување не се премногу прецизни,Но се точни и лекарите се водат според нив.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Дали некој има искуство со бапски лекови околу лекување на бронхитис, со мачкање на свинска маст или козји лој на градите на детето. Што успевав да пронајдам по нет никој не го спомнува ова (освен што имам чуено од постари луѓе) а спомнуваат за лек со темјан. Имено се толчи темјан и се става на една памучна крпа, се пропрскува со топла ракија, и се покрива со крпа и така се става на градите на детето да преспие. После вториот пат ставање го вади целиот шлајм. Или пак накадиш крпа со чадот кога се пали темјан и таквата крпа ја ставиш на памук и детето да преспие. (мајка ми ми извади памет дека темјанот бил многу штетен за организмот и никако да не сум го тоа применувала, кого да слушам ?!?)
    Од некои др. форуми прочитав дека ова го применувале и во Козле и доста задоволни родители кои после вториот ден на белите дробови нема ништо и ни ,,ш,, од шлајм.
    Ние веќе една недела сме со шлајм и као некоја си почетна фаза на бронхитис. Пие антибиотик исто како да не пие. Нормално јаде, пие, не крева температура ама кога ќе потрча малку се закашлува и нема престан. Баш го слушам како е полн со секрет. Инаку нос не му тече и не крчи додека спие...
    Некој некакво искуство со овие бапски лекови? :$
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^ проба нешто од ова? Делува? Помага? :?:
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За 3-4 дена го исчистив. 2 дена го мачкав на градите со свинска маст (додека да ми донесат козји лој) и 1 ден чадев крпа со темјан и му ја ставав на градите и 2 дена му ставав козји лој на градите, така да преспие.
    Откако почнав со оваа моја народна терапија фрлив антибиотици. Му варев чај мешавина од жалфија, ленено семе, синап, бел слез, лимон (го најдов на нет рецептот) и по 2 чаши на ден (тој многу пие чаеви).
    Најмногу ми помогна козји лој, уште првиот ден приметив резултати а и тој самиот ми кажа дека не му е толку тешко на градите (е сега колку разбира да ми каже точно, незнам).
     
    На Annath и kravce им се допаѓа ова.
  10. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Јас нон стоп ставам истолчен темјан и ракија на памук и обично го носам од 2 до 3 дена, и само овој лек ми помага. Склона сум кон почесто разболување како што споменав и во темата за имунитет, матичната ми беше препишала инекции пеницилин, но не ми помогнаа па на мајка ми и беа кажале за овој лек со темјан и ракија и ми помогна тогаш. Но еве и до ден денес кога се разболам ако не ми помине со инекции или антибиотици веднаш бронхитисот ме напаѓа и ми ја влошува состојбата. Али имам слушнато дека на деца поголеми од 3 годинки се става темјан и ракија на градите, и не треба со сила да се одлепи туку памукот сам ќе падне. Се надевам дека на некој ќе му биде од помош ова
     
  11. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Очајна сум!

    Пред Нова година 2-3 дена (ден после денот поминат на планина) прво почна да го боли уво, почнавме со Зинат антибиотик, после 2-3 дена почна да поткашлува, и баш за Нова година се гушеше од кашлање, значи кашлање буквално до гушење. Тие денови 3 дена по ред одевме на детско одд. кај нас (не сум од Ск)и сите три различни д-р рекоа дека ништо немал. Дури и барав да го снимам на ренген, уредна беше снимката.
    Во средата после Нова година го однесов кај д-р во Козле (едвај дочекав), ми рече дека е бронхопневмонија, со десно малку намалено дишење :( Едвај додржав да не се расплачам пред д-р, надвор додека чекавме резултати од анализи (леукоцити 10) убаво се исплакав и решив дека ќе барам од д-р да не задржи во болница. Така и сторив иако ни рече да ни даде Сумамед и за 2-3 дена да се вратиме на контрола, не сум од Скопје само ќе се мавам по патишта, ја замолив да не остави се јави на нејзин оддел ни најде место и не примија. Лежеме 6 дена до вторникот терапија Толикарт (барав не можев да најдам што лек е :?: антибиотик? знае некој тука?), Урбазон првите денови, Вентолин инхалации, после Аеросол, за пак да не вратат еден ден на инхалации (во неделата се договоривме со д-р дека би можело да не пушти за Бадник, ама не беше уште добар) , и пак на Аерсол Вентолин. Во вторникот не прегледа рече добар е, доста е подобрено, ни ги воведе инхалациите со Пулмикорт повторно, Аериус антихистаминик за алергија, Тафен назал спреј за во нос, и три дена Аерсол Вентолин. Дијагноза: Бронхијална астма, Пневмонија обострана, VA- зголемени крајници, Воспаление на средното уво :sweat: :sweat: :sweat: :sweat:
    Контрола на 30.01.2012. до тогаш ќе полудам.
    Еве трет дена како сме дома јас сум целата во паника.
    Немам сила за ништо, цел ден плачам.
    Не јадам скоро ништо, не спијам до 4-5 часот, избувнувам за секоја ситница.
    Се плашам пак од истото ;( ;( ;(
     
