Бронxит кај децата

Discussion in 'Дете' started by rainlover, Apr 30, 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,359
    Likes Received:
    142,371
    Rainlover Никако не смееш да имаш грижа на совест, затоа што не може да си ти крива. На некои деца едно им е слаба точка, на некој друго, некој е поотпорен, некој е поболежлив.

    Знаеш дека и јас со малиот скапав во Козле кога беше мал, од бебе до кај 3-4 години, а потоа нагло се сменија работите, а ни јас сама не знам зошто и како.

    И јас му давав се што треба. На почеток не слушав, првиот пат му прекинав фликсотиде на своја рака после 4 месеци, а ми рекоа и да го отпишам од градинка, ама јас пак сакав да го носам, но откако ми се разболе повторно внимавав на се што ќе ми кажат докторите. Дури и ќерка ми ја отпишав од градинка, за да не се разболува па него да му пренесува вируси и бактерии, затоа што секое кивање кај него завршуваше со пневмонија. И јас ако бев болна дома шетав со маска, само да не му пренесам. Целите поризични периоди (есен, зима, пролет) ги поминувавме сами, без друштво, за да не се разболе од некого. И џабе, пак цело време бевме во Козле. Кога ќе ме видеа во Козле ми викаа: „Пак дојдовте? Што да правиш мајка, многу ти е бел, белите деца повеќе се разболуваат.“

    И едни пријатели имаа слична мака, нивниов сега ќе полни 5 и гледам подобар е од претходно. Тие во солена соба го носат, не знам дали им помага тоа или самата возраст си го направи своето, ама важно подобар е.

    Мој совет ти е да слушаш доктори и да не го сфаќаш како твоја вина. И да се подготвиш дека ќе биде вака уште некое време.
     
    girl-miri and rainlover like this.
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    969
    Likes Received:
    633
    4 години ги следам сите совети од страна на д-р, од терапија (строго, строго, најстрого се придржувам кон се што ќе ми напише д-р од Козле на месечната контрола), исхрана (консумирање на ова, избегнување на ова, долга е редицата на намирници кои се "штетни" по неговото здравје, па не му ги давам, од мајонези, кечапи, кроасани, од смоки и грицки боже сачувај, млеко адаптирано до година дена, не само првите неколку месеци по раѓање, а после на кравјо, значи и на тоа сум уште пред да знам дека син ми ќе има алергии, уште го превривам кравјото млеко), хигена (секојдневно чистење на прашина, миење на играчките, отстранување на теписи, венецијанки наместо завеси... антиалегиска постелнина, задолжително пеглање на сите негови алишта), пред да го изнесам надвор, сто пати ќе помислам да не е многу ладно, па дали вака или онака да го облечам, да не настине, изолирани сме од цел свет, ни гости дома, ни ние по гости, игротеки и др. колективни собирања максимално избегнуваме, непосетување на градинка (после секоја пневмонија останувал по неколку месеци дома, последниот пат остана 4 месеци дома од јануари до мај, јас си го чував, оттогаш оди релативно редовно, ако нешто малку е болен (не до степен на бронхит/пневмонија) останува недела дена, па пак тргнува, летото јули и август седеше дома, а од септември тргна во друга градинка целосно реновирана, пошто претходната беше стара градинка).

    Не сакам да се правам како еве прочитајте ме јас сум најдобра мајка, прочитајте што се' правам за мојот син!!! Криво ми е што правам се' како што ќе ми кажат стручните лица во прилог на подобро здавје на син ми, имам колку толку образование и знаење од областа на медицината, медицинска сестра дома што работи во областа на педијатријата и нашето смееш/ несмееш ова мама/баба не раѓаат со плод :worried:

    ЕДИТ и мојот син е бел (сирење) со светла коса, + генетските предиспозиции за атопија
    Го носев и јас во солена соба, ама не видов некое подобрување после 20те терапии, + д-р од Козле ни рече НЕ за солената соба :?:
     
    girl-miri likes this.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,359
    Likes Received:
    142,371
    Знам колку е фрустрирачки да се обидуваш со се, а да не раѓа со плод, ама ако има генетски предиспозиции, мислам дека ти останува само да се надеваш дека ќе се среди.

