1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бројаници

Дискусија во 'Религија' започната од rossonerka, 28 јули 2011.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    прочитав погоре дека секоја боја има свое значење, а знае ли некој што значење има секоја боја нека пише баш ме интересира :)
     
  2. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Јас некогаш ќе ги читам сите мислења (како сега) и не сум прочитала за боите,бистина знае некој која боја што значи(или така некако :lol: ) Поздрав
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Девојки, некои викаат скинатите бројаници да се остават во црква, некои дека се чуваат, а јас стварно не знам што е правилно :?: Знае некоја? На брат ми му се скина, па не знае дали да ја носи сеуште, си ја стави во паричникот :)
     
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Носам ваква само црна и нема ваков крст,туку е од истиот конец како целата бројаница,ми ја направи дечкото и ми е многу драга(дечко ми има врска со богословија). Баш го прашав за тоа што викаат не ја вадете никогаш додека сама не се скине,ми рече нема врска,само не ја вади зошто ќе ти се рашири не за друго и кога ј апружив десната рака ми рече не на таа туку на левата.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Носев едно време црна бројаница, ми ја купи мајка ми од Св. Наум од Охрид. Тогаш разбрав дека требало да се замисли желба и кога ќе ти се скинела бројаницата - ќе ти се исполнела желбата.
    Јас ја носев неколку години и искрено заборавив што сум замислила :lol:
    Гледам дека сега повеќе ги носат поради тренд, испонаредени на раце во најразлични бои.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Само еднаш во животот имам носено бројаница, ми ја купи другарка ми, многу изненадно за време на екскурзија во средно, од св. Јован Бигорски.
    Јас си замислив желба, си ја стокмив на рачето и не ја извадив, се додека самата не се скина.
    Желбата не се исполни инаку, до ден денешен. :(

    Ја носев постојано, се бањав дури и со неа и да бидам искрена, последните месеци мирисаше некако чудна :^) , зашто мислам дека беше од некаква волна направена.
    Би носела повторно доколку ми подари некој, зошто да не. Убави ми се, навистина.
    Но, не би замислувала желба овојпат.
    По се изгледа не е магичен талисман бројаницава.
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    баба ми мене ми купи од битола, ама не бројачница алка со икончиња, и си замислуваш желба, ја носев и желбата се исполни :D
    A верувајте нереална желба посакав :D

    а бројачници имам носено, ама не сум дочекувала да се кинат, сум ги вадела :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Јас пред некоја година носев бројаница која ми ја купи мајка ми од црквата од Лешок мислам.
    Си замислив желба, и секако не ми се исполни или можеби ја заборавив желбата :^) . Како што кажа Трендафилка и јас се бањав со неа и за некое време замириса. Потоа ја тргнав.
    Мајка ми пред еден месец ми купи друга. Е оваа не е од таков материјал како предходната, и си ја носам.И немам замислено желба пошто нон стоп ја тргам.
     
  9. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Имам бројаница која ми ја купи сестра ми и ја носам веќе 8 години од почетокот и мојата добиваше некоја грозна миризба, но, нонстоп ја миев со течни сапуни, се и свашта, но сеуште ја немам тргнато од рака, а дали имам замислено желба кога сум ја ставила, немам поима тоа е пред многу време, а сигурно и желбата не била некоја кој знае што :D зошто тогаш сум била 4 одд :D :D
     
  10. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Јас имам 3 на левата рака. Ми се имаат скинато 2-3 но јас ги купувам секој пат кога одам во Св. Наум
    И секогаш тој попот ми дава уште нешто, на пример ланче, друга алка.. Неможам да си го објаснам ова :x многу ми е чудно..
    Иначе никогаш не ги вадам. Кога бев помала, кога ќе ми се скинеа ме пукаше несреќа тој ден и цел ден плачев кога ќе ми се скине алката. Но сега не, се чуствувам многу сигурно со бројанициве и редовно си ги бацувам крстовите :)
     
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас носам една алка, на десната рака. Црна. Втора ми е по ред. Мајка ми ми ја купи оваа. Инаку и двете ми се купени од црква. Уште од поодамна носам.. Првата алка околу 3-4 години ја носев. И оваа сега ја носам неколку години. Незнам точно колку. Првата ми се скина, и ми стои пред икона.
     
  12. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Мислам дека оваа што сега ја носам ми е трета, првата ми беше подарок, втората јас си ја купив од манастирот Св. Јован Бигорски и беше пластична за малку ке ми се скинеше а не сакав да ја изгубам па ја извадив и ја чувам, а оваа што сега ја носам ми е подарок и не сум сигурна дали има точно година од лани овој период од прилика ми е, црна е. Не се сеќавам дали си замислив желба, ама како и да е ја носам.
     