  12. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    и сестра ми беше болна од истово додека докторите велеа не и е ништо и и даваа сирупи за алергија на полен кога ја однесовме во државна ни рекоа за два дена можела да умре несакам да те паничам но зошто не одите таму може и ќе ве остават да лежите со детето и ако ви треба некоја помош тука сум тетка ми е сестра на детско па може да ви помогнеме ,доколку решите да одите барајте ја една од подобрите докторки др Влашка таа ја спаси сестра ми незнам дали сеуште работи таму зошто ова беше пред многу години но како што реков ако ви треба помош тука сум.
     
  13. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас првин бронхит имав, и бев на болница, ми дадоа Сумамед дека сум алергична на пинцилин, и тие биле демек најефикасните апичиња, и добро ги земав, ми кажаа за 4 дена на контрола, и јас фино лепо се јавувам во амбуланта да прашам дали мојата докторка е на работа, и од таму ми велаат денеска докторките нема да работат :headbang: .. И добро, јас од понделникот си тргнав на школо, одев една недела, видоа дома дека неможам да спијам од кашлица а и плучата многу ме болеше и отидовме на болница, на инфективно, и таму ме преслушаа и ми кажаа да направам ренген снимка и крвна слика, и се виде дека имам бронхопнеумонија, ми дадоа инфузии, инекции, лекарства и некако оздравев.
    Сега од цел распуст само 1 ден имам излезено, и пак сум болна, ми кажаа дека трајни последици имало од бронхопнеумонијата, ама тоа е, и сега плучата оште ме боли ..
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Јас бев во истиот филм пред неколку години и тоа долго траеше. Првото лежење на малиот му беше на 10 месеци, а после тоа лежеше уште неколку пати. Една зима лежевме 10 дена, па не пуштија, под терапија бевме уште еден месец, не се оправи и пак лежевме. И не сме поминале Бадник и Божиќ таму, ама паричката не ни се падна :D
    И на мојов му дијагностицираа бронхијална астма, алергија на домашна прашина, ми рекоа да не оди во градинка, само последната година пред школо да го пуштам, а дома примаше терапија фликсотид цело време. Имаше и опструкции повремено, кога ќе се разболеше, а многу тешко искашлува, џабе дренажите не сакаше да слушне за кашлање.

    Со тек на време стануваше се подобар, а коганеколку месеци не се разболе, му го прекинав фликсотидот, а после отидов на контрола, и тие ми кажаа да го прекинам. Една година пред школо го пратив во градинка во паничен страв како ќе го служи здравјето, и за чудо само еднаш се разболе, ама не беше нешто страшно, иако мораше да пие антибиотик. Сепак, немаше споредба со претходно. Во меѓувреме направивме нови алерготестови, и на мое голео изненадување, излезе дека не е алергичен. Не знам, можеби првите не биле точни, друго објаснувње немам.

    Сакам да ти кажам, не се паничи, не е нешто страшно, ама следи ги нивните совети и прави контроли повремено. Можеби ќе му се подобри состојбата, ама и да е како што е - мислам на алергија и астма, се навикнува човек. Треба да се преземат некои мерки, кои со тек на време стануваат нормален дел од секојдневието. Ние така живеевме 3-4 години, и веќе не го ни чувствував како нешто посебно, а и кога ќе се разболеше знаев што треба да му дадам, колку, и кога да барам да ме задржат во Козле.

