1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бројаници

Дискусија во 'Религија' започната од rossonerka, 28 јули 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Имав една бројаница на лева рака, па после една година носење ми се скина, тоа што ми остана долго време го чував ставено покрај икончиња од Богородица што ги имаме дома(си имаме во дневна едно место кај што чуваме икончиња и украси од Исус и Богородица)
    Сега имам две на левата рака една црна и една кремава кон златеста некоја боја измеѓу. Некои викаат не чинело две да се носат, требало три, а зошто не знам.
    Двете ми се купени од манастир, а првата таа што ми се скина ја имав купено кога бев на екскурзија во Охрид мислам од една тезга, не беше светена, па ете и побрзо ми се скина, а овие ги носам добри 3 години и само малку крвчето е исцрнето, друго ништо им се нема сменето.
    Ми даваат некоја сигурност и надеж, често пати кога ми е тешко или сум во некоја дилема знам да си фатам едно топче од бројаницата и да си се помолам во себе.
     
  2. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Постојано носам бројаница... уште како знам за мене во моментот носам една бела на левата рака и ми ја бодари мајка ми пред 1 година од Св.Петка од Скопје и мислам дека нема да се скине уште долго време, пред тоа имав една црна ама се скина а пред тоа црвена.... :)
     
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Како помала си купив сама една од екскурзија од Охрид мислам.Ма незнам ни дали ми е и од таму,појма немам од кај ми е.Ич не ми текинат.
    Е носев догло време,6-7 месеци мислам.Ама цела рака ми се нафрли со мозолчиња,и мораше да е извадам.
    Сега пред две три години вујче ми купи и мене и на брат ми од тезга покрај манстир и ни ги поклони.
    Ама незнам дали да ја носам пошто ми е од тезга.А сакам да носам,многу.
    Иначе на која рака е правилно да се носит на десна или на лева? :?:
     
  4. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Мене ми имаат кажано дека се носи на лева.Инаку и јас си носам една, од Манастирот Св Ѓорѓи Победоносец во Рајчица.
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    ^
    Првиот пат кога носев е носев на лева,ама почнав да ги гледам повеќето е носат на десна :\
    И сега си се чудам. :D
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.304
    Допаѓања:
    16.751
    Имам дома ама не ги носам, пошо ми миришат гадно. Обично кога идам по екскурзии купувам и на десна рака си ги ставам. Вас ви мириса ли на нешто гадно по одреден преиод носење? :?:
     
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Си носам бројаница.Кога бев помала во разни бои а сега сакам само црна. Сама си ја правев и ја носев во црква да ми ја просветат со молитви
     
    На ReinaDeCielo и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. M.arija

    M.arija Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    268
    Носам три бројаници на левата рака и никако не сум ги извадила само едната ми има излезено неколку пати бидејќи ми беше голема но сега ми е супер ;)
     
  9. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Имам носено еднаш и ми се скина. Оттогаш немам купено.
     
  10. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    ја 1-2 години си ја носам и бојава ми е црна а иначе на лева рака ја носам ...и не само бројаници и други белези пак ја носам лева рака затоа што сум навикната ...:/ :D ;)
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Првата бројаница што ја носев, ми се скина па потоа си купив нова а добив и една поклон. Двете ги носам на левата рака. Секој чвор во бројаницата значи една молитва и е составена од 33 чворови баш колку што имал години Христос кога починал. Ми значат, ги носам веќе 4 години и фала Богу не се скинале, а доколку се скинат веднаш ќе си купам нови.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Имав две бројаници, сега имам една бела, ја чувам, од црква е земена, многу ми е драга, посебна некако.Не ја носам често, за да не се оштети.Не дека, дури и да се оштети, нема да купам друга бројаница, но сепак ја чувам.
     