    А на што е алергичен и дали му ја утврдија алергијата со тестови на кожа или лабораториски? Мојов наводно имаше алергија на домашна прашина утврдена преку тестови со испитување на крвта на околу 2 години, за на околу 4 години да излезат истите тестови негативни. На тестовите на кожа не се појавуваше ништо, но без разлика, цело време беше болен. Како и да е, она што ми го кажаа е дека ако е алергичен на домашна прашина или други алергени што се внесуваат преку дишење, тогаш не би требало да има проблем со храна, па јадеше се, барем кога беше здрав.
     
    rainlover likes this.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Ми треба мислење за внуче.

    Има бронхитис и сунизитис. Пиеше антибиотици, сирупи, капки за нос, пастили за лижење. Мајка му му правеше чаеви, здрава храна, многу овошје.
    (На ништо не е алергично и генетски никој нема ваков случај)
    Терапијата му заврши пред 2 недели, а нема никакво подобрување. Многу кашла и носето му е затнато.
    Педијатарот рекла давај му домашни рецепти, нема веќе што да му препишувам...
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    969
    Likes Received:
    633
    ^Јас да сум ќе си барам упат за во Козле, како така 2 недели и нема подобрување, првиот пат (на 16 месеци) и кај нас немаше подобрување со терапијата, па после една недела на своја иницијатива го однесов во Козле.

    Ариел на 2,5 години му правевме алерготестови (кожни) во Систина дека во Козле после 3 години ги прават и на 4 години ги повторивме скроз истите резултати излегоа.
     
    Silver.E likes this.
  6. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2011
    Messages:
    1,487
    Likes Received:
    1,074
    Во врска со ова болдираново,Јас сум голем противник за давање живо јајце,дури и ако е малку недоварено никогаш не го јадам а не па на дете да му дадам одма го фрлам у канта,значи незамисливо нешто ми е живо јајце :puke:
    Ама од неколку жени слушнав дека многу помагало за исфрлање на шлаем и одма лечело бронхит,и си викам ај да прашам и тука на форумов за ова,секако дека јас не сум го направила,не ни планирам.
    А имам слушнато и за тоа со кромид,јаболко и оревче и за тоа викаат дека било ептен добро за бронхитис.

    Мојава еве сега е подобра,го испивме лекокларот пред една недела,бевме на контрола и д-р н и рече да продолжиме со салбутамол(вентолин) и здравје утре сме на контрола па ке видиме како е
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Прашував моја позната,ептен добар доктор, за сличен случај, и ми рече: Освен алергија (на казеин од млекото пример), може да е и длабоко вкоренета бактерија, било во нос или грло.
    Не се сеќавам како се викаше методот, ама требало да се земе брис од подлабоко, за да се утврди....секако не смеат да го остават така.

    Со направени тестови и состојба на атопичен дерматит, кај малиот твој не најдоа дека е алергичен на некоја состојка од млекото???

    Малиот на другарка моја во странство со месеци го лечеа од бронхит, му констатираат и почетна фаза на астма, за на крај да се свртат кон алергиите и да утврдат дека е алергичен на се` млечно. Исфрлија се` од секојдневната исхрана,и детево се оправи. Мислам, се оправи во смисла нема напади на кашлање и алергиски реакции се` додека по грешка не касне нешто.....мајка му сега веќе одма знае дека нешто забрането ставил в уста.

    Што е најтрагично - тоа дете немаше НИКАКВИ индикации дека некогаш би развил ваква тешка алергија на било што. Кравјо млеко почнал да прима од 16 месеци, до тогаш цицаше, а алергијата му се манифестира на скоро 2.5 мислам.

    Ист случај имам сега од близок, ќерка му (3год, со никаква историја на алергиски реакции) не престануваше да кашла од мај. Ја отруја со антибиотици, пак исто, за пред некој ден, на алерго тестот да им излезе дека е „малце“ алергична на казеин.

    Реинловер, јас одма би го исфрлила млекото, чисто како тест, минимум 2 недели, за да видам реакција...
     
    Silver.E likes this.
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    969
    Likes Received:
    633
    Моира мојот е тестиран на млеко, односно на сите нутритивни алергени на 18 месеци и не покажа алергија на никоја намирница. Кај мојот алергиите се предизивикани од инхалаторни алергени (прашина, мувли, полени, животински влакна). Тестиран е и за цистична фиброза кај д-р Фуштиќ, која само што го виде и преслуша кажа дека самиот негов развој покажува дека детето нема цистична фиброза, туку многу е очигледно дека е асматичар и сите понатамошни иследувања да ги прави специјалист пулмоалерголог како и дотогаш.