    Добро си направила што си побарала да бе задржат, сепак таму има професионална нега. Јас исто така си барав, иако од Скопје сум, па и не ми е ни многу далеку, за 10-тина минути со кола сум таму, ама сакав да сум таму - што е сигурно, сигурно е.

    Ви посакувам брзо закрепнување.
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Мајки ми треба ваша помош!
    Ја носев керка ми вчера на лекар само поткашлуваше,ни температура ни ништо,и докроткава ми вика има бронхитис,ми даде антибиотик и салбутамол.
    Туку зборот ми беше ова,го има ли некоја од вас правено сирупот за бронхитис од јајце,мед и лимон.Ми го препорача една пријателка и вика дека е многу ефикасен кај деца што имаат бронхит.

    Се става јајцето(живо,домашно по можност тазе снесено) во тегле и се полева со лимонов сок(да го прекрие цело) и се остава да стои 24 часа.После се става во блендер и убаво се блендира па се цеди низ газа и добиената течност се меша со мед во ист сооднос.

    Мене лично ми се :puke: од самата помисла дека треба живо јајце да му давам на детето,ама ако мора ке пробам да го направам рецептов.

    Споделете искуства,позз
     
  16. Eci0327

    Eci0327 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    17
    vickyy90 јас не сум го правела овој сируп ама нешто слично со жолтка од јајце им правам на децата, моментално имаме брнхит и цел месец се со антибиотици инфузии лоратадин салбутамл фликсотиде фликсназе нема сто не ни дадоа еднаш неделно идеме у козле им уклучуваат адреналин да дишат, пред некое време прочитав негде лек за кашлица во чаша топло млеко да се измати жолтка и да се додаде лажица мед и еве веке една недела децата пијат вакво млеко не е воопшто гадно јас им ставам и несквик да не се осека жолтката и конечно после еден месец можам да кажам дека се подобри, незнам дали млекото со жолтка има некаква врска со тоа сто ни е подобро, ама не е нисто штетно да се проба во секој случај од тоа нема да биде полошо
    Ви псакувам брзо да оздравите позз
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    ЗА исфрлање на шлајм на моите деца им правам сирупче од 1л маслинов зејтин 1л мед 2л исцеден сок од лимон и 2л вода се промешувам заедно и двапати дневно им давам како делува чудо син ми за 3 дена ги исповрака и го смена крчењето додека спие
     
    На aleks26 и vickyy90 им се допаѓа ова.
  18. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Жени незнам како ќе ме сфатите, не сум јас медицинско лице (иако имам одреден степен на образование од медицината), ама од друга страна скоро 4 години се борам со проблемов кај син ми кој е со чести бронхити, потврдена алергија на се' и сешто, потврдена дијагноза астма, редовна терапија преку целата година, редовни месечни контроли во Козле, и да не должам понатаму.

    Јас на крај на памет не би дала живо јајце на моето дете. Знаете нели дека живото јајце може да биде извор на Салмонела? Од една страна ќе лекувате бронхит, од друга страна ризикувате да закачите Салмонела. Медот е јак алерген исто така треба да се внимава, еве јас на син ми никако не смеам да му дадам мед, заради алергијата на полените. Ако не сте испитале алергии, мое мислење е подобро да не се дава.

    ЕДИТ се сетив на еден народен лек што јас му го имам давано на син ми и последниот пат кога беше со бронхит му го правев. Кромид со лушпа, јаболко со лушпа измиени добро да се варат во литар вода додека не се направи како сируп. Јас собирав колку едно мало филџанче. Се става и скршено оревче, ама јас не му ставам. Помага да се исфрлат шлајмовите, мојот или ги повраќаше или ги исфрлаше со изметот.
     
    На enaena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Се чувствувам како најлоша мајка. НАЈСЕРИОЗНО :!:

    И покрај терапии, прегледи, контроли, Флексотиде итн. син ми пак е со некоја си варијанта на бронхит, или незнам како да го наречам. Секој месец, секој месец веќе почна да е така. Не знам што ќе правам, немам сили веќе ;( ;( ;(
     
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Само што се оправи со 10 дена спиење на раце денес ја носам во градинка и таму прво што гледам е едно дете од нејзина група татко му го остава а тоа чиниш ќе се онесвести од кашлање, епа како да не си пукнеш од мака :(
     
    На Miss.Sweet му/ѝ се допаѓа ова.