  13. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Имам 2 бројаници.Едната е бела а другата е црвена
    Ама ретко ги носам од манастир ми се и ги чувам дома
     
  14. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки

    првото нешто со кое почнав во Христовата наука бе всушност тие, многу сакав да научам да ги изработувам и тоа го постигнав и усовршив и тоа многу... Ако ти се скинат, а ти се толку мили залепи ги на оган, конецот со кој ги плетиме јазлите е таков се топи и се лепи. позззззз
     
    На ReinaDeCielo, Mishela и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Бројаница никогаш не сум носела,и нема ни да носам.Верувам во Господ,во Исус.Имам видено и луѓе кои што не веруваат во Господ,а носат.Пример,една моја соученичка наредила на рака 3-4,бели,црни,жолти...И ' викам што си ставила волку бројаници,и ми вика дома имала десетина,и си ги менувала според облеката |( .Ако веруваш во Исус и Господ,нема потреба да го покажуваш тоа преку бројаници,алки и ланчиња со икони итн.Доволно е да веруваш длабоко во себе во нив.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали ќе сакаш да ни објасниш која е поврзаноста на Христовата наука со бројаниците? Благодарам.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Мене ми се скина бројаницата, омилена ми беше и си ја носев неколку години. :sweat:
    Што треба да се прави со уништената бројаница? Имам слушано најразлични верзии, па затоа прашувам и овде, да ми одговори некоја ако знае.
    Ми рекоа дека требало некој да ми купи нова бројаничка, да не сум си купела сама. И зошто, ако е така!? :^)
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Кога станува збор за суеверија, луѓето обично прашуваат што да направат, како да направат, кога да направат, но не и ЗОШТО да направат. Прашањето „Зошто“ е супер прашање и одлика на луѓето што размислуваат, што се интересираат, што сакаат да ги прават работите со причина, со смисла, а не само „ради реда“. Но ова прашање е некако неочекувано кога се поставува за суеверијата. Впрочем, кога би се одговориле сите „зошто“ кај суеверијата, тие не би биле повеќе суеверија. Токму недостигот на „затоа“ е она што ги прави суеверијата суеверија.
    Така на пример ако прашаш зошто ќе ме следи несреќа ако црна мачка ми го пресече патот, тешко дека некој ќе ти даде разумно и логично објаснување. Или ако прашаш зошто поминувањето под онаа бандера во облик на буквата „А“ носи несреќа, или зошто фрлањето паричка во фонтана носи среќа, зошто бројот 13 некои веруваат дека е несреќен број, зошто скршеното огледало наводно носи 7 години несреќа, зошто ако те чеша десната рака ќе земеш пари, а левата ќе дадеш пари итн. Сум прашал неколку зошто го прават тоа, но скоро сите ми одговориле вака од прилика: „НЕ ЗНАМ, едноставно така ми рекле, можеби нема врска, ама се плашам дека ако не направам така, дека ќе ме снајде нешто лошо“.
    Значи обично во позадината на суеверијата е стравот, стравот од непознатото, мистицизам, некритичко размислување, безрезервно следење на етнолошки традиции итн.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Наидов на секакви „бисери“ од типот кој го опиша, па затоа и се заинтересирав од каде ова дека мора да се изгори во црква каде се гореле светите работи (?) или мора да се направи тоа и тоа.
    Колку повеќе прашував, толку повеќе ме збунија и најверојатно ќе си ја чувам, не ми се фрла, многу ми е драга. :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Молитвата кажана со помош на бројаниците е еден од нај­старите начини на молење, што посебно го негуваат православните монаси. Бројаниците имаат свое значење. Обично, тие се прават во црна боја, па на таков начин нè потсетуваат на сериозниот живот и постојаното покајание за нашите гревови. Тие се прават од чиста овча волна, што нè потсетува дека сме словесни (разумни) овци на Добриот Пастир, Господ Исус Хрис­тос, Кој, и Самиот како Јагне Господово пострада заради нас и нè избави од вечната смрt.
    Тоа не е нешто догматско, но е влезено во црковниот живот, не во библискиот туку во црковниот........
    тоа е пракса, света реликвија или како сакаш кажи го тоа, за нас православните тоа нешто СВЕТО
     
    На Bitter-Sweet, Orthophill, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.