    Инаку за тоа брисот подлабоко што велиш е најверојатно трахеален брис (од душникот) и нас ни земаа на клиника кога испитувавме цистична фиброза, се вади со едно како цревце, поврзано со специјален апарат за таа намена кој го влече секретот од трахеата, ништо комплицирано и болно. Негативен беше брисот, како и сите останати брисеви од нос, грло, искашлок кој на син ми му се прават малтене секој месец. Значи никогаш досега не сме биле позитивни на некоја бактерија ни во нос, ни во грло, ни во трахеа, ни искашлок.
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Не сум доктор, не сакам да навлегувам во тие сфери и да давам безвезе и неиздржани предлози, ама и мојата на тестот на 10 месечна возраст не покажа алергија на НИШТО, а сепак реагираше на млекото. До толку, што HA адаптирано, го сменавме со Allergy Digestive Care, деца со тешки алергиски реакции го пијат тоа млеко, за да и` го намалиме појавувањето на атопичниот дерматит по телото.
    Докторката во Систина се чудеше на резултатот, малтене беше 100% сигурна дека ќе е алергична на млекото, со оглед на подобрувањата откако го сменавме, ама официјалните резултати кажуваа друго, па ја заведоа како „моментална нетолеранција“.

    И навистина беше моментална нетолеранција, денес може да јаде се` што содржи млечно, ама сепак млеко не и` давам....
     
    rainlover likes this.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,359
    Likes Received:
    142,371
    Rainlover, а зошто треба и на храна да внимава малиот?
    Јас немам врска со медицина, само се сеќавам дека во Козле ми кажуваа дека најчесто децата се алергични или на инхалаторни или на нутритивни алергени. Наводно, ако е алергичен само на инхалаторни, нема потреба да внимава на нутритивни. Сега излегува дека треба да се внимавва и на едното и на другото?
    Големо олеснување е ако треба само на едно да се внимава, затоа што и само на едното е доволно тешко, а на двете е многу потешко.

    Кога на син ми почнаа да му се повторуваат пневмониите многу често, почнав сама да му давам стандардна терапија - веднаш инхалација со вентолин 3 пати дневно и панцеф. Него само панцеф му помагаше. Тој отров скап, ама секогаш имав дома на залиха нерастворен, за не дај боже. И кога ќе го фатев на почеток, некако полесно му поминуваше. Исто така и тапкање од прв ден. Кај мојов најголем проблем беше тоа што не кашлаше, и никако не исфрлаше шлаем. Го тапкаа во Козле, кога порасна малку и на апаратите што тресат го ставаа, ама ништо не помагаше. Го слушаш дека врие, го тераш да кашла, а тој не сака ни да чуе. Кога порасна малку морав да почнам со уцени и награди - ако плукнеш шлаем ќе добиеш ова или нема да добиеш она. Методов не ми се допаѓа воопшто, ама функционираше.

    Многу се мачни алергиите и пневмониите. Мојов не одеше во градинка, и кога ќе ми кажеше ннекој дека морам да го праќам и дека сите се разболуваат, ми идеше да му удрам заушка. Има разлика од разболување до разблување.
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,821
    Likes Received:
    101,072
    Gender:
    Female
    Можам да напишам романи за моите патешествија по болницава во градов,и Козле.Кога ќе се соочите со алергии,ви преостанува да не наоружате со трпение,и да ги следите инструкциите на докторот.
    И јас ги порашував лекарите дали смеа да им давам јајца и мед,нивнит одговор беше ти можеш да даваш на твоја одговорност тоа не е наша препорака.
    Многу повеќе од сите лекарства за син ми спас беше морето.И тоа Јадранско.Одевме редовно 3 години и секоја година се случуваше да тој е се помалку болен.Значи не се излекува одеднаш туку постепено.И верувајте како расне се повеќе ќе стекнува отпорност спрема алергените.Тој беше алергичен на куќна прашина и на полен од коров.Ќерка ми, поучена од претходно искуство на време ја фативме,таа беше алергична на кравјо млеко.
    Гледајте претерајте ја зимава некако а на лето -на море.Само тоа е спасот.
     