  13. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Немам уште бројаница :| а толку време си викам да си земам :fubar: пак не ми текнало
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    порано носев, но почна многу да ми се исфрла раката од нив, и повеќе неносам, а баш ги сакам
     
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Бројаници носам откако знам за себе. Првата се сеќавам, ми беше подарена од калуѓерката во манастирот во Крива Паланка. Беше црвена, а имаше црвено крукче наместо крст. Сепак, многу си ја сакав, таа ми беше мојата среќа. Се сеќавам, секогаш кога ми се случуваше нешто лошо со десната рака си стискав едно делче (отсекогаш ми стои на левата рака). Таа бројаница ја носев околу 7/8 години. Ми се валкаше, ама пошто се бањав со неа пак ми остануваше свежа. Потоа од манстирчето во Вељуса баба ми ми купи сребрена со крстче. Арно ама, ми беше мала. Не можев да ја протнам преку дланката. Ја чував завиена во кесенцето со коешто беше купена.
    Следната ми е една бројаница од истиот манастир во Вељуса, розева ми е (циклама) и крстче. Многу си ја сакам и нон-стоп си ја носам. Не дека ја имам на мене како украс или за да ми личи, туку заради тоа што ми вградува верба. Што знам. Инаку, со неа се бањам, гледам крстчето ми потемнело малце од водата, ама барем самата боја (циклама) на бројаницата ми останува свежа.
    Кога не носам бројаница чувствувам дека нешто ми фали.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Бројаници носев до скоро време, од пред едно 6-7 години ,али раката ми се нафрлуваше со последната ,и некако ми се прошири тоа на поголемиот дел од раката и ја извадив, а ја носев затоа што ми беше убаво кога ја носев секогаш кога и да имав потешкотии сеи ја провртував во раката,и некако се смирував,не знам можеби самото чувство дека е бројаница или шо и да е ме смируваше
     
  17. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Бројаница носам :) црна оваа ми е трета по ред што ја имам :)
     
  18. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Носев две црни бројаници на левата рака (бидејќи на десната носам златна белегзија).
    Едната ја носев 3 години,ми беше купена од манастирот во с.Трново..Оваа бројаница не беше ни скината ни ништо,како што ја купив така стоеше на мене и ми носеше среќа.Еден ден кога дечко ми заминуваше од градот на неколку дено (бидејќи имаше работа) ми ја побара да ја носи,бидејќи сакал да ја има мојата среќа и така ќе ме чуствувал поблиску до него.Јас никогаш не би ја дала таа бројаница,но неможев да го одбијам,и сега тој си ја носи таа.А другава ми е купена пред една година,си ја купив од Крушево :)
     
  19. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Tриесет и три молитви за триесет и трите јазли на бројаницата


    01. Спомни, Господи, за мир во светот.
    02. Господи, Исусе Христе, помилуј ја Црквата наша и нашето Православие.
    03. Господи, Исусе Христе, помилуј го Епископот наш и неговото братство.
    04. Господи, Исусе Христе, помилуј ги, низ целата Земја, Православните клирици и лаици.
    05. Господи, Исусе Христе, помилуј го нашиот Духовник и отец и неговото братство.
    06. Господи, Исусе Христе, помилуј ја нашата војска и безбедносните служби.
    07. Господи, Исусе Христе, помилуј ги началниците на нашиот народ.
    08. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои нè мразат, нè љубат и кои се молат за нас.
    09. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите родители, добродетели и учители.
    10. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите по тело и по дух браќа и сестри и роднини.
    11. Господи, Исусе Христе, помилуј ги старите и осамените луѓе.
    12. Господи, Исусе Христе, помилуј ги новороденчињата, незаштитените и слабите.
    13. Господи, Исусе Христе, помилуј ги децата кои учат.
    14. Господи, Исусе Христе, помилуј ги младите момчиња и девојки.
    15. Господи, Исусе Христе, помилуј ги наркоманите, алкохоличарите и пушачите.
    16. Господи, Исусе Христе, помилуј ги сопружниците на Православните семејства.
    17. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите бремени сестри.
    18. Господи, Исусе Христе, помилуј ги вдовиците и сираците.
    19. Господи, Исусе Христе, помилуј ги разделените сопружници и нашите браќа и сестри во
    искушение.
    20. Господи, Исусе Христе, помилуј ги болните по тело и по душа.
    21. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои се трудат и работат во светите манастири и
    парохии.
    22. Господи, Исусе Христе, помилуј ги благочестивите поклоници во светите манастири и
    цркви.
    23. Господи, Исусе Христе, помилуј ги оние кои пловат, патуваат, летаат, затворениците и
    очајаните.
    24. Господи, Исусе Христе, помилуј ги нашите ожалостени браќа.
    25. Господи, Исусе Христе, помилуј ги судиите и политичарите.
    26. Господи, Исусе Христе, помилуј ги опрелестените и оние кои го хулат светото
    Православие.
    27. Господи, Исусе Христе, помилуј нè и дај ни време мирно.
    28. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од болест, гнев, опасност и просвети ги лекарите и
    болничарите.
    29. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од глад, нужда и несреќа.
    30. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од жештина, пожари и земјотреси.
    31. Господи, Исусе Христе, сочувај нè од поплави, тонење и мраз.
    32. Господи, Исусе Христе, упокој ги и душите на отците, мајките, браќата и сестрите,
    роднините, дедовците и прадедовците наши.
    33. Господи, Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот.
     
    На ReinaDeCielo, fificaaa, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Page многу добар пост. Браво. :clap:

    Јас носам веке неколку години, ама променував, не истата.
    Носам на левата рака (така ми е позгодно) и ја користам за молитва, најмалце еднаш на ден - наутро.