1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бројаници

Дискусија во 'Религија' започната од rossonerka, 28 јули 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ок, те разбирам. Но зарем не е тогаш подобро да речеш:
    првото нешто со кое почнав во монашката наука бе всушност тие...“?
    Бидејќи ако велиш како што пиша:
    првото нешто со кое почнав во Христовата наука бе всушност тие“,
    некој неупатен во Христовата наука може да си помисли дека Христос поучувал за правење бројаници, молење со бројаници и сл. и на тој начин да биде непотребно дезинформиран.
     
  2. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Постои едно старо предание, според кое некаде околу четвртиот век по Христа, еден монах сакал да направи волнени бројаници за да ги брои своите молитви, но ѓаволот постојано му ги расплетувал јазлите што тој ќе ги сплетел. Откако усрдно се молел, бидејќи демоните го попречувале и не можел да го извршува своето молитвено правило, му се јавил ангел Господов и му ја открил вештината на плетењето бројаници. Тој го научил монахот да плете јазол што се состои од седум вплетени крста, односно секој јазол се состои од седум крсто¬видни внатрешни мали јазли. Тоа е еден од најсложените јазли што воопшто постои. Ваквите бројаници ни ѓаволот не може да ги расплете.
    Бројаниците имаат симболичен карактер. Нивната боја е црна, што упатува на потребата од постојано покајание. Сепак, во денешно време, бројаниците можат да бидат во најразлични бои. Се плетат од свиленкаст конец или од чиста овча волна, како сеќавање дека сме словесни овци на Добриот Пастир Господ Исус Христос, Кој, како Јагне Господово, пострадал за нас и нé избавил од вечната смрт. Малите бројаници имаат 33 (триесет и три) јазли. Има и поголеми бројаници со 50, 100 или 300 и повеќе јазли.
    Добро е молитвата да се кажува редовно, во одредено време на денот, наутро и навечер. Тоа помага умот полесно и побрзо да се концентрира на зборовите од молитвата. Можеме да се молиме секогаш и насекаде, а тоа да не го знае никој друг освен нашиот Господ на Кого и Му се молиме. Молитвата треба да се извршува во покајание и смирение, „во тајната одаја на срцето„ ...
    Оттаму, драги верници, бројаницата има молитвено значење и не треба да биде само „украс„ на раката, туку молитвен меч за прогонување на нечистите сили.
     
    На ReinaDeCielo, Bitter-Sweet, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Имам 2 бројаници, едната ми е црна и стално си ја носам на раката, а другата ми е во повеќе бои и не ја носам толку често, и двете ми се многу си ги сакам и си ги пазам :)
     
  4. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Кога бев во една црква во Охрид запознав еден мн добар монарх и онака почнавме да разговараме за бројаниците дека имам две и една другарка ми иаше кажано дека треба да имаш непарен број и тојми каж дека тоа го измислил народот и декаа не е точно и дека не се носат за мода туку тие имаат значење...тие ги означуваат годините на Исус и служат за мо литва и кога сакаш да се помолиш велиш ,,Господи Исусе Христе помилуј ме...,, и ја продолжуваш со свои зборови пр. ,,дај ми здравје, срека...,, на молотвата има и продолување ама е дола и не ја знам...
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Јас имам бројаница со проѕирни пластични крукчиња и си ја купив кога бев на екскурзија во 6то одд од Црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ - Охрид и машала се уште ми трае :)
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ми падна во очи овој дел од она што ти го кажал монахот „тој ми кажа дека тоа го измислил народот и дека не е точно“.
    Ова е вистина, но тоа е полувистина. Целосната вистина е дека се што е поврзано со бројаниците, па дури и самите бројаници се измислени од народот. Бројаницата како концепт веројатно води корени од источните религии (будизмот, хиндуизмот). Монаштвото во будизмот поттекнува од 5 век пред да се роди Исус, а потоа се пренесува во христијанството после 2-3 век, само во малку изменета форма. Не знам точно кога се појавуваат бројаниците во монаштвото, но сигурно е со векови подоцна. Таа доаѓа како замена на будистичкото мантрање при медитацијата.
    Имено мантрањето всушност е постојано повторување на одредени зборови, фокусирање на нив со вера дека со нивното повторување се добива некаков ефект.
    Оној што се моли со бројаницата прави нешто многу слично. Поминувајќи со палецот покрај секој чвор тој/таа изговара кратка молитва и истата ја повторува онолку пати колку што има чворови бројаницата. После некое време, заради повторувањето на едни исти зборови, човечкиот мозок ја исклучува свесноста за повторувањето на зборовите (така работи мозокот за се, како што на пример не размислуваме за нашите чекори кога одиме) и ние се занесуваме дека се молиме, а всушност мантраме и механички повторуваме одредени зборови.