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Јас го имав истиот проблем со синот. Бел, светла коса, бел тен, светли очи....алергичен на млеко, нон стоп со бронхити.
    Верувајте до 5 или 6 годии глава на кренавме, нон стоп по лекари и цело време со вентолин.Но вентолинот му пречи на срцето, прави тахикардија., Па гледав да го избегнам. Во солена соба не го носев, ми рекоа на море само. И на море одевме и пак иста песна.
    Некако како порасна така и имунитетот го стекна.
    Инаку порано одевме во Козле, но од кога д-р Баџакова се префрли во Систина, сега само во Систина одам, бидејќи само на неа и верувам.
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    1,329
    Likes Received:
    1,195
    Ние сме на море па пак бронхитис фаќа, нема врска тоа од прва рака ти кажувам
     
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Па затоа и викам, џабе и море и се. дур не порасна ништо не му помагаше
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,359
    Likes Received:
    142,371
    Нас морето мислам дека воопшто не ни помагаше. Секое лето беа на Јадранско барем месец и пол, некогаш и два, ама штом стапнеа во Скопје, пак стара песна. Малиот мој па и таму на нешто реагираше, беројатно на боровите, па ни таму не бевме раат.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,626
    Likes Received:
    161,407
    Мајки, а зошто не пробате алтернативно, хомеопатско лекување?
    Кај мали деца имам слушано доста успешни случаи на лечење на бронхити, алергии и асми со хомеопатски лекарства. Ако ви е страв одете со паралелна консултација, ама вреди да се испроба, особено ако при брисеви не ви утврдиле некакви бактерии.
     
  17. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Joined:
    Jun 23, 2010
    Messages:
    969
    Likes Received:
    633
    И ние секоја година сме на море по 10 - тина дена, ама кога и да се вратиме од одмор сме болни, така беше и летово.

    Патетични ми се тие со коментарите за градинките, разболувањата, демек се' тие поминале и знаат, па како тоа ние сме мислеле дека лесно било чувањето деца :fubar: Или ајде што чекате за второ :!: Па, ние со ова глава не можеме да кренеме 5 години од разболувања, а не пак за второ да мислиме. Да де, вие модерните мајки, што измислувате модерни болести (астми, алергии), па како ние сме чувале по 5-6 деца, ммм :tmi:
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,686
    Ариел женче, кој тоа ти кажал дека ако е алергично детето на инхалаторни, не може да е и на нутритивни алергени??
    Дете кое е „склоно“ на алергии, склоно е на СЕКАКВИ алергии. Имам мал милион примери во моментов за тоа, што од мали деца, што од возрасни - луѓе кои киваат од полен/мувла/мов, а отекуваат и откако ќе каснат мед или ореви.

    Штом знаете дека детето е веќе алергично на нешто, било што, тогаш се` друго е исто така во игра, и треба да се пази. Јас лично правев „тестови“ преку диета, така утврдив на што ми реагира детето зошто резултатите беа ОДЛИЧНИ, а реалноста поразителна....

    И да дополнам - копривата била јак природен антихистамин, давајте чај
     
    rainlover likes this.
  19. captivating

    captivating Истакнат член

    Joined:
    Jul 10, 2013
    Messages:
    865
    Likes Received:
    476
    Да споделам со вас еден рецепт за лекување на бронкит. Ми го кажа една медицинска сестра.
    Една шака лушпи од кромид (тоа сувата лушпа од надвор што е)
    Прстофат од внатрешната мембрана на оревите (тоа што го дели оревот внатре како прегради) (Или лушпи од 4-5 ореви.
    Се вари убаво и при крај се додаваат 2 јаболка исецкани.
    Се става мед кога се пие.
    Ова би требало значително да помогне.
    Се надевам ви помогнав
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,359
    Likes Received:
    142,371
    Во Козле така ми имаа кажано. Не дека ако е алергично на инхалативни, нема шанси да биде и на нутритивни, ама дека најчесто е само на едните. Ова се разбира поткрепено со алерготестови. Муабетот беше во насока на тоа дека ако веќе некои работи му се забранети со самото тоа што е алергичен на инхалативни, нема потреба дополнително да се оптоварува со забрана за некоја храна.

    Што е право, таму исто така ми кажаа дека алергија не се губи, ако еднаш ја имаш, ќе ја имаш засекогаш. Мојов прво излезе дека има алергија, па по две години дека нема. И многу му се подобри здравјето во меѓувреме, иако не знам на што се должи тоа.