    Наспроти ова Господ Исус Христос не поучува да не повторуваме напразно едни исти зборови:

    „А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови.“ (Исус Христос, ев. Матеј 6:7, Библијата)
     
    На A-j-a, elisabeta и daylight им се допаѓа ова.
  7. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    ^Ти благодарам што ме поправи, можеби јас погрешно сум разбрала, сепак да те прашам дали е важно коллку бројаници носиш на раката дали треба да имаш парен или непарен број?
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Значи, како што кажав, бројаниците воопшто не се христијанска работа, туку паганска работа. Вистинските христијани не користат бројаници при молењето кон Бог, туку му се молат на Бог искрено, директно, без напразни повторувања молитви т.е. без мантрање со бројаници.
     
  9. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Бројаницата служи како помошно средство при молитвата.Секако повторувањето на молитвата не треба да биде напразно, без внимание, туку со големо внимание и усредотучување на молитвените зборови кои ги изговараме. Кога се држи бројаницата на секој чвор се изговара една молитва со концентрација, и ако ни избега мислата пак треба да се вратиме, да не одиме на следниот чвор додека не ја кажеме молитвата како што треба. Ете, затоа бројаницата е доста добро помошно средство при нашите молитви.
     
    На eticka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас имам една зелена бројаница, а сум слушнала дека секоја бројаница си има свое значење. На пример црвената бројаница е за среќа во љубов, златната за среќа во пари итн.. А зелената за што е?
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Имам 3 бројаници кои не ги вадам никогаш од мене,секогаш кога ги носам се чуствувамн мирно и спокојно :)
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали тоа значи дека твојот мир и спокој ти зависи нив?
    Која е разликата меѓу твоите бројаници и оној суеверен човек што има на ланчето некоја амајлија што верува дека му носи среќа или дека го штити од несреќи?
     
    На kjukli и Hipica им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Според црковното предание, значењето на боите е следно:
    -Бела - чистота
    -Црна - покајание
    -Сина - човечка природа
    -Црвена - Божја природа и воскресение
    -Жолта и златна - светост
    -Зелена - бојата на Светиот Дух
    -Лилјакова (порфирна) - царска

    Бројаницата од која и да е боја, ниту сама по себе носи ни љубов, ни пари, ни ум, ни знаење. Бог ги дава сите овие работи, а за тоа е потребно МОЛИТВА. Бројниците за тоа се користат, како помошно средство при молењето, за броење на молитви. За жал денеска бројниците ни служат за се` и сешто(разни суеверија, декорации) освен за она што се наменети.
     
    На sonuvana, Mishela, Witchman и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Значи од сите 8 страници на темава освен еден пост кој релативно добро ја има опишано фунцијата на бројаните сите останати ја имаат заради имиџ и ја носат исполнети со суеверие во нив...значи прво не е алка како што некои ја викаат туку Бројаница и служи за Исусовата молитва која звучи вака - Исусе Христе помилуј ме мене грешниот/та - и така на секој чвор се повторува..и тоа може да трае онолку колку имаш потреба...значи во секое слободно време, во време кога сте вознемирени од некоја личност која ве вознемирила и духовно ве исцрпела, ја вадите бројанницата и го повторувате во себе...секогаш и во секое време, навечер, во автобус, реков кога ке се осетите возбудени и вознемирени и наместо да се карате и расправате со личноста, се повлекувате и се смирувате со бројаницата.....Ова го кажувам од предавањата на веронаука....
     
    На Orthophill и Moonglow им се допаѓа ова.
  15. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    113
    Мене ме интереира на која рака се носи бројаница? Некои ја носат на лева, некои на десна? Па ме збунува сетоа тоа
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Од практични причини на/во левата рака. Бидејќи дури се молиме десната рака пожелно е да ни е слободна за слободно да се крстиме.
     
    На Bitter-Sweet и valery15 им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Можеби е суеверно за тебе,секој си има свое право да носи што сака,на пример за мене е суеверно носење на обичен привезок или амајлија за среќа,ама носење на крст или бројаница или друг свет предмет,не го носам за да се покажувам,ни па суеверие ми е,си го носам за спокојство и бидејќи си ја почитувам и сакам верата,грешник сум ,не сум совршена,ама одкако знам за себе си носам по некој свет предмет на рака;)

    Едит:Имам многу бројаници во црна боја,купувани ми се од Цркви низ Битола,една имам од Бигорски манастир и една од Манастирот Св Василиј Острошки:)
     
    На 2212 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Бројаниците, служат за молење со Исусовата молитва, „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме гршниот“ и се врти по еден јазол молејќи се.
     
  19. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Сега моментално носам црна бројаница. Иначе имам приметено дека со секоја нова бројаница, кога ќе замислам желба, ми се исполнува.:?:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    17.203
    До сега ми се скинале две бројаници, моментално ја носам третата. Се навикнав со нив и кога не носам се чуствувам како нешто да ми фали. Често знам да се помолам и да го бакнам крстот на бројаницата. Ми дава некој спокој.
     
    На LittlePinky и Rama им се допаѓа ова.